Ева Лонгорија објави снимки во бикини, ужива во Шпанија со синот и сопругот (ФОТО)

Ева Лонгорија, 49-годишна актерка со латиноамериканско потекло, се одмара со сопругот Хозе Бастон и 6-годишниот син Сантијаго во Марбела, Шпанија, каде што имаат голем имот.

На Инстаграм покажа фотографија во темно сини бикини, а сподели и неколку семејни сцени.

„Надвор од канцеларија“, напишала накратко во описот. „Боже мој, каква убава сопруга“, „Убаво семејство“, „Ти завидувам како го поминуваш Божиќ“, „Уживај, заслужуваш“, ѝ напишале обожавателите.

Ева неодамна откри дека таа и нејзиното семејство живеат меѓу Шпанија и Мексико. Сепак, Лонгорија сакаше да објасни дека тоа не е поради резултатите од претседателските избори во САД, кои неодамна жестоко ги критикуваше.

„Можете ли да им кажете на сите дека не ги напуштив САД поради Трамп?“ рече Лонгорија на подкаст. „Во Европа сум веќе скоро три години. Не заминав поради политичкиот амбиент, заминав затоа што работата ме однесе таму.“ Таа, исто така, призна дека живеењето надвор од САД ѝ овозможува да се оддалечи од постојаните вести и додаде дека шпекулациите за тоа дали се преселила поради американската политика ги „поделуваат луѓето“.

Во интервју за Мари Клер, актерката објасни дека забавната индустрија во Холивуд почнала да се менува долго пред изборите во 2024 година, што влијаело на одлуката на нејзиното семејство да се пресели.

„Го поминав целиот мој возрасен живот во Калифорнија, но дури и пред пандемијата нештата се менуваа. Енергијата беше поинаква. Потоа се случи Ковид и сè турна на работ. Без разлика дали тоа е бездомништво или даноци - не сакам да ја критикувам Калифорнија - но чувствувам дека тоа поглавје од мојот живот е завршено “.

Режисерката и актерка признала дека е привилегирана бидејќи има можност да се пресели во друга земја, пренесува Independent.

„Можам да побегнам и да одам некаде. Повеќето Американци немаат толку среќа. Тие ќе останат заглавени во оваа дистописка земја, а јас сум вознемирена и тажна за нив“, рече Лонгорија.

Познат инфлуенсер објави снимка од запалена џамија во БиХ: Изгоре до темел (ВИДЕО)

Тиктокер и популарен диџеј го сними пожарот кој среде ноќ ја зафати џамијата во Брчко и кој буквално ја срамни.

Тој објави видео на Тикток пред сериозно запалената џамија:

„Драги мои, џамијата изгоре до темел“, рекол познатиот диџеј.

Откако го објави видеото, мрежите буквално се запалија, а имало и разни коментари.

@viidgens Džamija kod doma zdravlja u Plamenu. Nezgoda u Brčko Distriktu je prijavljena nekoliko sati posle ponoci. Ovaj video snimak je nastao u 03:15h 26.12. Policija je osigurala okolinu dok su vatrogasci vrijedno gasili vatru koja u vrijeme nastanka videa nije bila u potpunosti zagašena. #brcko #bosna #district ♬ original sound - V I I D GENS

Инаку, Хаџи-пашината џамија во Брчко била целосно опожарена вчера во раните утрински часови.

Причините за пожарот се уште не се утврдени, а како што се наведува во босанските медиуми, немало повредени. Направена е огромна материјална штета.

СЗО: Во израелски напад на Јемен е тешко повреден вработен во ОН

Вработен во ОН вчера бил ранет во израелски воздушен напад на главниот аеродром во Јемен и бил пренесен на лекување во Јордан со сериозни повреди, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Израелските власти соопштија дека нападнале повеќе цели поврзани со Хутите, јеменско движење на страната на Иран, вклучувајќи го и меѓународниот аеродром во главниот град Сана, а медиумите на движењето наведуваат дека најмалку шест лица се убиени.

„Нападите врз цивили и хуманитарци мора да престанат, насекаде. #NismoMeta“, напиша генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус во објавата на X, која го покажа во авион покрај повреден човек на носилки.

Тедрос бил на аеродромот и чекал да замине кога се случило воздушното бомбардирање, при што е повреден човек кој работел за хуманитарната воздушна служба на ОН. Портпаролот на СЗО изјави дека мажот е тешко повреден.

Шефот на СЗО потврди дека тој и вработениот во ОН сега се во Јордан.

Мажот бил успешно опериран, а потоа евакуиран на понатамошно лекување, рече Тедрос.

Тој бил во Јемен за да преговара за ослободување на притворениот персонал на ОН и да ја процени хуманитарната ситуација.

притисни ентер