Боб има шари кои наликуваат на машки очи, нос, па дури и на мустаќи. Сопственикот на Боб, Малколм (48) тврди дека неговиот миленик е пријателска риба, додавајќи дека уникатната комбинација на бои на неговата глава на почетокот ја немало, туку се појавиле со текот на времето, пишува Dailymail.
Миленичката риба стана позната на социјалните мрежи откако било забележано дека има необични шари на главата кои наликуваат на лице на маж со мустаќи.
Боб, четиригодишен кои крап, пристигнал во градината на Малколм пред три години, откако неговиот сопственик го купил за 150 фунти. Малком немал поим дека Боб ќе стане вистинска атракција: минувачите и туристите редовно застануваат за да ја погледнат одблизу рибата со човечки лик, а обожавателите на Интернет се маѓепсани од неговиот необичен изглед.
Боб е кохаку крап: овие риби имаат прекрасни бели и портокалови шари кои се менуваат и трансформираат со текот на времето. Иако на почетокот изгледал како секоја друга риба кога Малком го однел дома и го ставил во езерцето, шарите на Боб почнале да се менуваат. На вратот, како и на средината и долниот дел од главата му се појавиле црни дамки, поради што изгледа како да има очи, нос и уста.
Сопственикот на Боб, Малколм, градинар кој живее со сопругата и ќерката, вели дека Боб е популарен меѓу пријателите и семејството кои го сакаат, го хранат и поминуваат време со него. Малком излегува да го запознае секој што сака да го види Боб.
„Го поздравувам секој што сака да го види, бидејќи привлекува неверојатно внимание“, вели Малком, кој се сеќава дека кога го купил во продавницата, Боб бил најпријателската риба.
Сопственикот на Боб почнал да ги прикачува своите видеа на TikTok и тие веќе имаат милиони прегледи. Малком одлучил да го прошири езерцето, бидејќи рибите растат и се прилично алчни за храна, во што Боб води.