Вучиќ: Македонија е подготвена да влезе во иницијативата „Појас и пат" за изградба на брзата пруга Атина-Скопје-Белград

Пред неколку дена разговарав со премиерот на Македонија, Зоран Зајев и тој кажа дека неговата земја е подготвена да се приклучи на иницијативата, рече Вучиќ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со грчкиот претседател Прокопис Павлпулос во Атина изјави дека на средбата е разговарано и за подобрувањето на транспортните врски меѓу двете држави во рамки на кинеската иницијатива „Појас и пат", за што имал и телефонски разговор со премиерот Зоран Заев.

– Пред неколку дена разговарав со премиерот на Македонија, Зоран Зајев и тој кажа дека неговата земја е подготвена да се приклучи на иницијативата, рече Вучиќ.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, тој на новинарите по средбата им посочи дека Грција има одлична пруга од Атина до Солун, но дека останал дел од Солун до Северна Македонија.

-Железничката пруга низ Северна Македонија е еднонасочна, тоа би требало да се промени. Мораме да промениме сè и да изградиме сè и подготвени сме да влеземе во тој аранжман во рамките на „Појас и пат". Разговаравме со нашите грчки пријатели затоа што мислиме дека тие со ова би добиеле многу поголем број на туристи, изјави Вучиќ.

Изградбата на брзата пруга, како што наведе, од Белград до Ниш со возови што одат 200 километри на час, потоа од Ниш до границата со Северна Македонија, каде одат од 120 до 160 километри на час, би значело побрзо да се стигне до Халкидики и Солун.

-Да не спомнувам колку е важно ова за товарниот сообраќај и колку може да се извезе од пристаништето Пиреја до Белград, Будимпешта и Виена во цела Централна Европа. Мора тоа да го сториме заради нашиот инвестициски план, кој планираме да го претставиме и предложиме, изјави српскиот претседател, а за ова тема, како што најави ќе разговаара и утре со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

На прашањето како Атина ја гледа иницијативата „мал Шенген" со Северна Македонија и Албанија, Вучиќ кажа дека „не мисли дека Грција се меша во тоа, затоа што тој пазар е мал за нив".

-За нив тоа е премалку, тие имаат поголеми цели, но можат да покажат почит и јас им се заблагодарувам за тоа, рече Вучиќ.

Во врска со кинеското влијание во регионот, Вучиќ кажа дека „ако за никого не е проблем тоа што во Хрватска, земја членка на ЕУ, Кинезите го градат мостот „Пељешац", зошто е проблем кога Кинезите работат и градат во Србија", прашал српскиот претседател, откако разговарал со неговиот грчки колега Павлопулос, чиј принцип на почитување на меѓународното право и националните интереси, го разбира целосно, додавајќи дека „никогаш не се случило во Србија да се добијат европски пари, па Кинезите да градат, како што беше случај со мостот „Пељешац" во Хрватска.

Говорејќи за односите со Грција, Вучиќ рече дека Грците и Србите традиционално се сакаат меѓусебно, но сега треба да се стори повеќе за да се подобри соработката, како и дека Белград ќе ја има грчката подршка на патот на евроинтеграциите.о

Маж прави акробации со бебе - сите се шокирани: Ти требаат часови по родителство (ВИДЕО)

На социјалните мрежи кружи видео на кое маж, наводно таткото, прави „акробации“ со бебе, држејќи го за нозе и раце.

Бројни корисници на Инстаграм и Твитер жестоко ја критикуваа сцената, а лекарите предупредија на можни последици, пишува Daily Mail.

Во видеото кое трае 35 секунди, го гледаме мажот како го ниша бебето напред-назад, над главата и меѓу нозете, а луѓето истакнаа дека тоа претставува „опасност не само за неговите зглобови, туку и за мозокот“.

Видеото е придружено со порака „врска меѓу татко и дете“, но многу корисници беа вознемирени од сцената, што е јасно од нивните коментари.

Д-р Стјуарт Фишер, лекар по интерна медицина и поранешен педијатар во одделот за итни случаи, исто така реагира:

„Мислам дека е морално и легално да се направи КАТ скен или МРИ, што можеби нема да покаже микроскопски повреди на мозокот.

Експертите предупредуваат дека овој тип на игра потенцијално може да доведе до синдром на потресено бебе, бидејќи мозокот на таа возраст е исклучително подложен на повреди.

Дополнително, кревањето на бебето за раце или нозе, без поддршка за грбот, може да доведе до исчашување на зглобовите.

Останува нејасно колку е старо бебето, но се верува дека има околу една година.

„Ова е ментална болест и каква, дали е важно? Ова може да се смета за кривично дело. Тој не разбира каква скапоцена дарба има. Му треба, во најмала рака, долготрајна инструкција и советување“, заклучи др. Стјуарт Фишер.

Корисниците го критикуваа и однесувањето на човекот, со илјадници коментари на мрежите.

„Ова не може да биде легално.Кутрото дете“, „Ти требаат часови за родителство. Ова е толку ужасно“, гласеа некои од пораките.

Од друга страна, поединци тврдат дека родителите така си играле со нив без да имаат никакви (здравствени) проблеми.

Се огласи на Твитер тренерот на познатиот УФЦ борец Конор Мек Грегор. Тој го сподели видеото и коментира:

„Каква глупост. Дури и да сфатите погрешно еднаш во 1.000 пати, тоа е трауматска повреда плус потрес на мозокот. Колку луѓе ќе го повторат ова за неколку лајкови и ќе го повредат своето дете? Можеби не требаше да споделам. Не правете го ова“, напиша Џон Кафеа.

Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Не се откажуваат, МЗ турка реновирање на операциски сали

Не се откажуваат до последно, повторен обид на министерството за здравство да протурка реновирање на операциски сали и фаворизира одредени фирми

Министерството за здравство повторно ја објавува постапката за јавна набавка на проектирање и изведба на реконструкција и реновирање на операциски сали, нивни пред простории и ходници со машински соби во УКЦ Мајка Тереза - хируршки клиники по принципот „клуч на рака“.

Истата пред само месец и половина Државната комисија за жалби по јавни набавки ја поништи од причина што Министерството за здравство изготвило тендерската документација која не е во согласност со Законот за јавни набавки и истата доведува до дискриминација на економските оператори и ограничување на пазарната конкуренција.

Повторената постапка објавена е на ден 24.04.2024 година, неработен ден прогласен со одлука на Влада поради одржување на прв круг претседателски избори.

Во тендерската документација за економска способност на економските оператори се бара минимум 550.000.000 денари со ДДВ вкупен приход во последните три години за секоја година поединечно.

Ова е целосно неосновано.

Прво, затоа што во финансиските извештаи приходот се искажува без ДДВ (ДДВ-то е обврска на друштвото да го плати спрема државата).

Второ, зошто не е објавена проценетата вредност на набавката за да може да се утврди дали овој услов е согласно Законот за јавни набавки? (Според Законот за јавни набавки - Договорниот орган не смее да бара минималниот годишен приход да изнесува двојно повеќе од проценетата вредност на набавката), објави на фб Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Дафина Стојаноска: Мора да бидеме гласни, за да не станеме невидливи

Дафина Стојаноска синоќа на митинзите во Гостивар и Тетово порача:

Мора да почнеме поинаку да функционираме и да не молчиме пред неправдите. Мора да се обелоденуваат сите криминали и скандали. Мора да бидеме гласни, за да не станеме невидливи. Криминалот е тој кој треба да биде замолчен. Доста е!

На 8-ми мај народот доаѓа по своето, по она што Али и Груби му го одзедоа, по она што Заев, Таче и Стево му го продадоа. На 8 мај нема уценети и поткупени. Никој повеќе не им се плаши, ниту ги сака нивните гнасни пари. Сите до денар ќе му го вратат на народот, како што ќе му ја вратат и државата. Доста долго остана во нивно заложништво. Нема повеќе сила, ниту пара која ќе го сокрие криминалот на ДУИ и СДСМ. Време е за слобода и правда. Време е за нов Претседател на Република Македонија и за нова Влада.

Гласајте за професори а не за криминалци, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер