Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Алберт Муслиу и Oливер Андонов

Драги гледачи, уште една „среда со среќа“ во потрага по бесценетата и единствената вистина,на жешкиот „икс“ од вашата омилена дебатна емисија ќе анализираме и посочуваме на предностите и слабостите со вам добро познатите Алберт Муслиу и Oливер Андонов

Драги гледачи, уште една „среда со среќа“ во потрага по бесценетата и единствената вистина, на жешкиот „икс“ од вашата омилена дебатна емисија ќе анализираме и посочуваме на предностите и слабостите со вам добро познатите Алберт Муслиу и Oливер Андонов.

Што го натера Заев без преседан да се фати за чистка во „сопствениот“ двор? Дали ваквиот чекор на премиерот е обид за зацврстување на сопствената позиција во СДСМ или реално преземање одговорност? Ќе има ли ригорозна „метла“ и кај министрите или ќе остане чисто партиска?

Минатата недела Богоевски а денес Груевски ќе биде главната „ѕвезда“ на комисијата за одземање на неговиот мандат –на каков ум се пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ кои го имаат одлучувачкиот момент во свои раце?

Се тријат рацете од неизвесност, Европската унија со извештај за тоа до каде сме и што сме – можат ли да ни зададат удар евентуалните забелешки во крајниот епилог? Колку сме блиску а колку далеку да добиеме датум за преговори уште годинава?

Што доколку меѓународната заедница не биде воодушевена од пакетот за проширување на европското семејство?

А во „луцидната“ реалност за година на економијата - премиерот отвора автопатишта ама во регионот, капиталните инвестиции повторно потфрлуват а власта не гледа причина за паника – се ниша ли главната компонента потребна за највуваниот економски бум?

Не пропуштајте не и денескa, гледајте САМО ВИСТИНА со Алберт Муслиу и Оливер Андонов на Канал 5 Телевизија.

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер