Г7: Иран да престане да ги поддржува Хамас, Хезболах и Хутите

Г7 апелира Иран да се воздржи од давање поддршка на Хамас, Хезболах, Хутите и другите недржавни актери.

Министрите за одбрана на Групата седум индустриски најразвиени земји (Г7) денеска упатија апел до Иран да престане да ја поддржува палестинската група Хамас, но и нејзините сојузници – Хезболах во Либан и Хутите во Јемен, кои се ангажирани на фронтовите против Израел.

- Г7 апелира Иран да се воздржи од давање поддршка на Хамас, Хезболах, Хутите и другите недржавни актери, како и од преземање какви било дополнителни мерки кои би можеле да го дестабилизираат регионот и да иницираат процес на „неконтролирана“ ескалација, се наведува во заедничката изјава по состанокот во Неапол.

Министрите повикаа и на „значително и одржливо зголемување“ на хуманитарната помош за Појасот Газа.

- Земјите од Г7 се обединети во нивната поддршка за потребата од итен прекин на огнот во Газа, ослободување на сите заложници, значително и одржливо зголемување на протокот на хуманитарна помош низ Појасот Газа и пат кон решение со две држави, се наведува во заедничка изјава.

Министрите ја потврдија својата „непоколеблива“ поддршка за Украина, вклучително и воена поддршка.

- Ја потврдуваме нашата непоколеблива поддршка за слободата, суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина, сè додека е потребно. Ја нагласуваме нашата намера да продолжиме да обезбедуваме помош за Украина, вклучително и воена, на краток и долг рок, се додава во заедничката изјава.

Земји-членки на Г7 се САД, Франција, Германија, Италија, Канада, Велика Британија и Јапонија.

Фото: Српска пејачка како секси собарка?!

Атрактивната српска пејачка Сандра Продановиќ, позната како Сандра Африка и нејзиниот колега MC Стојан ја најавија својата нова песна со необичен спот со кој  предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи.

Видеото и фотките на пејачката во костим на француска собарка ги запали социјалните мрежи.

На видеото објавено на TikTok, атрактивната Сандра се појавува во секси костим на француска собарка со рачка за чистење прашина во раката.

Таа заводливо танцува, а во еден момент кога се наведна покажа повеќе отколку што планираше.

Фото: Ирина Шајк во танга!!

Фотографиите од руската „секс бомба“ манекенката Ирина Шајк од ревијата на ВС во Њујорк ги преплавија социјалните мрежи. Меѓу нејзините милионски фанови посебно се коментира и гледа, совршениот задник на Ирина во танга.  

Ирина Шајк беше добредојдена гостинка на неодамна одржаната ревија на „Викторија сикрет“. Таа гордо се прошета на модната писта во улога на модел, а сите присутни останаа без здив.

Фаталната руска манекенка за оваа пригода облекла атрактивно боди од црна тантела, а целото издание го комплетирала со мрежеста наметка со интересни детали во форма на ѕвезди.

Таа на Инстаграм објави фотографии од таа вечер, а благодарение на нејзиниот уметнички дух имавме можност да видиме што „се случувало зад сцената“.

Прелистувајќи ги нејзините фотографии јавноста виде како течеле подготовките за овој моден спектакл, а посебно внимание привлекоа две фотографии.

Имено, на фотките Ирина гордо ја покажа позадината пред објективот на камерата, што со воодушевување е прифатено од нејзините фанови.

На аеродромот во Тирана регистрирана рекордна бројка патници

На аеродромот во Тирана регистрирана рекордна бројка патници, до година во функција и аеродромот во Валона.

Албанската вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика Белинда Балуку информираше дека на аеродромот во Тирана регистрирана е рекордна бројка патници и најави дека до година во функција ќе биде и новиот аеродром во Валона.

- На меѓународниот аеродром „Мајка Тереза“ за девет месеци регистрирани се 8,25 милиони патници или 53,7 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година. Туристичките текови ги надминаа очекувањата поставени на почетокот на годината и во секој поглед истата е рекордна, изјави Балуку.

Таа додаде дека прогнозите за бројот на патници на аеродромот до крајот на годината се 10,4 милиони патници и изрази уверување дека и оваа бројка ќе биде надмината.

- Предвидуваме дека годината ќе заврши со 69.000 летови, кои во текот на годината се рамномерно распоредени. Има зголемување и на бројот на нови дестинации кон Европа на 136, наспроти 109 колку што имаше во 2023 година, посочи министерката.

Таа најави дека следната година ќе биде пуштен во употреба новиот аеродром во приморскиот град Валона, со што Албанија ќе добие еден од најголемите аеродроми во регионот со писта од категорија Е, долга 3,2 километри.

- Очекуваме да имаме прекуокеански летови, кои ќе придонесат во зголемување на бројот на туристи кои доаѓаат од таму, посочи Балуку.

притисни ентер