Македонија очекува заедно со Албанија и Црна Гора, да биде меѓу првите земји од регионот кои од Нова Година ќе приклучат на СЕПА – единствената област за плаќање во евра, која ќе озвоможи побрзи и поевтини трансакции во евра кон европските земји и за граѓаните и за фирмите. Од Народната банка велат викендов на состанкот на вицегуврненри од Западен Балкан кој се одржа во Будимпешта, три централни банки од регионот вклучително и нашата доставиле официјално барање за чланество во СЕПА до Европскиот совет за плаќања, додека останатите земји се во процес на подговотка на барањата.
Вицегувернерката Емилија Нацевска, која беше дел од состанокот, пред околу еден месец во интервју посочи дека бенефит од приклучувањето во СЕПА ќе имаат сите, а на ниво на регионот од Западен Балкан од страна на Светска банка е проценето дека годишно ќе се заштеди околу половина милијарда евра.
„Со пристапувањето во СЕПА и елиминирањето на скапите коресподентски банкарски релации за извршување на дознаките се очекува, според студијата на Светска банка, се очекува дека трошоците за дознаките кои тековно изнесуваат околу 6-7% од износот на дознаката да се преполоват и да се сведат на околу 3% од износот на самата дознака, што значи и голема заштеда за домаќинствата...“
СЕПА трансакциите имаат пониски надоместоци од традиционалните меѓународни трансакции. А нивната обработка е побрза и трае околу два дена. При исплаќање на пари преку СЕПА се користат едноставни банкарски процедури тоа значи дека наместо секоја земја различно да ги обработува трансакциите, иницијативата дозволува парите да се испраќаат и примаат како да се работи за домашна исплата, односно во иднина нема да има банки посрденици.
Дополнително, со членството во СЕПА, како што посочуваат од Народната банка, според анализите за 2 процентни поена би се намалила и сивата економија во регионот на Западен Балкан. А членството е значаен чекор на земјите и кон финансиска интеграција во Европската унија. Дел од СЕПА се 36 земји со над 7 илјади банки и преку 500 милиони сметки.