Во декември бил затворен предметот за бонусите на екс специјалните обвинители

Затворен е предметот за бонусите на екс обвинителите од СЈО. Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција со кое раководи Ислам Абази ја потврдија информацијата за Канал 5 .

Затворен е предметот за бонусите на екс обвинителите од СЈО. Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција со кое раководи Ислам Абази ја потврдија информацијата за Канал 5 откако пред неколку дена за случајот пишуваше Сведок мк. Кривичната пријава поднесена од ВМРО ДПМНЕ беше поднесена во јануари 2021, а решението за отфрлање било донесено во декември 2023. Според пријавата екс специјалната обвинителка Катица Јанева неосновано исплатила 4,6 милиони евра бонуси на обвинителите кои се движеле од 70 до 100 илјади евра, како и за вработените и соработниците на тогашното СЈО.

-Не се констатирани отстапувања помеѓу обезбедените парични средства предвидени во финансиските планови што биле одобрени со Буџетот на ова обвинителство и реализираните парични средства во тековното работење во анализираниот период.- - ОЈО ГОКК.

Стои во објаснувањето од Обвинителството од каде додаваат дека надлежниот обвинител ги деклафицирал ревизорските извештаи и правилниците кои ги донела Јанева а било извршено и детално економско – финансиско вештачење. Финансиските извештаи на СЈО, велат дека биле разгледувани и од Советот на ЈО и од Собранието.

Сепак, како што пишува Сведок.мк, шефот на ОЈО ГОКК Ислам Абази, го донел решението за отфрлање на кривичната, откако и го одзел предметот на обвинителката Наташа Поп Трајкова која го работела и подолго време го одбивала неговото барање да го затвори поради серозноста и висината на сумата. Од ова обвинителство во врска со ова велат дека:

Наводите во споменатиот текст се целосно невистинити.

Од севкупната постапка произлезе дека дејствијата преземени од Јавниот обвинител на ова обвинителство(СЈО)....како и исплатата на додатоци на плати и надоместоци по основ на наведените акти, не претставуваат дејствие на извршување на пријавените кривични дела, ниту на други кривични дела што се гонат по службена должност.- - ОЈО ГОКК.

Но нема одговор на прашањата на Сведок мк и Канал 5 од Обвинителството со кое раководи Абази, дали и зошто и бил одземен предметот на обвинителката Поп Трајкова особено ако се има предвид Законот за јавното обвинителство според кој обвинителството е организирано според принципите на хиерархија и субординација, но нивното почитување, пишува во членот 3, не смее да ја загрози самостојноста и одговорноста на секој јавен обвинител во вршењето на функцијата. Канал 5 побара став и од Советот на јавните обвинители од каде велат дека не се детално запознаени со наводите иако разбрале од медиумите. Советот на ЈО, велат, не смее да се меша во работата на обвинителствата, но доколку добијат претставка ќе постапат согласно своите надлежности.

Во еден ден му извадиле 20 заби и му вградиле 12 импланти- се вратил дома и починал

Жителка на кинескиот град Јонгканг, неодамна поднела жалба до Општинското здравствено биро, а по смртта на нејзиниот татко.

Г-ѓа Шу наведува дека на несреќниот човек во еден ден во локалната стоматолошка клиника му биле извадени 20 заби и вградени 12 импланти. Таа тврди дека тоа ја предизвикало неговата прерана смрт 13 дена подоцна.

Ќерката тврди дека таткото во последните денови од животот претрпел „страшни болки“, пред да доживее срцев удар на 28 август, пренесува Oddity Central.

Таа бара одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата.

Според писмената согласност на пациентот, на мажот му биле извадени природните заби, по што на вилицата му биле дупнати 12 дупки за импланти.

Претставникот на клиниката, каде што била извршена процедурата, објаснува дека бројот на заби кои може да се вадат одеднаш го одредува лекарот, врз основа на општата состојба на пациентот.

Не постои специфична регулатива, а клиниката и лекарот мора да ја имаат предвид толеранцијата на болката на пациентот и ризикот од инфекција.

„Колку повеќе заби отстранувате, толку повеќе пациентот реагира на болка и поголема е веројатноста за постоперативна инфекција“, рече Ксијанг Гуолин, директор на Центарот за орална медицина во Вухан.

Истрагата е во тек, но претставник на Општинското биро за здравство изјави дека „докажувањето на вината може да биде тешко“, со оглед на тоа што смртта настапила 13 дена по постапката.

Ужас во Франција: Маж си ја убил сопругата и двете мали деца, на една и 5- годишна возраст

Во Морман, во Сена-ет-Марн, во областа Ил-д-Франс, е уапсен човек кој рекол дека штотуку го убил „своето семејство“.

Околу 06:00 часот во Мормант, полицаец кој не бил на должност, кој одел на работа, видел маж вооружен со нож како напаѓа друг минувач на улицата, објави ТВ БФМ.

Пешакот е повреден во раката, а другиот во вратот, „и двајцата без значителни последици“, изјави обвинителот Жан Мишел Бурле.

Полицаецот успеал да го стави под контрола и да го уапси.

Потоа рече дека штотуку го убил „своето семејство“, сопругата и двете деца на една и петгодишна возраст.

Осомничениот нема криминално досие, туку „психијатриска историја“, додаде обвинителот.

Тој во моментов е хоспитализиран за да се утврди дали е способен да биде во притвор.Отворена е истрага за убиство со умисла, соопшти обвинителот.

Во Франција во просек се случува фемицид на секои три дена.

Во 2023 година, родителите убиле повеќе од 60 деца, според Voa d-lanfan, здружение кое брои убиства врз основа на случаи објавени во медиумите.

„Операција саксија“ е во тек во Амстердам, жителите во тешка меѓусебна кавга

Властите во холандската престолнина Амстердам ја почнаа „операција саксии“, бидејќи, како што истакнаа, прекумерното поставување саксии околу зградите го загрозува пристапот до објектите.

Жителите со вознемиреност реагираа на плановите на властите во Амстердам да ги отстранат, според нив, непромислено поставените саксии, објави Гардијан.

Во пристапот што локалните медиуми го нарекоа „операција саксии“, централниот кварт на холандската престолнина ги ограничува жителите да постават два саксии со дијаметар од 50 сантиметри, направени од „одржлив“ материјал и поставени на предниот ѕид на зградата.

Ќе се отстранат цели „градини“ со саксии на паркинзи и под дрвја, се вели во меморандумот на градските власти.

На состанокот на градскиот совет во вторникот, претседателката на Централниот извршен комитет на Амстердам, Амели Стренс, рече дека напуштените саксии со цвеќиња се непривлечни, лоши за биолошката разновидност и ги прават објектите помалку достапни за оние кои користат помагала за мобилност и инвалидски колички.

Некои жители на Амстердам се задоволни што градот реагира на загриженоста на луѓето за преполните тротоари, додека други посочуваат дека напуштените или паркирани велосипеди и тераси во баровите зафаќаат голем дел од јавните површини, како и отпадот, наведувајќи дека преголем број туристи го посетуваат градот.

притисни ентер