Таа потврди дека следниот албум најверојатно ќе ѝ биде последен. За време на неодамнешниот настап во театарот „Лицеум“ во Лондон, таа ѝ се обрати на публиката и рече дека е време да ја заврши кариерата.
Според The Sun, таа изјавила дека е многу возбудена поради нејзините нови песни и дека новиот албум ја разнесе, а потоа се пошегувала на сметка на нејзините години. „Стара сум, секаде сум најстара, освен кога сум во старечки дом“, вели таа.
Таа откри и дека би сакала повторно да наполни 60 години. Таа призна дека не ѝ било секогаш лесно да се справи со стареењето и дека најмногу сака да биде опкружена со млади луѓе. „Ми се допаѓаат младите бидејќи многу од моите пријатели не се забавуваат толку многу“, рече таа.
Познатата музичарка моментално е во врска со 40 години помладиот Александар „АЕ“ Едвардс. Парот имаше бројни јавни настапи во текот на изминатата година. „Љубовта не знае математика“, беше нејзиниот одговор на критиките со кои се соочува поради нивната голема разлика во години.
Потсетуваме, Шер неодамна го објави првиот дел од своите мемоари, во кои откри дека на 14 години првпат спиела со некого. Како што изјавила, нејзиниот прв секс бил „секс од одмазда“. Шер објасни дека „се сплеткала со слатко италијанско средношколече во раните 60-ти“. Иако не сакала да има секс со него, на крајот решила да ја „изгуби невиноста“ откако тој ја „засрамил“.
Рекла и дека со години не знаела кое име ѝ пишува на изводот од матичната книга на родените. „Верував дека се викам Шерилин до години подоцна кога решив законски да го сменам името во Шер“, напиша таа. Имено, во изводот на родените не пишувало Шерилин, туку Шерил.
„Бев шокирана кога дознав дека сум наведена како Шерил“, додаде Шер, велејќи дека ја прашала мајка си Џорџија Холт дали воопшто го знае нејзиното вистинско име. Џорџија тогаш ѝ кажала дека била тинејџерка кога ја родила.
Пејачката е позната под името Шер од 1979 година. Потоа ги отфрлила своите четири презимиња: Саркисијан на татко ѝ и ЛаПјер на очувот, како и презимињата на нејзините поранешни сопрузи Сони Боно и Грег Алман.