Израелската војска пукала врз позициите на мировниците на ОН во Либан, има ранети

Израелските сили денеска пукале врз две позиции што ги користат мировниците на ОН во Либан и врз третата позиција вчера, соопштија силите на УНИФИЛ.

Силите на УНИФИЛ соопштија дека двајца нивни членови биле повредени во еден од инцидентите, кога израелски тенк пукал врз стражарското место во седиштето на силите во Накура, удирајќи во кула.

Во другите два инцидента нема жртви, изјави изворот од ОН. „Секој намерен напад врз мировниците е сериозно кршење на меѓународното хуманитарно право“, се вели во соопштението на УНИФИЛ, додавајќи дека за ова прашање разговараат со израелската војска.

Засега нема коментар од израелската војска, која води засилена офанзива во Либан против силно вооружената група Хезболах, поддржана од Иран. Мировните сили УНИФИЛ беа формирани во 1978 година и се проширија по војната меѓу Израел и Хезболах во 2006 година.

Нејзини главни придонесувачи се Франција, Италија, Индонезија, Малезија и Гана. Италијанскиот министер за одбрана Гидо Крозето рече дека пукањето врз мировниците е „целосно неприфатливо“ и претставува јасно кршење на меѓународното право.

Научници влетаа во центарот на страшниот ураган, снимени се нереални сцени (ВИДЕО)

Ураганот Милтон се движи низ Мексиканскиот Залив и ја погоди Флорида.

Ураганот, како бура од петта категорија, го помина својот центар малку северно од северниот брег на Јукатан во претходните 24 часа.

Милиони се подготвуваа за разорниот ураган во западна и централна Флорида.

На Тампа ѝ се заканува огромно уништување, а милиони се евакуирани пред да удри невремето.

Ураганот донесе на Флорида ветрови од 200 км/ч, над 300 литри дожд, плимни бранови од неколку метри, но и големи поплави.

Секој што нема да се евакуира во загрозените подрачја ќе биде директно загрозен од ураганот.

И додека милиони избегаа пред ударот на ураганот Милтон, група научници полетале директно во окото на ураганот, односно во неговиот центар, а спокојството среде ураганот ја покажа сета моќ на природата.

Инаку, внатре во окото на ураганот времето е ведро, тивко и мирно, а директно до окото на ураганот се бележат најсилните ветрови на земјината топка кои можат да надминат 350 км/ч.

Воздушниот притисок во центарот на ураганот Милтон паднал на неверојатни 886 милибари, а налетите на ветерот биле неверојатни 320 км/ч.

Патем, ураганот изгледа уште пострашно од вселената.

Мухиќ: Не за историска комисија- таа секогаш ќе биде под влијание на власта

Ферид Мухиќ, гостин во Само Интерву.

Може да се каже „не сакам“, ние ним им требаме во ЕУ, да бевме потврдоглави во спорот со Грција на сила ќе не внесеа и во НАТО.

ЕУ може да прими кого и кога сака, или да не го прими. Турција е поподготвена да биде членка повеќе од низа постоечки членки.

Која заедничка историја со Бугарија, не се ниту 15 години. Секој договор може да се раскине.

Сме се согласиле ние на заедничка комисија. Ниту во Германија ниту во Франција комисијата нема збор кажано на едната ниту на другата страна за историските прашања.

Не за историска комисија- таа секогаш ќе биде под влијание на власта.

Се прави специјална комисија илчи СЈО и се што е „специјално“ се прави нешто надвор од правниот систем или законските норми.

Има потреба да се изедначат или намалат разликите во едно опшество, но треба да се најде начин како, да не биде на сметка на способните.

Каде има граѓанско општество каде нема мајоризација на еден народ во етничка или културна смисла?

Името Македонија е врзано за етничка припадност и народ.

Мухиќ: ЕУ посредува во билатерални спорови, да побараме арбитража

„Дали згреши судијата, се играше ли според правилата?“

Дали згреши судијата, се играше ли според правилата? ЕУ вели дека не посредува во билатерални спорови, тогаш се оди на арбитража. Како што тогаш треба да се побара арбитража во спорот меѓу Хрватска и Словенија,така сега и ние да побараме ЕУ да арбитрира. Да дојде ЕУ комисија и да каже дали промена на устав е европска правичност. Ние треба да побараме. Имате преседан, ЕУ посредува во билатерални спорови, како во 2008 кога имаше арбитражна комисија во спорот меѓу Хрватска и Словенија. Зошто ние да промениме устав и да внесеме бугари,а тие не го почитуваат нашето малцинство таму? Не е само да се внесат но зошто како конститутивен народ, тоа сите некако го премолчија. Не одложено дејство –никогаш, тие не се конститутивен народ, може да бидат набројани во уставот како во хрватскиот устав, но не да бидат конститутивен народ, рече Ферид Мухиќ во Само Интервју.

притисни ентер