Северната провинција Илокос Сур објавила најголем број, 14 жртви, од кои повеќето се удавиле во поплавите. Три лица се водат како исчезнати во провинцијата.
Во провинцијата Бенгует, девет лица, меѓу кои пет деца, загинале во одроните што ги затрупале нивните домови, додека едно дете се уште се води како исчезнато, наведува агенцијата.
Дваесет и петгодишна жена загинала од струен удар во провинцијата Пангасинан, а шест лица се удавиле во поплавите во провинциите Кагајан и Палаван.
Деветмина исчезнале во поплавите во Пангасинан, Палаван и провинцијата Ла Унион, додава агенцијата.
„Компас“ од минатиот викенд го опустошува северниот дел на Филипините со обилни дождови и силни ветрови. Повеќе од 14.900 луѓе морале да ги напуштат своите домови, а 325 куќи се оштетени во погодените области.
Штетата во земјоделството и инфраструктурата се проценува на повеќе од 23 милиони долари, соопшти агенцијата за катастрофи.
Филипинските Острови во просек ги удираат по 20 тропски циклони годишно.
Најсилниот тајфун што некогаш ги погодил Филипините бил тајфунот Хаијан, во кој загинале повеќе од 6.300 луѓе, а повеќе од 4 милиони луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови во ноември 2013 година.