Во Украина се најдени масовни гробници со илјадници жртви на чистките на Сталин

Заеднички гробници со посмртни останки на илјадници луѓе убиени во чистките на Сталин во 1930 -тите, се пронајдени во Одеса, на југот, во една од најголемите масовни гробници во Украина, соопштија властите.

До денес, 29 гробови со посмртни останки од 5.000 до 8.000 луѓе се пронајдени на површина од скоро пет хектари, во близина на аеродромот во Одеса, изјавил за Франс прес Сергеј Гукалук, шеф на регионалната канцеларија на Институтот за национална меморија.

Но, тој број може да расте уште повеќе додека продолжува ископувањето.

Остатоците се пронајдени откако локалните власти наредиле пробен ископ за да се одобри работа за проширување на аеродромот, откако веќе биле пронајдени масовни гробници на местото.

Гучаjук изјавил дека жртвите на НКВД, советската тајна полиција, претходникот на КГБ, најчесто биле застрелани во задниот дел на главата. Жртвите беа погубени помеѓу 1937 и 1939 година, за време на владеењето на теророт на Сталин.

Според него, нема да биде можно да се идентификуваат жртвите бидејќи Москва, која ги чува документите за овие чистки означени како тајни, „нема да ги предаде документите“ на Украина поради тензијата меѓу двете земји.

За време на пробното ископување во 1993 и 2008 година, биле откопани речиси 1.600 останки, рече Гукаjук.

Според украинските историчари, стотици илјади Украинци биле погубени или затворени во гулази во чистките на Сталин во 1930 -тите.

Едно од најозлогласените места за масовни егзекуции е шумата во близина на селото Бикивнија, недалеку од Киев, каде што биле убиени и погребани десетици илјади жртви од 1937 до 1941 година.

Милиони Украинци, исто така, загинале во вештачки глад (Холодомор) од 1932 до 1933 година, што Украинците го сметаат за геноцид нареден од Сталин за да го задуши наводниот украински национализам.

Генералштаб на Украина: Руските сили ги интензивираа нападите кон Авдејево

Русија ги засилила нападите во правец кон Авдејево, соопшти утринава Генералштабот на вооружените сили на Украина, наведувајќи дека украинските сили во изминатите 24 часа одбиле 50 руски напади на тој дел од фронтот.

Руските сили се фокусираа на неколку сектори на фронтот во Донбас, пренесува Униан.

Во правец кон Бахмут, украинските сили одбиле 22 руски напади, а во изминатите 24 часа на линијата на фронтот се случиле 134 судири.

Кина во историска мисија- лансира сонда на темната страна на Месечината

Кина денеска ќе ја лансира лунарната сонда Чанге-6, соопшти кинеската Национална вселенска администрација.

Сондата ќе собира примероци од темната страна на Месечината. Тоа ќе биде прва ваква мисија во историјата на човештвото, јавуваат кинеските медиуми.

Во тек се последните подготовки за мисијата, која ќе започне од местото за лансирање Венчанг во кинеската провинција Хејнан.


Сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

притисни ентер