Во Грција задолжително носење маски и на отворено

Грција донесе одлука дека маските се задолжителни на сите јавни места во затворено и на отворено каде не е можно физичко растојание

Ломбардија ја продолжи таквата одлука до септември, а Париз најавува можно задолжително носење маски на отворено.

Грција вчера објави 78 нови случаи на ковид-19, што е највисок број за околу два месеци.

Досега имало вкупно 4447 случаи на инфекција со ковид-19 и 202 смртни случаи, што е релативно мал број во споредба со многу други европски земји.

„Одлучувачкиот фактор за успешно справување со пандемијата е пред се и одговорност на граѓаните, индивидуалната одговорност на секој човек“, рече заменик министерот за цивилна заштита Никос Хардалиас во телевизиското обраќање.

„Тоа е тајната на грчкиот успех и сите треба да покажеме иста одговорност и претпазливост во оваа фаза“.

Пред десетина дена, здравствените власти одлучија дека е задолжително да се носат маски во супермаркетите, а во вторникот тие ја проширија одлуката на некои други затворени јавни места.

Маските се задолжителни во јавниот превоз веќе подолго време.

Во Ломбардија, најтешко погодениот регион во Италија, граѓаните ќе треба да носат маски на јавен затворен простор до 10 септември, објавија вчера регионалните власти.

Гувернерот на Ломбардија Атилио Фонтана потпиша декрет со кој се продолжува обврската за користење маски во затворен простор до 10 септември, додека маските ќе бидат неопходни на отворено доколку не е можно безбедно растојание меѓу луѓето.

Во Италија повеќе од 35.000 луѓе починаа како резултат на „ковид-19“,а скоро половина од нив во Ломбардија.

Француските локални власти би можеле да наметнат носење маски и на отворено, во области каде што расте бројот на заболени од ковид-19, објави вчера министерот за здравство.

„Отсега градоначалниците ќе можат да воведат обврска за носење маски на отворени јавни места. Оваа одлука може да се донесе на локално ниво, во согласност со развојот на епидемијата“, објави на Твитер Оливие Веран.

Властите ја објаснуваат одлуката за носење маски на отворено, со докази дека, како што велат, сè повеќе има докази дека вирусот може да се пренесе преку аеросоли.

Франција вчера забележа повеќе од 1.300 нови случаи на ковид-19.

Швеѓанец возел Тесла и заспал- се разбудил по поминати 40 километри

Сцените за кои најмногу се зборува во Америка пристигнаа и на европските патишта.

На шведската полиција ѝ биле потребни цели 40 километри за да го разбуди возачот кој заспал зад воланот на Тесла. Неименуваниот возач на Model X бил забележан од друг возач на Tesla, кој се посомневал дека го видел автомобилот Tesla како забрзано вози на левата сообраќајна лента, без вклучен трепкач кога требало да престигне друго возило.

Кога го стигнале, виделе дека возачот спие зад воланот. Тој повикал полиција, а патролата пристигнала за рекордно време. Меѓутоа, полицајците не знаеле како да го разбудат возачот. Тие не можеле да го турнат или управуваат автомобилот, но на крајот возачот сам се разбудил. Тој бил толку исплашен што го поместил воланот и за малку ќе удрил во полициското возило, пренесува Вигибаларе.

За среќа, не дошло до несреќа, а возачот на Тесла подоцна објаснил дека го обзел замор: „Крајно ми е срам, тоа беше поради исцрпеност“, ѝ изјавил тој на полицијата при сослушувањето. „Имав Тесла со автопилот што го направи возењето многу удобно“.

Човекот е обвинет и осуден за несовесно возење. Тој изјавил дека не спиел претходната ноќ и дека бил под стрес бидејќи морал да го достави автомобилот на работа.

За потсетување, користењето на Autopilot бара трезен возач кој мора да го следи сообраќајот и да ги држи рацете на воланот. Секое користење на тегови е строго забрането.

Украина ѝ одговори на Русија по распишаната потерница за Зеленски

Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека издавањето налог за апсење од страна на Русија за претседателот Володимир Зеленски е „доказ за очајот на руската државна машинерија и пропаганда“, пренесува „Украинска правда“.

„Руските извештаи за наводното додавање на украинскиот претседател Володимир Зеленски на потерницата на руското МВР го покажуваат очајот на руската државна машинерија и пропаганда. Русите не знаат што друго да измислат за да привлечат внимание“, посочија Украинците. .

„Ги потсетуваме сите дека, за разлика од безвредните руски најави, налогот на Меѓународниот кривичен суд за апсење на рускиот диктатор Владимир Путин под обвинение за воени злосторства е реален и спроведлив во 123 земји“, додаваат тие.

Русите не го прецизираа членот врз основа на кој е издаден налогот за апсење на украинскиот лидер. „Володимир Александрович Зеленски, 25 јануари 1978 година. Се бара според член од Кривичниот законик“, пишува во базата на податоци на веб-страницата на руското Министерство за внатрешни работи.

Базата на податоци го наведува и местото на раѓање на бараното лице, градот Криви Рих во регионот Дњепропетровск. Објавена е и фотографија од Зеленски, направена пред војната.

Работничката партија со апел за обединување и сплотување на македонскиот народ

Дојде до обединување на Македонците и на македонските субјекти од целиот свет. 

10 организации на Македонците од светот се обединија и подаваат рака на обединување на Македонците и на македонските субјекти во Македонија. Со цел да се спротивстават на непринципиелните политики против Македонскиот народ и за градење посветла иднина за младите, како надеж за иднината.

За таа цел го праќаме овој Апел - Меморандум за Обединување и сплотување на македонскиот народ, до сите македонски родољубни субјекти, до суверените, избирачите и гласачите. Истиот започна да се потпишува денес, 04.05.2024 г. во Канцеларија во ТЦ Антико, Карпош 4. до КАМ маркетот, Бул. Партизански одреди бр. 82, лок.24. А, ќе продолжи и понатаму и потпишувањето и принесувањето на највредните македонски заложби, иницијативи, концепти, дела, проекти . . . пред Македонскиот и цивилизациски олтар, во Трезорот на македонските и цивилизациски вредности, во Македонскиот мозаик кој ќе продолжиме да го создаваме од сите светли и најсветли македонски камчиња и да продолжиме да го ткаеме Македонскиот ќилим од сите најубави македонски шари, врз потката која е самиот Македонски народ.

Сега е моментот да ги пресечеме антимакедонските политики, партиски програми и цели кои и понатаму го продолжуваат антимакедонскиот курс, а го бараат гласот и довербата на македонскиот народ и суверените!?

Македонскиот глас и доверба немаат цена и секогаш ќе се безвремени, бесценети и во интерес на Македонскиот народ и на Македонија.

Време е за родољубни, некорумпирани и некомпромитирани македонски претставници во власта, во Собранието и Владата, за да ги продолжиме нашиот од по македонскиот пат и опстој и нашето неприокосновено место меѓу народите и државите, како Македонски народ и Македонија!

Своите гласови и довербата да ги дадеме за оние кои застануваат и стојат цврсто за највисоките интереси на Македонскиот народ и на Македонија!

Да престанат страдањата, обесправувањето, геноцидот и уништувањето на македонскиот народ и на македонската земја и држава!, се наведува во партиското сопоштение.

притисни ентер