Видео: Прва победа за Минесота во конференциското финале со Далас

Минесота тимбервулвс ноќеска на гостински терен го совлада Далас маверикс во четвртиот натпревар од финалето на Западната конференција на НБА плејофот со 105:100. 

Резултатот во серијата прв до четири победа сега е 3:1 за Далас.

До првата победа во полуфиналето од разигрувањето за титулата Минесота беше предводена од Ентони Едвардс кој забележа дабл-дабл - 29 поени и 10 скока. Имаше и девет асистенции и само едно додавање го делеше од троен ефект.

Трипл-дабл оствари Лука Дончиќ во поразениот тим. Словенечкиот кошаркар постигна 28 поени, 15 скока и 10 асистенции.

Петтиот натпревар во серијата ќе се одигра на 31 мај.

„Холивудскиот предатор“ живее во студ и нечистотија во затвор- ќе го тужи градот Њујорк

Озлагозомниот продуцент Харви Вајнштајн поднесе тужба против градот Њујорк, обвинувајќи ги властите за невнимание и необезбедување соодветна медицинска нега.

Неговите адвокати тврдат дека продуцентот, кој се наоѓа во затворот на островот Рикерс, добива супстандардна медицинска нега и се лекува во нехигиенски услови, пренесува АП.

Адвокатите на Вајнштајн тврдат дека затворот не обезбедува соодветна грижа за неговото влошено здравје. Продуцентот боледува од дијабетес и хронична миелоидна леукемија, а според неговиот тим живее во исклучително тешки услови. Особено го истакнаа студот и немањето чиста облека.

„За време на мојата последна посета, го најдов во крвава затворска облека, веројатно од инфузијата, која не беше испрана со недели. Не му обезбедија ни чиста долна облека - таквите услови тешко може да се наречат санитарни за лице со сериозни здравствени проблеми“, рече неговиот адвокат Имран Х. Ансари, кој условите во затворот ги спореди со гулаг.

Ансари ја обвини затворската управа за „медицинска небрежност“ и ја опиша ситуацијата како „сурова и невообичаена казна“. Тој додаде: „Занемарувањето на медицинските потреби на г-дин Вајнштајн илустрира зошто островот Рикерс е под лупа од јавноста и официјалните лица и е предмет на федерална истрага. Ние не живееме во општество каде што затворениците како г. Вајнштајн треба да бидат подложени на такви груб третман и непочитување на нивните медицински потреби“. Адвокатскиот тим на Вајнштајн бара отштета од 5 милиони долари.

Продуцентот годинава неколку пати завршуваше во болница, во април и јули. Според неговиот тим, тој се лекувал од дијабетес, висок крвен притисок, спинална стеноза, ефекти од коронавирусот и акумулација на течности во срцето и белите дробови.

Вајнштајн, кој негираше дека имал неконсензуален секс со некого, беше прогласен за виновен за силување во февруари 2020 година во случај што го поттикна движењето #MeToo.

Апелациониот суд во Њујорк ја отфрли пресудата во април, откривајќи дека Вајнштајн не добил фер судење, бидејќи судијата неправилно дозволил сведочење на луѓе за кои продуцентот не бил обвинет за напад. Тој е во затвор и чека повторно судење.

Син на хрватски пејач е брутално убиен во Еквадор- го изрешетале среде улица

Вчера во Еквадор во центарот на градот Манта е убиен хрватскиот државјанин Томислав Зеленчиќ (48), син на хрватскиот пејач Инослав Ино Зеленчиќ.

Томислав живеел во Манта неколку години, а бил убиен во близина на неговиот дом. Локалните медиуми јавуваат дека во него пукале луѓе кои возеле мотор и дека бил застрелан четири пати. Тој не починал на местото на злосторството, туку во блискиот здравствен дом само неколку минути откако пристигнал таму.

На местото на злосторството пристигнале агенти на Националната агенција за истраги на криминал за да соберат докази и да започнат истрага. Засега не се знае мотивот за вооружениот напад и се уште нема уапсени за убиството.

Еквадорските медиуми објавија дека Зеленчиќ поднел пријава за грабеж во 2016 година, која била решена со помирување. Според Дневник, Зеленчиќ е син на задарскиот пејач Инослав Ино Зеленчиќ, основач на групата Задар експрес.

Минатата година Еквадор беше обземен од бран насилство организиран од криминални групи. Особено опасно беше во градот Манта, поради што властите во јуни таму преместија дел од вооружените сили. Во округот каде што бил убиен, годинава се забележани 292 убиства.

Славески: Арсовска е на потег, приватните превозници бараат зголемување на цена на услуги

Арсовска е на потег, приватните превозници бараат зголемување на цена на услуги преку член во Советот на Град Скопје.

Приватните превозници преку член на Совет на Град Скопје бараат зголемување на цената на нивните услуги.

На потег е градоначалникот Арсовска, објави на X претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славевски, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

.

притисни ентер