Во интервју за српските медиуми Вучиќ кажа дека тие немале правна обврска да го застанат Груевски, бидејќи за него немало меѓународна потерница, а српскиот претседател, за првпат спомна и инволвираност на унгарски дипломати во бегството на екс премиерот.
Според сознанијата на српските власти, Груевски ја напуштил Македонија ноќта меѓу саботата и неделата.
Вучиќ потоа откри дека уште во амбасадата во Тирана, Груевски побарал азил, а врз основа на тоа добил т.н. пасаван, односно патен лист, за напречено да може да биде трансфериран до Унгарија. Со документите преку граничниот премин Божај со возило на унгарската аабасада влегол во Црна Гора во неделата вечерта околу 19 часот, а истата вечер околу 22 и 30, Груевски влегол во Србија. Потоа, според тоа што го откри Вучиќ, без застанување Груевски исто така со возило на унгарските власти, стигнал до граничниот премин Хоргош и утрото околу 5 часот во понеделникот влегол на унгарска територија.
„Барате од Србија да апсиме лице за кое нема потрага и потерница, тоа го сакате од Србија, што сме ние, диво племе, дива земја да апсиме луѓе за кои не е распишана ни потрага, а не меѓународна потерница, тоа ли го очекувате, наместо да се прашате кого сте пуштиле и зошто толку сте чекале за да ја распишете потерницата.“ – изјави претседателот на Р. Србија, Александар Вучиќ.
Според Вучиќ, главното прашање во случајот е како Груевски успеал да избега од Македонија и зошто се чекаше неколку дена за распишување на потерница.