Во Куманово ќе се одржи 10. Меѓународен тамбурашки фестивал

Десеттиот меѓународен тамбурашки фестивал ќе се одржи на 22 и 23 август во Куманово.

На отварањето, како што беше најавено на денешната прес-конференција во општина Куманово, ќе настапат „Кумановски тамбураши“ и Нино Величковски, „Гезме“, Осијечко - барањската жупанија и Тијана Дапчевиќ со бенд, а на втората фестивалска вечер ќе учествуваат тамбурашкиот оркестар „Табиет“ од Свети Николе и „Фрајле“ од Нови Сад.

- Фестивалот бележи напредок во нагорна линија. Во изминатите девет години продефилираа претставници на најдобрите тамбурашки оркестри од бившите југословенски простори и пошироко. Меѓу нив значајни имиња од естрадата, дел типично тамбурашки, а дел други естрадни ѕвезди кои предизвикаа големо внимание кај граѓаните на Куманово и пошироко, истакна раководителот на Секторот за култура, Жика Крстевски.

За одржување на годинашниот фестивал одвоени се 300 илјади денари.

- И годинава фестивалот го финансира општина Куманово со поддршка од Министерството за култура, а се вклучи и бизнис заедницата од градот, посочи уметничкиот директор на фестивалот, Нино Величковски.

Организаторите се надеваат дека годинашниот избор на групи ќе привлече внимание кај публиката не само од Куманово, туку и од останатите градови во државата./МИА.

Никовски: Ако ние очекуваме камшикари од надвор, верејатно не заслужуваме држава

„Проширување, ви тврдам со најголема одговорност, нема да има наредни 15 години“

Проширување, ви тврдам со најголема одговорност нема да има наредни 15 години може ќе ја примат само Црна Гора колку да покажат дека не се затворени. И веројатно ќе нема втора лига која веќе се подготвув преку европската политичка заедница која веќе функционира и она што рече Фон Дер Лајен преку 4 -те столба заедничкиот пазар преку кој ќе не уништат економски, регионална економска соработка, реформи и четврто се овие пари што ги ветуваат. Ќе даваат повеќе пари за да не' држат како приврзок. Ако ние очекуваме камшикари од надвор, верејатно не заслужуваме држава, рече Ристо Никовски во Само Вистина.

Несреќно селфи- се качил на воз, го удрила струја и завршил со изгорени гениталии (ВИДЕО)

Неименуваниот тинејџер бил хоспитализиран во тешка состојба откако се качил на воз и дошол во контакт со жици.

Инцидентот се случил во Електроугли, на околу 50 километри од Москва. Сакал да направи видео за социјалните мрежи, но работите тргнале наопаку.

Додека се качувал на локомотивата, случајно допрел пантограф, што предизвикало силен струен удар, пишува Дејли мејл.

„Наместо видео и лајкови, тој се здоби со повреди кои ќе ги памети цел живот, доколку лекарите го спасат“, се вели во еден од извештаите.

Струјата го удрила 15-годишникот во препоните, а тој завршил со тешки изгореници на гениталиите.

На социјалните мрежи се објавени видеа од момчето како се грче во агонија, додека предниот дел од панталоните му е изгорен. Може да се види како добива помош пред да биде однесен во болница.

Тиктокер фрлал 24.000 евра од дрон, во хаосот е повредено дете (ВИДЕО)

Тиктокер кој себеси се нарекува Oracle предизвикал метеж во парк во Цирих откако исфрлил 24.000 евра од дрон.

Претходно на интернет ги откри своите планови, па се собраа значителен број граѓани. Во општиот метеж и тепачка за пари е повредено 12-годишно момче.

Споменатиот тиктокер го крие лицето зад златна маска, а на популарната мрежа покажал огромна вреќа со пари што ја закачил на дрон.

„Нешто пред 20 часот над паркот беше подигнат дрон. Во настанатата гужва со остар предмет е повредено момче од Доминиканската Република“, соопштија од полицијата.

Тој е префрлен во болница, а на снимката од паркот се гледа најмалку едно возило на брза помош, пренесува Билд.

Полицијата не објаснила за каков „остар предмет“ станува збор, а не се знае ни што се случило со дронот.

@oraclecomicsschweiz

💸 für e goldigi zuekunft

♬ Originalton - Oracle Comics

Тиктокер може да се најде во голема неволја, бидејќи овој „настан“ не бил одобрен. Неговиот идентитет им е познат на властите, но не е објавен.

„Сакаме да дознаеме за каква цел е организирана акцијата“, изјави портпаролот на полицијата.

притисни ентер