Врачени Рациновите признанија за 2014 година

На синоќешната свечена програма на 51. Рацинови средби во Младинскиот парк во Велес насловена „Рацин-Муграта на македонската литература“ свечено беа врачени Почесното Рациново признание за 2014 на Тања Ступар Трифуновиќ од Бања Лука од Босна и Херцеговина и Рациновото признание на Паскал Гилевски.

Од името на Општина Велес која е организатор на оваа културната манифестација, наградите им ги врачи градоначалникот Славчо Чадиев.

Наградата Почесно Рациново признание за 2014 и се додели на Тања Ступар Трифуновиќ за афирмација на македонската литература и култура надвор од нејзините граници. Триесет и седумгодишната Тања Ступар Трифуновиќ ги преведува македонските автори во БиХ и ги претставува во списанието за култура и литература „Путеви“ во кое е негов уредник. Инаку таа работи во Националната и универзитетска библиотека на Република Српска и воедно е уредник на културната програма.

Примајќи го ова високо Рациново признание на свечената бина, добитничката Тања Ступар Трифуновиќ истакна дека добивањето на ова признание за неа претставува голема чест и доверба.

- Кога поетот ќе добие признание кое носи име на поет на некој начин тоа е за него потресно и го обврзува да направи многу повеќе. За мене е и поттик и во иднина ќе настојувам тие врски помеѓу Македонија и БиХ да бидат уште поголеми, а поезијата е најдобар начин да се поврземе и комуницираме помеѓу себе, потенцира Тања Ступар Трифуновиќ.

Веднаш потоа на Паскал Гилевски му беше доделено Рациновото признание за 2014 година за неговиот роман „Посмртна венчавка“ во издание на „Матица Македонска“.

Примајќи го ова високо признание Гилевски истакна дека му причинува огромно задоволство и чест да го понесе признанието на великанот на македонскат литература Кочо Рацин,посебно бидејќи му го доделуваат членови на жири комисија, а кои сите се добитници на ова признание.

- Рацин во својот живот не добил ниту една награда,но по смртта тој не’ наградува не само нас кои ја добиваме оваа награда со неговото светло име,туку и сите Македонци каде и да живеат во светот. На нас децата бегалци од Егејска Македонија кои живееме насекаде во светот, поезијата на Рацин ни беше најголема духовна врска со нашата татковина - Македонија, а неговите стихови не’ дозволија да го заборавиме мајчиниот јазик, потенцира Паскал Гилевски.

Традиционалната Беседа за Рацин на свечената програма ја одржа проф д-р Весна Мојсова Чипишевска, а ја посвети на 75-годишнината од издавањето на Рациновата стихозбирка „Бели Мугри“ и при тоа се осврна за нејзиното големо значење за македонската литература.

Со свои стихови настапија и гостите - членови на Друштвото на писателите на Хрватска: Дијана Буразер Деланиќ,Марко Грегор и Кемал Артна. Вечерта беше збогатена и со бендот „Иванов џез квартет“, а на неколку места низ Велес настапија и млади македонски поети.

Програмата на 51- тте Рацинови средби во Велес продолжува и денеска./МИА

Шмит: Сериозни закани по територијалниот интегритет на БИХ доаѓаат од лидерите на РС

 Високиот претставник во Босна и Херцеговина (БиХ) Кристијан Шмит синоќа истакна дека постојат закани по територијалниот интегритет на БиХ и дека тие доаѓаат од лидерите на Република Српска (РС).

„Постојат закани за Босна и Херцеговина, бидејќи претставниците на РС постојано зборуваат за отцепување, одвојување на ентитетот од државата. Додик неодамна изјави дека Бошњаците можат да имаат 25 отсто од територијата. Некои го сфатија ова како простор за етнички инциденти“, рече Шмит во своето обраќање пред Советот за безбедност на Обединетите нации.

Тој посочи дека неговиот мандат е да го надгледува спроведувањето на Дејтонскиот договор и оти за тоа има поддршка од Советот за безбедност.

„Советот за безбедност повеќе пати искажа поддршка за моето работење. Веќе со нетрпение го очекувам мојот извештај следниот месец“, додаде Шмит.

Тој се осврна на излагањето на српската членка на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, која упати сериозни обвинувања против Шмит, наведувајќи дека во него „не се почитуваат фактите и правната рамка на БиХ“.

„Се надевам дека разбирате дека ова не е место за разговор за навреди, ова е место за разговор едни со други. Повикувам на поголема точност, единственото нешто што го гледам е злонамерност“, рече Шмит.

Тој посочи дека како висок претставник мора да биде гарант за постоењето на ентитети, кои се делови од БиХ, која има меѓународен субјективитет, додавајќи дека РС е составен дел на БиХ. /МИА

Њујоршката полиција упадна во кампусот на Универзитетот Колумбија и упаси десетици лица

Синоќа полицијата во Њујорк со дозвола од Универзитетот колумбија упадна  во универзитетската зграда Хамилтон Хол заземена од активисти кои протестираат против војната на Израел во Газа.

Универзитетот е лоциран во центарот на Њујорк во близина на Менхетн. Полицијата упадна преку вториот кат од зградата со помош на поставена рампа и растури толпа од околу 200 активисти, по што пред влезот на универзитетот дојдоа неколку полициски автобуси да ги транспортираат лицата кои беа уапсени за време на упадот. Од извештаите се дознава дека се упасени десетици демонстранти, но и дека многумина од нив не се студенти. За време на упадот полицијата употребила шок-гранати. Претседателот на сад Џо Бајден синоќа изјави дека демонстрациите треба да бидат мирни, и порача дека насилното заземање на зградите не е мирен протест, и оти тоа е погрешно“.

ССМ организира протест по повод Меѓународниот ден на трудот - 1 мај

Меѓународниот  празник 1 мај  е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. 

Овој празник се одбележува на овој ден во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од први до четврти мај 1886 г. во Чикаго, организиран со цел воведување на осум-часовен работен ден. Синдикатите секоја година низ светот излегуваат на масовни протести со цел да ги потсетат властите за своите права. И кај нас Сојузот на синдикатите на Македонија од 11 часот организира протест по повод меѓународниот ден на трудот. Протестот го следи Сандра Спасовска.

Почна ли протестот , и какви пораки се очекува да испратат синдикатите?

притисни ентер