ДТИ добил петнаесет пријави за непочитување на препораката за денот на изборите

До државниот трудов инспекторат пристигнале петнаесет пријави во однос на непочитување на заклучокот на влада за неработни денови за денот на изборите, потврди за канал 5, директорката на инспекторатот, Весна Томовска.

Од инспекторатот велат и дека за работодавачите кои не ја почитувале одлуката на Владата ќе следуваат казни.

Од Државниот пазарен инспекторат пак, велат дека трговците ја почитувале препораката на Владата.

-За време на изборниот ден 24 април, немаше нерегуларности забележани од ДПИ и Одлуката на Владата се почитуваше од страна на трговците. - ДПИ

Работодавачите на први мај, како и за време на велигденските празници не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние работодавачи каде работните процеси заради својата природа не можат да се прекинат.

Од ДПИ таму велат дека доколку добијат насоки за постапување, во следниот период, за време на првомајските и Велигденските празници, ќе постапуваат во согласност со надлежностите.

СРЦЕПАРАТЕЛНО : Зоки „Фаци“ го моли менаџментот на Канал 5 ТВ во име на водителчето...

Во вчерашното гостување во Канал 5 ТВ, нашиот некогашен колега Зоран Василевски - Фаци, јавно го замоли нашиот менаџмент да сме му дале шанса не некое водителче на некој подкаст, зошто „детето стварно има големи квалитети“

Зоки „Фаци“ на срцепарателен и колегијален начин, ретко виден на европските простори, побара од нас да му дадеме шанса на она момче со балго-интелектуален поглед кој гласно се церекаше на расажувањата на Латас во неговиот Youtube подкаст и за што заработи обвинени од ОЈО Скопје.
Истово водителче веќе две три недели промовира криминалец со правосилни ефективни пресуди, и заедно без елементарен човечки срам објавувата наводни пораки меѓу повеќе лица, без при тоа да е свесен дека ако истите пораки се точни и во нив се содржани одредени инсинуации за кривично-правни настани, истите треба да ги доставени до надлежен обвинител.

Вчера дознавме дека Зоран Василевски е сериозно болен и целиот тим на Канал 5 ТВ му посакува закрепнување со понуда за евентуалн помош во таа негова лична борба.


Во 14 часот во седиштето на ВМРО- ДПМНЕ,средба на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и „ВРЕДИ”

Денеска во 14 часот, во, седиштето на ВМРО- ДПМНЕ, работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „ВРЕДИ”, ќе одржат  средба за договор за формирање на новата влада.

Досега на лидерската средба се договорени општите начела на соработка која ќе се базира на три цели: евроинтеграции, економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото.

Изет Меџити претходно изјави дека владата ќе има околу 80 пратеници.уставните измени се приоритет за нив, а со ВМРО-ДПМНЕ ќе бараат меѓународни гаранции.

.

Царинска управа: Запленети 4,8 килограми злато при влез на ГП Богородица

Царински службеници запленија 4,8 килограми златен накит со проценета вредност од 20,4 милиони денари, по контрола на автобус на граничниот премин Богородица при влез во државата.

Како што соопшти денеска Царинска управа, царинските службеници на граничниот премин Богородица селектирале автобус кој сообраќал на линија Истанбул - Гостивар, при што бил извршен детален претрес.

Во пределот за багаж била пронајдена црна торба, во која во девет пакетчиња обвиткани со најлон е откриено злато со тежина од 4,8 килограми. Возачот кој првично изјавил дека нема ништо за пријавување по откривање на златото потврдил дека торбата е негова.

-Нашите царински службеници се грижат за забрзан транспорт на легална трговија, но истовремено ги штитат приходите на државата спречувајќи шверц и криминал. Во случајот е спречено избегнување плаќање увозни давачки во износ од 5 милиони денари, се наведува во соопштението од Царинска управа.

Случајот, како што велат од Царинска управа, е преземен од страна на инспекторите од Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги при што против возачот ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија. Златото согласно закон ќе биде предадено во Народна банка.

притисни ентер