Волво воведува систем за ,,опаметување” на пијаните возачи (ВИДЕО)

Откако е утврдено дека дури 30 проценти од сообраќајните несреќи ги прават возачи во алкохолизирана состојба , Волво реши во новите автомобили да воведе посебен систем за заштита.

Во новите автомобили на Волво ќе биде вграден нов систем, што ќе бележи секое неправилно возење и ќе процени дали возачот е во пијана состојба. Во тој момент автоматски се ограничува брзината на автомобилот , а доколку возачот не го запре автомобилот , се вклучува системот Volvo on call , сервис што ги информира надлежните институции , односно полицијата.

Исто така , системот го активира автономното паркирање , односно го паркира автомобилот без никаква улога на возачот.

,,Кога станува збор за безбедност, нашата цел е воопшто да не дојде до несреќа. Во овој случај камерите го следат однесувањето на возачот , кое може да доведе до сериозни последици , па и смрт.” , појаснува шефот на R&D одделот на Волво , Хенрик Грин.

Во пракса тоа значи дека системот се активира во случај кога возилот вози лево – десно по патот или доколклу возачот ги затвори очите на малку подолго време од вообичаеното трепкање. Овој систем ќе почне да се вградува во возилата на Волво од почетокот на следната година.

Полицијата изврши претрес во бриселската канцеларија на европратеникот од АфД, Крах

Случајот со вработениот во Крах предизвика загриженост во Европа за кинеските шпионски активности. Германија, исто така, уапси три лица минатиот месец за пренос на чувствителна технологија за воени цели во Кина.

Германските истражители денеска наредија претрес на канцеларијата во Брисел на европратеникот на екстремната десница Алтернатива за Германија (АфД) Максимилијан Крах, откако неговиот помошник беше уапсен минатиот месец под сомнение дека шпионирал за Кина.

Случајот со вработениот во Крах предизвика загриженост во Европа за кинеските шпионски активности. Германија, исто така, уапси три лица минатиот месец за пренос на чувствителна технологија за воени цели во Кина.

Случајот ја намали поддршката на АфД во анкетите пред европските избори во јуни. Крах е водечки кандидат на таа партија.

Мерките се дел од постапката против Џијан Г. поради сомнение дека дејствувал како разузнавач, соопшти германското обвинителство, додавајќи дека претресите биле извршени и во канцеларијата на Крах и во канцеларијата на неговиот помошник.

Еден од становите на помошникот бил претресен на 24 април, соопштија истражителите.

Крах на Х го потврди претресот на канцеларијата на неговиот поранешен вработен.

- Ова се очекуваше по неговото апсење и затоа воопшто не изненадува. Ниту јас, ниту вработените не сме опфатени со тоа, напиша тој.

Нови цени на бензините

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит.

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,70% во однос на одлуката од 29.4.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,438%, кај дизелот за 2,100%, кај екстра лесното масло за 2,605% и кај мазутот намалувањето е за 1,907%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,407%

Од 8.5.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 86,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 88,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 74,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 45,832 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,829 ден/кг и сега ќе изнесува 45,832 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 8.5.2024 година, стои во соопштението од РКЕ.

Барселона е заинтересирана за Дарвин Нуњез

Напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез може да ја продолжи кариерата во Шпанија, пренесува „The Sun“.

Според британскиот весник, Барселона е заинтересирана за 24-годишниот Уругваец. Каталонскиот клуб го гледа напаѓачот како замена за Роберт Левандовски.

Оваа сезона Нуњез одигра 52 натпревари, постигна 18 голови и 13 асистенции.

Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на фудбалерот на 70 милиони евра.

притисни ентер