Видео конференција на министрите за надворешни работи од Западен Балкан и од земјите членки на ЕУ од ЈИЕ

Видео конференција на министрите за надворешни работи од Западен Балкан и од земјите членки на ЕУ од ЈИЕ, како и високи претставници на ЕУ институции, со цел координација во справувањето со последиците од пандемијата на Ковид – 19

Денес, на заедничка иницијатива на министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров и на министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас, се одржа министерска видео-конференција, на министрите за надворешни работи од земјите од Западен Балкан и земји членки на ЕУ од ЈИЕ (Бугарија, Грција, Романија, Словенија, Хрватска), како и еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји, генералната секретарка на Европската служба за надворешни работи на ЕУ Хелга Шмид и директорот во Генералниот директорат за миграција и внатрешни работи на Европската комисија, Јоханес Лухнер.

Целта на Конференцијата беше отпочнување на дискусија помеѓу Министерствата за надворешни работи како тие можат успешно да придонесат, преку заемна соработка, во следните фази од справување со социо-економските последици кои ги предизвика пандемијата на Ковид -19. Во фокусот беше тековната и идна соработка поврзана со можните начини за регулирање на прекуграничното патување, транспортот и туризмот, како и заемната поддршка на економиите на земјите во светло на пакетот насоки и препораки на Европската комисија објавен на 13 мај за тоа како да им помогне на земјите членки постепено да ги подигнат ограничувањата за патување и да се овозможи повторно отворање на туристичкиот сектор, имајќи го предвид здравјето на граѓаните како приоритет.

„Особено задоволство претставува што за кратко време со грчките пријатели, нешто што беше незамисливо до пред неколку години, успеавме да бидеме виртуелни ко-домаќини на колегите од Регионот, од ЕУ земји членки во негова непосредна близина и на високи ЕУ претставници, како би иницирале дискусија за заедничката соработка во следната фаза по појавата на пандемијата. Чувството на заедништво што се создаде по иницијалниот шок од кризата, верувам дека со заеднички и координирани чекори ќе го развиваме и понатаму, а во насока на што поскоро и побезбедно враќање кон редовни социо-економски текови на нашите општества и закрепнување од последиците од КОВИД-19. Благодарност и до нашите ЕУ партнери за чувството дека нè земаат предвид при носење на мерки и насоки од различен карактер при менаџирање со кризата, справување со последиците и постепеното излегување од рестриктивните мерки. Сето тоа дава увереност дека таквиот пристап ќе продолжи и во иднина, во насока на целосна интеграција на Западниот Балкан во ЕУ. Заедничката изјава што денес ја усвоивме е уште еден показател во тој поглед."изјави Никола Димитров министер за надворешни работи.

Заеднички беше констатирано дека како и во многу други предизвикувачки кризи што ги надминуваат националните граници, пандемијата Ковид -19 докажа дека солидарноста, соработката и координацијата на билатерално, регионално и меѓународно ниво, се клучни за отстранување на заканите и последиците. Министрите се согласија дека ова е особено применливо на регионално ниво, како и помеѓу ЕУ и ЗБ земјите, поради меѓуповрзаноста и бидејќи чекорите и одлуките што се преземаат од една земја имаат непосредно влијание врз живот на граѓаните во другите земји од непосредното соседство.

Министрите заклучија дека главен приоритет на кои треба да се работи е рестартирање на економијата и адресирање на социјалните импликации од економскиот пад, предизвикан од пандемијата. Во овој контекст, потребна е интензивирана и продлабочена соработка за утврдување на заемни решенија со цел зајакнување на трговијата, безбедно продолжување на прекуграничното патување и транспортот, преку размена на информации на најдобри практики и развивање и почитување на усогласени здравствени протоколи, со цел целосно економско закрепнување.

600 француски жандарми ја почнаа акцијата во Нова Каледонија

Француските сили започнаа „голема операција“ во Нова Каледонија, на далечниот исток, а немирите синоќа однесоа уште еден живот, објави британски Гардијан.

Француските сили пробуваат да ја вратат контролата врз патот долг 60 километри што го поврзува главниот град на нова Каледонија Нумеа со главниот меѓународен аеродром, за што испратени се 600 тешко вооружени жандарми. Денеска е шести ден од избувнувањето на насилните немири, предизвикани од плановите во Париз да се воведат нови правила за гласање кои би можеле да им дадат право на глас на десетици илјади жители што не се домородни. Групите за независност велат дека тоа ќе го намали гласот на домородните канаци, кои сочинуваат околу 40 отсто од населението.

Летовите до и од главниот остров на Нова Каледонија се откажани од почетокот на немирите, блокирајќи патници и прекинувајќи ги трговските патишта.

Елегантни моторџии низ скопските улици во обид да ја подигнат свеста за машкото здравје

Стотици дотерани моторџии денеска дефилираат низ скопските улици со цел подигање на свеста за машкото здравје и превенција на рак на простатата.

Моторџиите облечени во палта и вратоврски по девети пат земаат учество во глобалниот хуманитарен мотоциклички настан, а собраните донации од учесниците одат во фондацијата за борба против рак на простатата „Мовембер“ во Лондон .

Организаторот на настанот во Скопје Игор Стефановски објаснува дека Глобалното движење започнало 2012 година во Сиднеј од група моторџии, во чест на нивниот пријател кој починал од рак на простатата, по што станува најголем глобален собир на мотоциклисти на светско ниво.

- Тие губат другар од рак на простатата, во негова чест почнуваат собирање, чисто клубски прво, меѓутоа сакаат да пренесат порака дека мотоциклистите не мора секогаш да бидат бучни, во кожни вентијаги и одлучуваат настанот да го направат дотерани, костумосани што би се рекло. Така да настанот со текот на годините настанот излегува од рамките на Австралија и се шири низ целиот свет. - Игор Стефановски – организатор

Во движењето на глобално ниво учествуваат околу 100.000 мотоциклисти од 110 држави. Во Скопје оваа година има рекорден број на официјално пријавени учесници, над 170. Тие велат дека се особено горди што се дел од ваков настан.

- Чувството да се вози на ваков настан е навистина убаво бидејки да си џентлмен и да правиш нешто што помага за да се поттикне машкото здравје е многу убава работа, веќе 8 години возам на gentlemens ride и е настан кој дефинитивно не се пропушта.- Филип Арсовски – учесник

- Чувството е одлично, се работи за еден интернационален настан кој ја потикнува важноста од борбата за машкото здравје, би препорачал на сите граѓани што повеќе да земаат учество во вакви хуманитарни настани и да ја гајат културата на старите мотори, олдтајмер возилата.- Златко Ивановски – учесник

Скопје е дел од ова движење од 2016 година. Досега учествувале 1.172 учесници, а собрани се над 18.000 евра. Од основањето на движењето досега глобално се собрани над 50 милиони долари кои се донираат во институции и болници за машко здравје.

Сообраќаен хаос во Клиничкиот центар во Скопје

Вакво е секојдневието во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Колони возила, свирежи и нервозни граѓани. Огромниот сообраќаен хаос за влез во клиниките е најизразен во утринските часови.

Ова е проблем со кој се соочуваат граѓаните години наназад и движењето низ клиниките е исклучително отежнато.

-И покрај тоа што во Клиничкиот центар има паркинг, се чини дека тој не е доволен да ги собере сите возила. Дел од нив се паркираат и на лентата за возилата за Брза Помош.

А токму несоодветно паркираните возила дополнително го заглавуваат сообраќајот низ клиничкиот центар.

Луѓето што ги анкетиравме се разочарани за целиот сообраќаен хаос што се случува во клиничкиот центар. Велат – ем плаќаат паркинг, ем губат време, ем не завршуваат работа.

Клиничкиот центар во Скопје располага со над 900 места за паркинг, а нови 600 предвидува новиот детален урбанистички план кој во февруари годинава го донесе Општина Центар. Сепак, и ова е мала бројка бидејќи според провен ките дневно во Клинички влегувата околу 5000 возила.

Иако низ годините помпезно од речиси сите министри беа најавувани брзи решенија за надминување на хаосот на Клинички, досега ништо од ветеното не е реализирано.

притисни ентер