Работничката партија со апел за обединување и сплотување на македонскиот народ

Дојде до обединување на Македонците и на македонските субјекти од целиот свет. 

10 организации на Македонците од светот се обединија и подаваат рака на обединување на Македонците и на македонските субјекти во Македонија. Со цел да се спротивстават на непринципиелните политики против Македонскиот народ и за градење посветла иднина за младите, како надеж за иднината.

За таа цел го праќаме овој Апел - Меморандум за Обединување и сплотување на македонскиот народ, до сите македонски родољубни субјекти, до суверените, избирачите и гласачите. Истиот започна да се потпишува денес, 04.05.2024 г. во Канцеларија во ТЦ Антико, Карпош 4. до КАМ маркетот, Бул. Партизански одреди бр. 82, лок.24. А, ќе продолжи и понатаму и потпишувањето и принесувањето на највредните македонски заложби, иницијативи, концепти, дела, проекти . . . пред Македонскиот и цивилизациски олтар, во Трезорот на македонските и цивилизациски вредности, во Македонскиот мозаик кој ќе продолжиме да го создаваме од сите светли и најсветли македонски камчиња и да продолжиме да го ткаеме Македонскиот ќилим од сите најубави македонски шари, врз потката која е самиот Македонски народ.

Сега е моментот да ги пресечеме антимакедонските политики, партиски програми и цели кои и понатаму го продолжуваат антимакедонскиот курс, а го бараат гласот и довербата на македонскиот народ и суверените!?

Македонскиот глас и доверба немаат цена и секогаш ќе се безвремени, бесценети и во интерес на Македонскиот народ и на Македонија.

Време е за родољубни, некорумпирани и некомпромитирани македонски претставници во власта, во Собранието и Владата, за да ги продолжиме нашиот од по македонскиот пат и опстој и нашето неприокосновено место меѓу народите и државите, како Македонски народ и Македонија!

Своите гласови и довербата да ги дадеме за оние кои застануваат и стојат цврсто за највисоките интереси на Македонскиот народ и на Македонија!

Да престанат страдањата, обесправувањето, геноцидот и уништувањето на македонскиот народ и на македонската земја и држава!, се наведува во партиското сопоштение.

Поплави и свлечишта во германската провинција Сар

Обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во западната германска покраина Сар. Поради надојдената вода евакуирани се жителите од неколку згради.

Според Германската метеоролошка служба во Сар вчера наврнале повеќе од 100 литри дожд на квадратен метар за помалку од 24 часа.

Според досегашните информации, во силното невреме нема жртви, а при евакуацијата едно лице е повредено.

Голем број патишта во Сар сè уште се затворени, а ограничен е и железничкиот сообраќај.

Германскиот сојузен канцелар Олаф Шолц најави дека ќе ја посети поплавената област.

Поради обилните дождови зголемена е готовност и на надлежните служби и во Саксонија, Тирингија и Баварија./МИА

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управниот суд синоќа ги одби како неосновани сите седум тужби од коалицијата „Европски фронт“ против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за прегласување на парламентарните избори 2024. 

Со одлуките на Управниот суд се потврдуваат решенијата на ДИК за прегласување во шест избирачки места во петтата изборна единица и едно во шестата изборна единица.

Според Изборниот законик, доколку одлуката за прегласување на едно избирачко место може да влијае на конечните резулатите од изборите, ДИК ќе организира повторно гласање 14 дена од одржувањето на изборите, односно на 22 мај.

Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024. За сите беа оформени предмети и закажани во текот на вчерашниот ден.

Роналдо го собори рекордот на Саудиска Арабија во една сезона

 Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо постигна асистенција на натпреварот од 32. коло на шампионатот на Саудиска Арабија со Ал-Хилал (1:1).

Триесет и деветгодишниот Португалец го собори рекордот во една сезона на овој турнир. Тој има 33 гола и 11 асистенции.

Претходниот рекордер беше Абдеразак Хамдалу, кој постигна вкупно 43 поени (гол+асистенции) во сезоната 2018/19.

Ал-Наср со 78 поени и се наоѓа на второто место во поредокот. /МИА

притисни ентер