Влада: На Претседателот на државата ќе му биде доставен извештај со предлог за вонредна состојба

Владата на 41- седница соопшти дека уште 118 компании со 1116 вработени ќе користат бескаматни кредити, се продолжува рокот за плаќање на годишната закупнина за државно земјиште за 2019 година до 31 октомври 2020 година.

Владата на денешната 41-ва седница донесе заклучок да достави предлог до Претседателот на Македонија со извештај за досега преземените активности од државните институции, со кој се аргументира дека за успешно справување со коронавирусот во државата потребна е вонредна состојба.

На денешната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата на развојната банка на Македонија за вториот пакет одобрени барања од обработените апликации на компании кои ги исполнуваат условите и критериумите за бескаматни кредити од Јавниот повик од првиот пакет економски мерки.

Согласно оваа информација, на уште 118 компании со 1.116 вработени, им се одобри користење на бескаматни кредити во вкупен износ од 936.602 евра.

Во првата и втората група, се одобрени вкупно 254 кредитни апликации во вкупен износ од 2,2 милиони евра, за компании со 2,853 вработени. По структура од вкупно одобрените кредитни апликации, микро компаниите до 10 вработени учествуваат со 69%, малите компании до 50 вработени учествуваат со 28%, а средните компании до 250 учествуваат со 4%.

Доставата на Информации со обработени кредитни апликации кои исполнуваат услови до Владата ќе се одвива редовно, на неделно ниво, сè додека не се исцрпат во целост средствата од кредитната линија Ковид 19. Досега до Развојната банка на Македонија се пристигнати повеќе од 1,050 кредитни апликации на износ од 7,5 милиони евра.

Најдоцна до крајот на неделата Развојна банка ќе стапи во контакт со сите компании чии кредитни апликации беа одобрени на денешната седница на Влада заради реализација на договорите за кредит.

На оваа своја седница Владата донесе Уредба со законска сила за исплата на авторски хонорари за лица ангажирани во органите на државната власт (законодавна, извршна и судска), регулаторните тела, агенциите, државните комисии, правните лица во целосна или доминантна државна сопственот, единиците на локалната самоуправа и градот Скопје и правните лица основани од единиците на локалната самоуправа и градот Скопје.

Со оваа уредба со законска сила се уредува висината и начинот на исплата на паричниот надомест по основ на склучен договор за дело на лица ангажирани во овие институции со што се утврдува дека на овие лица им се исплаќа целосен паричен надомест, за време на траењето на вонредната состојба, како и по престанокот на траењето на вонредната состојба до 31-ви декември 2020 година, доколку лицето со денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила не е евидентирано како пријавено вработено лице во Агенцијата за вработување.

Доколку лицата опфатени со оваа уредба со законска сила, со денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила се евидентирани како пријавени вработени лица во Агенцијата за вработување, ќе им се исплаќа 50% од паричниот надомест кој е определен во договорот за дело, но најмногу во висина од 30.000 денари.

Оваа уредба со законска сила не се однесува на лицата кои склучиле договор за дело со органите на државната власт, регулаторни тела, агенции, државни комисии, правните лица во целосна државна сопственост, единица на локалната самоуправа и Градот Скопје и правни лица основани од единиците на локалната самоуправа и Градот Скопје, за реализација на проекти финансирани или кофинансирани со заеми и средства од странски кредитори, меѓународни донатори и финансиери.

Владата денеска ја донесе Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на додадена вредност за време на вонредна состојба со која утврдува ослободување од данокот на додадена вредност за прометот на добра и услуги кои како донација се дадени на буџетски корисници како и прометот на добра и услуги извршен кон буџетски корисници остварен со донирани финансиски средства.

Прометот кој се ослободува од данок на додадена вредност со оваа уредба е со цел поедноставување и олеснување на процесот на донации остварени кон буџетски единици.

Со цел поголемо стимулирање на потенцијалните даватели на донации кон буџетските корисници прометот остварен кон примателите на донации - буџетски корисник, се ослободува од данокот на додадена вредност со право на одбивка од претходен данок под услов давателот на донацијата да поседува потврда за примена донација од страна на примателот на донацијата.

Прометот на добра и услуги кој се реализира од донирани финансиски средства се ослободува од данокот на додадена вредност доколку примателот на донацијата - буџетски корисник достави изјава дека прометот се реализира со донирани финансиски средства.

Даночните обврзници исто така ќе имаат право на одбивка доколку се исполнети условите пропишани во Законот за данокот на додадена вредност.

Вршителот на прометот односно давателот на донацијата од оваа предлог уредба се должни да водат евиденција за прометот на добра и услуги кон буџетскиот корисник-примател на донацијата.

На предлог на министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Владата на оваа седница ја донесе Уредбата за дополнување на уредбата со законска сила за примена на законот за земјоделското земјиште за време на вонредна состојба со која заради надминување на економските потешкотии на закупците кои ќе настанат заради вонредната состојба поради епидемијата се продолжува рокот за плаќање на годишната закупнина за 2019 година до 31 октомври 2020 година, и нема да се врши еднострано раскинување на договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост заради неплатена годишна закупнина до 31 октомври 2020 година.

Согласно денеска усвоената Уредба со законска сила за примена на Законот за возила за време на вонредна состојба, се одложува рокот за продолжување на овластувањата на правните лица за вградување на уреди за погон на течен нафтен гас и компримиран земјен гас и се продолжува за 60 дена од денот на истекот на траењето на вонредната состојба.

Со оваа Уредба, важноста на решението за овластувањето на техничка служба за работите кои ги вршат правните лица кои се овластени со решение од Министерството за економија, на предлог за овластување за техничка служба од органот за одобрување, а врз основа на издаден Сертификат за акредитација од органот за оцена на компетентност, чиј рок на важење е истечен или ќе истече за време на траењето на вонредната состојба, се продолжува за време на траењето на вонредната состојба.

Китови потонаа уште еден брод- орка со заби го крши кормилото (ВИДЕО)

Едреник заврши на дното на морето во близина на Гибралтар по последниот напад од кит убиец кој потопи неколку бродови од 2020 година.

Членовите на екипажот на бродот повикале спасувачи околу 9 часот наутро во неделата и пријавиле дека орките го оштетиле нивниот брод во близина на ртот Спартел, во мароканските води.

Екипажот рече дека почувствувале страшни удари на трупот, а потоа нивното кормило било оштетено. Морнарите забележале дека водата почнува да навлегува во бродот и се плашеле дека во секој момент ќе потоне, пренесува El Pais.

За среќа, еден час подоцна биле спасени од екипажот на блискиопт танкер. Едреникот на крајот завршил на дното на морето.

Експертите веруваат дека орката од 15 ибериски китови убијци, позната како гладис, е одговорна за првото потонување на брод оваа година.

Јатото, предводено од Бела, Црна и Сива Гладис, се движи меѓу северниот дел на Пиринејскиот Полуостров и Гибралтарскиот Проток и уништиле неколку чамци низ годините.

Тие се поврзани со вкупно седум бродоломи - пет јахти и два рибарски чамци - и стотици застрашувачки средби каде што нападнале чамци во области во близина на Гибралтар, Шпанија, Португалија, Франција и Мароко.

Експертите велат дека удирањето чамци е само игра за морските цицачи и знак за „дружење“, а не борба за опстанок.

Работната група Орка Атлантик (GTOA) има регистрирано најмалку 673 интеракции - кога китовите убијци се приближуваат до чамците со или без контакт - помеѓу орки и пловни објекти од 2020 година.

Студијата од 2022 година во Marine Mammal Science заклучила дека нападите на малите чамци го следат истиот модел: орките се приближуваат од крмата, го оневозможуваат чамецот удирајќи во кормилото, а потоа губат интерес.

Според експертите, орките веројатно ги учат другите поединци како да ги бркаат и напаѓаат бродовите, особено нивните млади.

Некои веруваат дека китовите убијци научиле како да запрат брод, па сега учат и други поединци да го прават истото.

Да потсетиме, минатата година во напади беа оштетени десетици бродови.

Семејството на Шумахер ја продаде неговата колекција часовници, заработија милиони

Часовниците што му припаѓаат на легендата на Формула 1, Михаел Шумахер, денеска беа продадени за околу 4 милиони швајцарски франци (4,41 милиони долари) на аукцијата на Кристи во Женева.

Осум часовници, меѓу кои и Rolex часовниците, F.P. Journe и Audemars Piguet, беа ставени на продажба од семејството на Шумахер, кој не е виден во јавноста откако претрпе тешка повреда на главата при пад при скијање надвор од патеката во 2013 година.

F.P. Journe е продаден за 1,5 милиони швајцарски франци со изгравирана порака што му го дал на Шумахер како божиќен подарок неговиот тимски шеф на Ферари, Жан Тод. Друг прилагоден часовник, Royal Oak од Audemars Piguet, е продаден за 415.800 швајцарски франци, надминувајќи ја неговата проценка од 150.000 до 250.000 франци.

„Колекционерите беа многу среќни што ги открија овие часовници потопени во историјата“, рече Реми Гилемин, шеф на часовниците на Кристи за Европа. Часовниците поврзани со 55-годишниот седумкратен светски шампион Шумахер се дел од пошироката колекција во сопственост на семејството.

Озлогласен европски криумчар на мигранти, кој со години се криел, е уапсен - дал ТВ интервју

Еден од најозлогласените европски шверцери на луѓе е уапсен во Ирак по истрага на Би-Би-Си.

Барзан Маџид е уапсен во неделата наутро во Ирачки Курдистан, потврди владин претставник.

Тој и неговата банда неколку години биле инволвирани во трговија со луѓе - со чамци и камиони - преку Ла Манш.

Би-Би-Си успеале да го следат Маџид, кој е познат и како Скорпија, до градот Сулејманија, каде што тој изјавил дека превезол илјадници мигранти преку каналот.

„Можеби илјада, можеби 10.000. Не знам, не броев“, рече тој.

Висок член на Регионалната влада на Курдистан рече дека официјални лица ги искористиле наодите на Би-Би-Си за да го лоцираат Маџид.

„Во 7 часот наутро бил уапсен пред неговата куќа, го уапсиле веднаш штом излегол од куќата и без поголеми проблеми“, изјавил службеникот.

„Сега овде, пред сè, ги разгледуваме обвиненијата против него, а потоа ќе разговараме со европската полиција и обвинителството кои сакаат да го истражат и да се справат со него“, додаде тој.

Апсењето го потврди и британската Национална агенција за криминал (NCA).

„Ние сме му благодарни на Би-Би-Си што го истакна неговиот случај и остануваме решени да сториме сѐ што е во наша моќ за да ги попречиме и разбиеме криминалните мрежи вклучени во шверц на луѓе во Британија, каде и да дејствуваат“, се вели во соопштението.

Помеѓу 2016 и 2021 година, се верува дека бандата Скорпион контролирала голем дел од трговијата со шверц на луѓе меѓу Европа и Велика Британија.

Двегодишна меѓународна полициска операција резултира со пресуди на 26 членови на банди пред судовите во Велика Британија, Франција и Белгија.

Но, самиот Скорпија избегнал фаќање и побегнал. Нему му било судено во отсуство пред белгискиот суд и е осуден по 121 точка за криумчарење луѓе. Во октомври 2022 година тој е осуден на 10 години затвор и парична казна од 968.000 евра.

Неговото живеалиште било непознато сѐ додека Би-Би-Си не го пронајде.

Во априлската изјава, Маџид се чини дека покажува мало сочувство за удавените мигранти.

„Господ (запишува) кога ќе умреш, но понекогаш тоа е твоја вина. Бог никогаш не вели: „Влези во чамецот“, рече тој.

На крајот, тој се согласил да се сретне со новинар во трговски центар во Сулејманија. Таму тој негирал дека е главен играч во врвот на криминалната организација. Тој рече дека други членови на бандата се обиделе да го вмешаат.

„Неколку луѓе, кога ќе бидат уапсени, велат: „Работиме за него“, додаде тој.

„Никој не ги тераше. Сакаа, ги молеа шверцерите: „Ве молам направете го ова за нас...“, рече тој.

Ен Луковиак од Јавното обвинителство во Белгија ја поздрави веста за неговото апсење.

„Конечно имаме шанса да видиме дека правдата е задоволена во овој случај, дека тој директно се соочува со своите злосторства и одговара за нив“, рече таа.

Новинарката на Би-Би-Си, Сју Мичел и хуманитарниот работник Роб Лори беа тие што тргнаа во драматичниот лов по еден од најбараните криминални босови во Европа. Со кодно име Скорпион, тој прошверцувал илјадници луѓе во Обединетото Кралство и до сега бил во бегство.

притисни ентер