Веридба на СП во атлетика: Не доби медал, ама на целта ја пречека прстен (ВИДЕО)

Светското првенство во атлетика, кое годинава се одржува во Будимпешта, нема да биде запаметено само по освојувачите на медалите, туку и по романтичната свршувачка.

Во финишот се верија репрезентативките на Словачка, Хана Бурзалова и Доминик Черни.

Хана ја минувала целта на крајот од трката на 35 километри кога го видела своето момче Доминик како клекнува. Откако ја мина целта, Хана со многу малку здив, но со многу возбуда успеа да каже „да“.

Поларна мечка на санта мраз допловила до Исланд, поминала 300 километри за да ја убијат

Исландската влада одлучила поларната мечка која плутала на сантата мраз од Гренланд да биде убиена.

Мечката стигнала до брегот на Исланд носена од струи, но животното било убиено бидејќи владата на островот проценила дека неговото враќање би било прескапо.

Гренланд и Исланд се оддалечени околу 300 километри, а одвреме-навреме се случува некои од поларните мечки на ледениот брег да стигнат до брегот на Исланд. Таквата комбинација на околности, сепак, секогаш има ист исход бидејќи мечката е убиена. Ова ѝ се случило на мечката која пред неколку дена била забележана на северозападниот брег на Исланд. Најверојатно, ледениот брег се откинал додека мечката била на неа и потоа струи ја однеле до Исланд. Таму почнала да се движи по брегот и да претура низ ѓубрето на една населена куќа.

Полицијата решила да ја убијат по консултација со Агенцијата за животна средина. Хелги Џенсон, шеф на исландската полиција, вели дека жали за убиството на животното, пишува Fanpage.it.

"Тоа не е нешто што сакаме да го правиме. Мечката беше многу блиску до куќата. Внатре имаше една постара дама", рекол Џенсон.

Протоколот што го следи полицијата за пристигнувањето на мечките во Исланд, за жал, е многу јасен.

Поларната мечка не е загрозен вид, но сепак се смета за ранлив вид. Тоа е најголемото копнено месојадно животно кое постои во природата. Возрасните мажјаци можат да достигнат тежина од 700 килограми, додека гризли до 360 килограми. Целата популација на поларни мечки е концентрирана на Арктикот, додека на Антарктикот нема поларни мечки.

Бројот на примероци во природата се проценува помеѓу 20.000 и 25.000.

Британскиот весник „Гардијан“ наведува дека од 9 век досега имало само 600 евидентирани случаи на мечки од Гренланд кои стигнале до Исланд.

Дуелот меѓу Камала и Трамп е најнезивесната претседателка трка во САД во последните 60 години

Претседателските избори во Америка, кои ќе се одржат на 5 ноември, ќе бидат најнеизвесните во последните 60 години.

Бидејќи Камала Харис, актуелниот потпретседател на САД и кандидат на Демократската партија, и Доналд Трамп, поранешниот претседател и кандидат на Републиканската партија, имаа дебата на 10 септември, анкетите на јавното мислење покажуваат дека разликата помеѓу тие се премногу мали за со сигурност да се предвиди победникот.

Како што јави Си-Ен-Ен, ситуацијата е особено неизвесна кога станува збор за освоените гласови на Изборниот колеџ, кој на крајот го избира претседателот во американскиот Конгрес.

Истражувањето спроведено од „CBS news“ и „NBC news“ покажува дека Камала Харис досега има најголема предност пред Трамп и води со четири до пет процентни поени.

Кога ќе се земат предвид сите истражувања спроведени по дебатата во која Камала Харис остави подобар впечаток, а кои ги спроведоа „ABC news/Ipsos“, Fox News“ и „The New York Times“, таа е во водство од три процентни поени.

На национално ниво ниту еден од кандидатите не успеа да се одлепи со повеќе од пет процентни поени. Ова го зема предвид и периодот кога Џо Бајден беше најверојатниот кандидат на Демократската партија.

Последен пат ваква неизвесна кампања беше во 1960 година, кога се натпреваруваа Џон Кенеди и Ричард Никсон. За прв пат на овие избори учествуваа 50 американски сојузни држави (прв пат учествуваа Алјаска и Хаваи), а Кенеди победи со само 112.827 гласови повеќе или 0,17 отсто.

Исто така, постои веројатност Камала Харис и Доналд Трамп да имаат еднаков број електорски гласови по изборите. Во тој случај, изборот се пренесува во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, каде секоја од делегациите на сојузните држави ќе има по еден глас.

Во тој случај Трамп би бил во подобра позиција бидејќи републиканците имаат контрола врз овој дом.

Кога сè е кажано и направено, таква неизвесна трка речиси и не е видена и секој мал потег може да направи разлика, што ќе се почувствува во светот.

Илире Даути да го стави Законот за бранители на собраниска седница, бараат од ВМРО-ДПМНЕ

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, ги повикуваат пратениците од Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), Илире Даути од коалицијата „Европски фронт“ да свика седница.

СДСМ и ВМРО ДПМНЕ и натаму меѓусебно се прозиваат околу Законот за припадниците на безбедносните сили..Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ,Митева најави дека доколку СДСМ одбијат да стават потпис на иницијативата тогаш како што изјави ќе се види вистинската намера на СДСМ да го политизира прашањето.

Од СДСМ пак ги обвинија од ВМРО-ДПМНЕ дека очајно сакаат да се спасат затоа што ги излажале семејствата на бранителите и потсетуваат дека Изет Меџити во интервју јасно кажаЛ дека постоЕЛ коалициски договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ Законот за бранители „да остане заглавен“.. ОД СДСМ потсетуваат дека пратеничката група упатила писмо до претседателот на Собранието, Африм Гаши, со кое регирале за несвикувањето на надлежната комисија.

„Зошто сега ВМРО-ДПМНЕ сака да го спаси Гаши од одговорност и повторно да ја врати постапката назад? ВЕЛАТ МЕГУДРУГОТО ОД СДСМ

Нема потреба од очајни маневри, многу е едноставно. Наместо да коленичи Мицкоски нека го повика Гаши да ја свика комисијата и да го почитува собранискиот деловник.

Носењето на Законот за бранители зависи од ВМРО-ДПМНЕ која има мнозинство во Собранието.“

Во меѓувреме, претседателката на Комисијата, Илире Даути за Канал 5 рече дека Законот нема да помине преку неа, освен ако не ги вклучи и војниците од ОНА.

„Во нашата работа ќе продолжиме да го почитуваме членот 9 од Уставот на Македонија, според кој сите граѓани според кој сите граѓани мора да бидат подеднакво третирани.“, вели Даути.

„Повторувам, се додека Законот не ги опфати војниците од ОНА, тој нема да помине преку мене.“

Изминатиот период Законот за бранителите предизвика многубројни реакции во јавноста. Во мегувремне ниту спикерот Гаши не свика комисиска седница како што тоа го направи за Законот за унгарскиот кредит..

Првично Предлог-измените за законот кој заглави во собраниските процедури, ги предложи Славјанка Петровска од СДСМ, а за гласањето на дневниот ред доби поддршка и од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

притисни ентер