ВМРО-ДПМНЕ: Приоритет за Заев се личните бизнис интереси, а не добросостојбата на граѓаните

Приоритет за Зоран Заев се личните бизнис интереси, а не добросостојбата на граѓаните.

Затоа Заев не се занимава со енормното загадување, доцнењето и стотици милиони евра поскапата изградба на клиничките центри во Скопје и Штип, туку се фокусира на предизборно, шверцерско протнување на законот за контрола на опојни дроги.

Нивите со марихуана на Вице му се поважни и од датум и од реформи и од изградба на патишта.

Криминалната власт предводена од Зоран Заев овие три години наместо да донесе живот кој што го ветуваа, донесе живот само за лицата блиски до кланот на Заеви.

Во овие три години Заев, заборави на граѓаните и се посвети на полнење на сопствените џебови.

За да можат да се полнат џебовите на кланот Заеви, пратениците од СДСМ брзаат да го изгласат Законот за опојни дроги во Собрание.

За да можат да се полнат џебовите на кланот Заеви, во погон е ставена и извршната и законодавната власт.

Семејството Заеви е вклучено во две компании кои произведуваат марихуана, а според информациите кои кружат се „МАМ" од Св. Николе и „Фарма медика канабис" од Валандово.

Граѓаните го препознаа вистинското лице на власта кое изминатите три години заборави на нивните потреби.

Граѓаните гледаат кој работи за нивниот интерес, а кој работи за интересот на криминално-рекетарската банда на цело со аболицираниот Зоран Заев.

На 12 Април граѓаните ќе стават крај на овие криминални политики на СДСМ и Заев.

На 12 Април граѓаните ќе изберат политики кои ќе бидат насочени кон подобар и поквалитетен живот.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Пронајдени мигранти од Ирак и Турција

Полициски службеници од ОВР Неготино пронашле тројца мигранти, двајца од Република Турција и еден од Ирак, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Мигрантите се пронајдени рано утрово, во 02.15 часот, на автопатот А1 кај Неготино по што се предадени на Полициската станица за граничен надзор Михајлово за натамошна постапка.

Британскиот министер за надворешни работи, Камерон ќе ја посети Тирана

Поранешниот британски премиер Дејвид Камерон, сега државен секретар за надворешни работи во Владата на премиерот Риши Сунак, во средината на идната недела се очекува да допатува во Тирана.

Дипломатски извори во Лондон и Тирана за Топ чанел изјавиле дека оваа посета на лордот Камерон се очекува да се случи на 22 мај, доколку нема промена на агендата во зависност од случувањата во Велика Британија.

-Во фокусот на посетата не е некое конкретно прашање, туку продолжување на британската поддршка за Албанија. Во Тирана се очекува лордот Камерон да ја оцени координацијата со Министерството за внатрешни работи во спречувањето на илегалната имиграција и соработката на СПАК со НЦА против организираниот криминал, додава телевизијата.

Според истиот извор, премиерот Еди Рама деновиве имал телефонски разговор со неговиот колега Риши Сунак, под притисок на јавното мислење и неговото внатре во Конзервативната партија за минување на Ла Манш со гумени чамци на илегални имигранти.

Во 2022 година со моторни чамци на британско тло пристигнале 13 илјади албански граѓани, оваа бројка е намалена за 90 отсто во текот на 2023 година кога заминале само 900, а во периодот јануари-април годинава само 20 албански граѓани. /МИА

Тренерот на младинците ќе го води Јувентус до крајот на тековната сезона

Тренерот на тимот на Јувентус до 21 година, Паоло Монтеро ќе го предводи сениорскиот тим до крајот на сезоната, објави клубот од Торино на својот официјален сајт.

Педесет и двегодишниот Уругваец ќе го претставува тимот на натпреварите против Болоња и Монца.

Досегашниот тренер Масимилијано Алегри пред два дена доби отказ и покрај освоениот трофеј во Купот на Италија.

Алегри беше на чело на Јувентус од мај 2021 година. Под негово водство тимот освои 80 победи, 34 пати ремизираше и претрпе 35 порази.

На две кола пред крајот на сезоната во Серија А, Јувентус е на четвртото место со 67 бодови. /МИА

притисни ентер