Вести на Канал 5 во 18, 26.07.2024

Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Трамп ги обвини Бајден и Харис за обидот за атентат: Тие се вистинската закана

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска ги обвини сегашниот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис за вториот обид за атентат во неговиот голф клуб во Флорида.

За време на интервју за Fox News Digital, Трамп рече дека осомничениот верувал во изјавите на Бајден и Харис и постапил според нив. „Тие пукаат во мене поради нивната реторика. Јас сум тој што ќе ја спаси земјата, а тие се тие што ја уништуваат - и внатре и однадвор“, рече тој.

Тој алудираше на коментарите на Бајден и Харис дека Трамп е закана за демократијата. „Тоа се луѓе кои сакаат да ја уништат нашата земја. Бајден и Харис се вистинска закана. Тие користат запаливи изјави. Јас би можел да го направам тоа, многу подобро од нив, но не го правам тоа“, рече Трамп.

Си-Ен-Ен вели дека Трамп често користи „запалива“ реторика за да ги нападне политичките ривали, судиите кои ги надгледуваат неговите кривични случаи, обвинителите кои го обвинија, имигрантите без документи, луѓето кои не ја поддржуваат неговата кампања и други.

Трамп, исто така, вети одмазда доколку биде реизбран за претседател и постојано сугерираше дека ќе го користи правосудниот систем како оружје за гонење на неговите политички противници.

Трамп неодамна се закани со гонење и „долги затворски казни“ за изборните функционери и политичарите кои може да мамат на изборите во 2024 година.

Само во една земја на светот месечно се продадени над милион електрични автомобили

Не е тешко да се погоди за која земја станува збор.

Се разбира, станува збор за Кина, чија автоиндустрија има драстичен напредок за само неколку години, етаблирајќи се како главен играч во имплементацијата на електрични погони во автомобилите. Понудата никогаш не била побогата и поконкурентна, а бројни кинески модели веќе почнаа да ги освојуваат странските пазари, вклучително и европските.

Дури и сега кога западниот свет бележи пад на интересот за електрични возила, продажбата на кинескиот пазар расте. Според најновиот извештај, Кина стана првата земја во светот каде за еден месец се продадени повеќе од еден милион електрични возила. Рекордот е постигнат во август, кога се бележи раст на продажбата од 33 отсто во однос на истиот месец лани. Уште еднаш да напоменеме дека Европа истиот период го заврши со минус од 4 проценти.

Според податоците на Rho Motion, глобалната побарувачка за електрични возила достигна 9,8 милиони електрични возила со раст од 20 проценти во август. Константен раст бележат и САД и Канада, додека Европа е во пад.

Ако се вратиме на Кина, вреди да се каже дека месечната продажба во август достигна 1,92 милиони возила, што е сепак пад од 1,1 отсто во однос на ланскиот август.

Ројтерс нагласува дека на кинескиот пазар се доделува бонус од речиси 2.800 американски долари за сите оние кои ќе го променат својот автомобил со конвенционален погон за нов електричен или plug-in хибрид. Интересно е што поттикот од 2.100 долари ќе им биде даден и на оние клиенти кои го заменуваат својот стар автомобил за нов модел со мотор со помала зафатнина. Резултатот е раст на продажбата на plug-in хибриди и електрични возила од дури 43,2 отсто.

Автомобил со три лица пропаднал во надојдена река во Чешка,денеска е пронајдено е само возилото

Автомобил со три лица падна во саботата во надојдена река во близина на градот Јесењица во Чешка.

Денеска е пронајдено само возилото, додека потрагата по неговите патници продолжува.

„Во селото Липова-лазне кај Јесењица имаме работа со автомобил кој паднал во разбеснетата Старичка река. Едно лице успеало да дојде до брегот, другите три останале внатре. Го бараме возилото и неговите патници. “, соопшти полицијата во саботата.

Откако возилото било пронајдено празно, спасувачите продолжуваат со потрагата по исчезнатите лица.

Наводно станува збор за мажи и сите се над 18 години, пренесува Блеск.

Да потсетиме, во Чешка е потврдено дека едно лице загинало во поплавите, додека осум лица се водат како исчезнати.

притисни ентер