Воздухопловната база на НАТО во Кучово ќе биде отворена на 4 март

Воздухопловната база на НАТО во албанскиот град Кучово, која се наоѓа во јужниот дел на земјата, што е прва ваква база во Западен  Балкан, ќе биде инаугурирана на 4. идниот месец.

Подготовките на базата на НАТО во Кучово се при крај и за првпат Министерството за одбрана објави видео и фотографии од неа.

Во видеозаписот, Командантот на албанските воздухопловни сили, бригадниот генерал Фердинанд Димо вели дека се е подготвено базата да профункционира.

- Ние сме на крајот од сите работи за трупите на воздухопловните сили да се обучуваат во оваа база. Но, не само тоа, трупите на НАТО и НАТО авионите можат да се сместат, обучуваат и летаат од воздухопловната база Кучово, која веќе е тактичка воздухопловна база на НАТО, вели тој.

Димо ги наведува и досегашните чекори, од моментот кога беше одлучено во Кучово да се изгради воздухопловна база за НАТО.

- Во 2021 година беше планирано да се спроведат инвестициите за ревитализација на инсталациите на базата Кучово. Сега сме на крајот со реализацијата на три значајни проекти, како што се оградувањето и безбедносниот систем, како и периметарската заштита на базата. Приближно 50 милиони евра се инвестирани од НАТО, а повеќе од 5 милиони евра од албанската влада“, објаснува командантот на воздухопловните сили.

Според него, изградбата на воздухопловната база на НАТО во Кучово ќе придонесе и за економски развој на целиот округ Берат.

На свеченоста на 4 март ќе присуствуваат високи претставници на албанската држава, НАТО и САД.

Инаку, базата е изградена за потребите на албанските воздухопловни сили за време на комунистичкиот режим кој владееше во Албанија помеѓу 1944 и 1991 година и го штитеше воздушниот простор на земјата. Исто така, била домаќин на различни видови руски и кинески авиони.

Последните летови од оваа база биле извршени во 2005 година. /МИА

Мбапе сака да игра на крило

Мбапе е незадоволен од играњето во центарот на нападот на Реал Мадрид и сака да игра на крило.

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе изрази незадоволство од неговата позиција на теренот, пренесе шпански „Спорт“.

Според изворот, Французинот не сака да игра во врвот на нападот. Напаѓачот е уверен дека би бил покорисен доколку се користи на крилната позиција.

По поразот од Барселона (0:4) во шпанското првенство, стручниот штаб на „белиот балет“ беше незадоволен од настапот на Мбапе во одбраната.

Мбапе игра за Реал од летото 2024. Сезонава 25-годишниот напаѓач има 8 гола и 2 асистенции на 15 натпревари во сите натпреварувања.

Ангов: Владата го стави на дневен ред полнењето на Дојранско Езеро од Хидросистемот „Ѓавато“

Официјално од Општина Дојран преку системот е-Влада испратена е информација до Владата со која се бара итно постапување за санација и пуштање на хидросистемот и истата е ставена на дневен ред на седница на Влада.

Официјално од Општина Дојран преку системот е-Влада испратена е информација до Владата со која се бара итно постапување за санација и пуштање на хидросистемот и истата е ставена на дневен ред на седница на Влада, соопшти денеска на својот фејсбук профил градоначалникот на Дојран, Анго Ангов.

Тој преку објавата ги поканува граѓаните на најголемата еколошка акција за чистење на крајбрежието на Дојранското Езеро, која треба да се одржи задутре.

-Да ја покажеме грижата за Дојранското Езеро, а со ова исто така да испратиме силна порака до надлежното Министерство за животна средина дека Хидросистемот „Ѓавато“ мора да биде пуштен. Се надеваме на позитивен исход и разбирање. Затоа сите заедно сплотени без било какви поделби да го покажеме единството и да испратиме силна порака за нашиот бисер, Дојранското Езеро, напиша Ангов.

Инаку, градоначалникот на Дојран одговорноста за нефункционирањето на Хидросистемот за полнење на Дојранското Езеро ја лоцираше во Министерството за животна средина и во повеќе наврати испрати барања во кои се наведува итноста за пуштање во употреба на Хидросистемот „Ѓавато“.

Според денешните мерења на УХМР нивото на водата во Дојранското Езеро е 80 сантиметри под договорениот минимум.

Нема најава за средба Мицкоски-Радев на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта

 Нема договор или најава за средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и бугарскиот колега Румен Радев во рамки на Самитот на Европската политичка заедница што денеска се одржува во Будимпешта, информира портпаролката на Владата, Марија Митева.

- Остануваме на ставот како што кажа и претседателот Мицкоски дека е подготвен за разговор во секое време со секој, со цел да се стигне до крајот на целта, рече Митева на прес-конференција во Владата.

За случувањата на Самитот и за евентуални средби, како што рече, јавноста ќе биде информирана преку соопштенија од владината прес-служба.

На Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта, чиј домаќин е унгарскиот премиер Виктор Орбан, најавено е учество на 47 шефови на држави или влади од Европа, како и на делегација на ЕУ, што ќе ја сочинуваат претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и високиот претставник за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

Во пресрет на Самитот се појавија информации дека Орбан на маргините на собирот ќе организира средба на Мицкоски и Радев, на што македонскиот премиер вчера изјави дека таква средба не е договорена, но дека е подготвен за разговори.

притисни ентер