Вестбрук оди во Денвер Нагетс

Расел Вестбрук најверојатно следната сезона ќе се натпреварува за Денвер Нагетс. 

Плејмејкерот синоќа беше испратен од Лос Анџелес Клиперс во Јута Џез, а „џезерите“ нема да го задржат во својот состав, па се наметнува Вестбрук да го откупи својот договор. Тоа ќе му ја отвори вратата да стане слободен агент, а познатиот новинар Адријан Војнаровски од „ЕСПН“ објави дека Денвер е фаворит за неговиот потпис.

Вестбрук е дел од „трејдот“ што на Јута и носи избор на драфтот од вториот круг и кеш. Во спротивен правец кај Клиперси оди бекот Крис Дан, кој ќе потпише тригодишен договор вреден 17 милиони долари.

Минатата сезона, Вестбрук имаше просек од 11,1 поен, 5,0 скока и 4,5 асистенции како дел од Л.А. Клиперс. Денвер ќе биде шестиот тим во кариерата на лидерот во категоријата „трипл-дабл“ во НБА, откако играше за Оклахома, Хјустон, Вашингтон, Л.А. Лејкерс и Клиперс.

Интересен е фактот што Вестбрук по втор пат беше префрлен во Јута и веднаш беше испратен на друго место. Тоа прво се случи пролетта минатата година, кога Л.А. Лејкерс го испратија кај „џезерите“, а потоа бекот го откупи неговиот договор и потпиша со Л.А. Клиперс.

Хаос во главниот град на Пакистан- има загинати, нема интернет, насекаде блокади (ВИДЕО)

Илјадници приврзаници на затворениот пакистански поранешен премиер Имран Кан денеска ги пробија барикадите околу главниот град и маршираа кон Исламабад, се судрија со безбедносните сили и бараат негово ослободување.

Властите соопштија дека во судирите загинале шестмина припадници на безбедносните сили, пренесува Дојче веле (ДВ).

Властите воведоа безбедносна блокада низ целата земја, го исклучија пристапот до интернет и поставија барикади на главните патишта што водат кон главниот град за да ги спречат демонстрантите да влезат, откако Имран Кан ги повика своите приврзаници да маршираат кон парламентот.

Министерот за внатрешни работи Мохсин Накви им рече на новинарите дека демонстрантите би можеле да останат на периферијата на Исламабад, но се закани со остри мерки доколку влезат во градот.

Сепак, тоа не ги спречи илјадниците демонстранти да влезат во градот, каде што се судрија со полицијата, која испука солзавец и гумени куршуми кон приврзаниците на Кан кои ја пробија блокадата направена од контејнери барајќи ослободување на поранешниот премиер.

Протестите ги водат сопругата на Кан, Бушра Биби и Али Амин Гандапур, главен министер на северозападната провинција Хајбер Пахтунхва, каде што партијата на Кан е на власт. Демонстрантите планираат да одржат протест на плоштадот Д-Чок, голема површина во близина на парламентот.

Премиерот Шахбаз Шариф изјави дека четворица членови на паравоената единица Ренџерс биле убиени откако биле „прегазени од автомобил“. Никој не ја презеде одговорноста за нападот. Владата предупреди дека безбедносните сили ќе користат боева муниција доколку демонстрантите посегнат по оружје против нив.

Според извештаите, за време на дводневните судири се повредени десетици луѓе, меѓу кои и новинари кои биле нападнати од приврзаниците на Кан.

Демонстрантите одговориле на повикот на Кан за протест пред парламентот за да се изнесат барања кои вклучуваат негово ослободување и оставка на владата.

Исламабад е под блокада од доцна во саботата, пишува CNN. Мобилниот интернет во градот е делумно исклучен, а повеќе од 20.000 полицајци се распоредени на улиците, многу од нив вооружени со палки и опрема за да ги разбијат демонстрациите.

Сепак, конвоите од Пакистанската партија Техрик-е-Инсаф (ПТИ) на Кан успеале да стигнат до Исламабад од северозападната провинција Хајбер Пахтунхва, како и од најнаселената провинција Пенџаб, расчистувајќи ги блокадите на патиштата.

Последните протести се случуваат откако Исламабад ги засили безбедносните мерки за официјалната посета на белорускиот претседател Александар Лукашенко, кој вчера пристигна во главниот град на тридневни разговори со премиерот Шахбаз Шариф.

На видео снимките се гледа запалена полициска станица и неколку пожари на автопатот. Според извештајот на Ројтерс, 22 полициски возила биле запалени во близина на Исламабад и на други места во провинцијата Пенџаб.

Лекарите од пакистанскиот институт за медицински науки изјавија за Си-Ен-Ен дека пет лица загинале, меѓу кои четворица припадници на безбедносните сили и еден цивил. Повеќе извори велат дека биле удрени од автомобил за време на протестот.

До утрово, демонстрантите ги прекршија градските граници и голема толпа маршираше покрај нултата точка, сообраќаен центар во градот. Конвојот потоа продолжи кон Сината област, деловниот и трговски центар на Исламабад, пред да стигне до Д-Чок.

Армијата е распоредена надвор од клучните владини згради во Исламабад, вклучувајќи го Парламентот, Врховниот суд и Секретаријатот.

Накви, пакистанскиот министер за внатрешни работи, рече дека безбедносните сили се здобиле со прострелни рани, но дека полицијата „покажува воздржаност“ кон демонстрантите.

Тој предупреди дека доколку демонстрантите ја преминат „црвената линија“, безбедносните сили ќе добијат дозвола да користат огнено оружје и дека може да воведе полициски час или да распореди војска.

„Ренџерите можеа да отворат оган и за пет минути немаше да има демонстранти таму“, рече Накви. „Секој што ќе стигне овде ќе биде уапсен.“

Партијата на Кан, пакистанската Техрик-е-Инсаф (ПТИ), ја обвини владата за прекумерна употреба на сила, велејќи дека „се испукани куршуми врз демонстрантите“, што ги опиша како „мирни“. ПТИ соопшти дека се повредени околу дваесет демонстранти.

Си-Ен-Ен не можеле самостојно да ги потврдат извештаите од ниту една страна, додека прекините на интернет ја отежнуваат комуникацијата уште повеќе.

Во последните денови, илјадници приврзаници на Кан беа уапсени во провинциите Пенџаб и Кајбер Пахтунхва додека властите се обидоа да го спречат протестниот марш.

Училиштата во Исламабад и блискиот Равалпинди биле затворени вчера и денеска, додека официјални лица и сведоци рекоа дека целиот јавен превоз меѓу градовите е укинат, според Ројтерс.

Високиот функционер на ПТИ Камран Бангаш рече дека демонстрантите „се одлучни и ќе стигнеме до Исламабад“, додавајќи дека тие „ќе ги надминат сите пречки една по една“.

Демонстрантите бараат ослободување на Кан и оние што неговите поддржувачи ги сметаат за политички затвореници. Тие, исто така, бараат укинување на новиот уставен амандман со кој се зголемија овластувањата на владата при изборот на судии од високите судови и нивно именување во политички случаи.

Поддржувачите на Кан веруваат дека изборите во февруари не биле слободни и фер, нарекувајќи ги „украдени“.

Шефот на Тојота потврди: Се враќа легендарната Celica

Шефот на Toyota, Јуки Накаџима, викендов на рели во Јапонија откри дека компанијата работи на новата генерација на легендарната Toyota Celica.

Според првите информации, новата Celica ќе биде електричен автомобил. „Работиме на Celica. Има многу луѓе во компанијата кои со нетрпение ја очекуваат Toyota Celica. Се прашувам дали е во ред ова да се каже на јавен состанок, но ние конструираме нова Toyota Celica“, рече Накаџима.

Накаџима не даде никакви технички информации за новиот модел, но сè укажува дека новата Toyota Celica ќе се базира на Toyota FT-Se Concept.

Единствено што се знае за овој прототип, за кој се шпекулираше дека ќе стане новата електрична Toyota MR2, е дека ќе има електрични батерии од трета генерација, за кои Toyota истакнуваат дека ќе бидат многу полесни од сегашните.

Покрај тоа, се шпекулира и дека серискиот електричен автомобил изведен од Toyota FT-Se Concept би можел да има револуционерен мануелен менувач до 14 степени на пренос, кој јапонскиот производител моментално го развива.

Првото спортско купе Toyota Celica се појави во 1970 година, а последната генерација се продаваше до 2006 година.

Протест на опозицијата во Tиранa, полицијата употреби солзавец и водени топови (ВИДЕО)

Протестот под мотото „Или денес или никогаш“ организиран од опозициската Демократска партија, на Сали Бериша, поддржан од Партијата на слободата, на Илир Мета, од 17 до 19:30 часот целосно ја блокира Тирана.

Колони автомобили беа заглавени со неможност да се движат, а поради насилното однесување на учесниците во кое предничеа пратеници и партиски функционери, полицијата беше принудена да употреби солзавец и водени топови.

Дел од нив меѓу кои и Теди Блуши, генерален секретар на Партијата на слободата (ПС) и Бледион Налбати, демократски пратеник, се качија на хаубите на цистерни обидувајќи се да го спречат испуштање на водените млазеви.

Полицијата ги принуди да слезат, дојде до судир, по што приведени се повеќе учесници.

Протестот започна со тензии од првите минути, бидејќи полицијата се противеше на блокирање на улиците во главниот град, повторувајќи го преку мегафон предупредувањето дека блокирањето на слободното движење е казниво со закон.

Пратениците беа распореди во неколку групи на клучни точки на Тирана, како што се Градското собрание, неколку плоштади, кружни текови и мостови.

Координаторот на пратеничката група на ДП, Газмент Барди обвини дека полицијата покажала дека е „против граѓаните и на услуга на бандите“.

-Полицијата, наместо да ја уапси бандата на нарко државата, беше мобилизирана да ги навредува чесните граѓани. Се разбира, имаме работа со полицаец кој раководи политички, рече Барди, додавајќи дека продолжуваат со протестите на граѓанска непослушност се до " ослободување на Албанија и Албанците од криминалната влада“.

Генералниот секретар на ДП и поранешен министер за внатрешни работи, Фљамур Нока, порача дека нема да биде задушен духот на револтот и граѓанска непослушност.

-Нека прават што сакаат, народот ќе им го даде она што го заслужуваат. Крајот на диктатурата се знае. Власт не се држи со сила. Никогаш еден народ не се чува со сила, рече Нока.

Речиси идентичен, со насилно однесување, протест опозицијата одржа и на 29 минатиот месец. На протестите се бара формирање техничка влада, која ќе спроведе слободни избори и оставка на градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, заради корупција.


притисни ентер