Воз удри во крдо слонови и излетал од шините- мртвите животно останаа на пругата (ВИДЕО)

Цистерна воз полн со гориво налетал на стадо диви слонови во североисточниот дел на Шри Ланка.

При тоа биле убиени две животни, а едно е повредено.

Од силината на ударот композицијата излетала од шините, а снимката снимена на околу 200 километри од главниот град Коломбо, е страшна.

Несреќата се случила во близина на познатиот природен парк Минерија, а машиновозачот открил дека стадо од дваесетина слонови ненадејно се обиделе да ја преминат железничката пруга.

„Ништо не можевме да направиме. Беа 10 метри пред нас. Стиснав на сопирачките, но безуспешно. Најмалку четири слона беа соборени“, објаснил Н.В.

Локалните медиуми јавуваат дека возот имал осум цистерни, секој со капацитет од 50.000 литри. Пет превезувале дизел, а три бензин.

Две цистерни излетале од шините, имало истекување, а властите биле принудени да го запрат сообраќајот во областа, пренесува New York Post.

Покрај двајцата машиновозачи, во возот имало уште двајца железничари, а никој од нив не е повреден.

„Дојдовме овде откако слушнавме страшна бучава. Видовме слонови како лежат покрај шините и уништен воз“, изјави локалниот жител Ви Џеј Џексон.

Надлежните соопштија дека два слона загинале на лице место, додека еден е повреден и му била укажана брза помош. Подоцна бил вратен во стадото.

Слични инциденти се забележани во последниве години во Шри Ланка, кога диви слонови ги преминуваат железничките пруги во потрага по храна и вода.

Животните се доближуваат до урбаните средини поради губење на природното живеалиште.

ОН: Израел забранува достава на хуманитарна помош на северот на Газа

Израел продолжува да забранува хуманитарна помош да влезе во северниот дел на Појасот Газа за време на големата офанзива во областа, изјави денеска шефот на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (UNRWA) Филип Лазарини.

„Израелските власти продолжуваат да негираат хуманитарни мисии на север со клучни резерви, вклучително и лекови и храна за луѓето под опсада“, рече Лазарини. Тој додаде дека погодените болници останале без струја, додека повредените се без помош.

Шефот на УНРВА рече дека засолништата управувани од агенцијата во северниот дел на Појасот Газа се преполни. „Некои од раселените сега се принудени да живеат во тоалети“, рече Лазарини, додавајќи дека жителите на Газа кои се обидуваат да избегаат „умираат, а нивните тела остануваат на улица“.

Тој посочи дека биле одбиени и барањата за мисии за спасување луѓе под урнатините.

Официјалниот претставник на ОН повика да се обезбеди хуманитарна помош за сите луѓе во Појасот Газа.

„На хуманитарните агенции, вклучително и УНРВА, мора да им се дозволи пристап до северниот дел на Појасот Газа. Задржувањето на хуманитарната помош за постигнување воени цели е знак за тоа колку е низок моралниот компас. Никој не треба да моли за помош или за да му се помогне“, рече Лазарини, додавајќи дека тоа би можело да биде прекин на огнот „почеток на запирање на овој бескраен кошмар“.

Минатата недела, Евро-медитеранскиот монитор за човекови права објави дека израелската забрана за помош оставила 200.000 луѓе во северниот дел на Појасот Газа без храна и вода за пиење.

УНРВА инаку е опфатена со контроверзии откако се појавија извештаи дека некои нејзини вработени можеби учествувале во нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври во кој загинаа 1.300 луѓе, од кои повеќето цивили. ОН започнаа истрага, а некои земји ги задржаа донациите за агенцијата.

Најлош скор во историјата на фудбалот: Дале 2, а примиле 111 гола во девет кола од првенството

Можеби до денес речиси никој не слушнал за нив, но по оваа најнова информација монголскиот клуб Тув Азаргануд ќе го запознае целиот свет.

Имено, станува збор за екипа која моментално држи негативен рекорд во светскиот фудбал и по девет одиграни кола во тамошното првенство има гол разлика 2:111.

Да, добро прочитавте! Тимот, кој е основан во 2018 година, а во 2022 година се промовирал на највисоко ниво, примиле дури 111 гола - додека овие два биле постигнати дури во октомври.

Последниот натпревар го одиграле против екипата на Брера Илч, првиот над опасната зона, а на домашен терен биле поразени со 20:1. Интересно, имале и повеќе од еден играч во 20. минута и постигнале гол за 1:1 веднаш од пенал во 21. минута.

Во тимот имаат претежно домашни фудбалери, а единствени интернационалци се од Јапонија и Италија.

Инцидент во Чикаго: Мотор на Боинг 787 вшмука контејнер за транспорт (ВИДЕО)

Необичен инцидент се случил минатата недела на аеродромот во Чикаго кога моторот на Боинг 787 вшмукал контејнер за транспорт на стока.

Авионот во моментов е приземјен поради оштетување на енергетската единица, а следеше истрага на американските власти.

Боинг 787-9 на „Американ ерлајнс“ е оштетен откако десниот мотор вшмукал контејнер на аеродромот О'Хара во Чикаго (ОРД). Инцидентот се случил во четвртокот, на 17 октомври, за време на движењето на авионот по пистата на пат кон терминалот.

Дримлајнерот кој пристигна од Лондон (LHR) на летот АА47 се движел зад Ербасот А350 на Ер Франс, а во еден момент меѓу двата авиони поминало товарно возило на аеродромот. Контејнерите испаднале од приколките, а еден од нив завршил во десниот мотор на Боингот 787, а доказ за тоа е видео објавено на социјалните мрежи.

Ниту еден од патниците, членовите на екипажот и персоналот на земјата не е повреден, јави Aviation24. Иако се уште не се знае точната причина за инцидентот, се верува дека силен млаз воздух од моторот на Ербас А350 Ер Франс го преселил товарот од приколките на аеродромското возило.

Федералната управа за авијација (FAA) најави дека ќе започне истрага за инцидентот. Во краткиот извештај на веб-страницата на ФАА, се наведува дека патниците од летот АА47 нормално излегле од авионот.

Авионот кој бил оштетен во инцидентот на аеродромот во Чикаго е регистриран како N834AA. Станува збор за Боинг 787 стар шест и пол години, кој на почетокот на 2018 година бил испорачан на Американ Ерлајнс како нов. Овој Dreamliner моментално е приземјен на аеродромот во Чикаго, според Planespotters.

притисни ентер