Вардар ќе има нов извршен директор, Борко Ристовски се посветува на министерската функција

Предложениот министер за спорт во новата македонска влада Борко Ристовски денес се повлече од позицијата извршен директор на РК Вардар. 

Ристовски преку социјалните мрежи ја образложи својата одлука.

- Уште една сезона е зад нас во која успеавме да направиме многу позитивни работи. Успеавме да го стабилизираме нашиот РК Вардар, да се вратиме едно скалило повисоко во однос на лани, и милиметри недостасуваа да бидеме на највисокото скалило. Горд сум што како дел од тимот и негов Извршен директор, направиме екипа која има квалитет, капацитет и добра хемија, потребни за остварување на резултати. Што го направивме Вардар пак да е фактор, и клуб кој е секогаш за врвни дострели.

Сигурно можевме и повеќе, и требаше да бидеме уште некој чекор понапред. Во спортот не може ништо да се планира однапред, но со добро организирање, тренирање и пред се силна волја секогаш се стигнува онаму каде сте тргнале. А ние тргнавме по патеки кои ни носат добри резултати. Успешно ги надминувавме и ги решаваме сите предизвици пред нас.

Професионалниот ангажман секогаш ви носи нови предизвици во кои влегувате, со идеја нешто да подобрите, да смените, да се борите за своите идеали и цели. РК Вардар ми овозможи да работам на тоа поле, и да размислувам за подобри услови, во клубот, но и за сите спортисти, и за сите клубови. Нешто што ни недостасува во спортот во целина. Подобри услови, повеќе спортисти, создавање идни горди ѕвезди и репрезентативци на Македонија.

Бидејќи прифатив да работам на тоа, и сум предложен за иден Министер за спорт во Владата на Република Македонија, сметам дека мојата идна функција и сегашната не се споиви. РК Вардар ќе остане во моето срце како клуб кој многу ми дал. Останувам да навивам за мојот Вардар, но, решив да се посветам на доброто на целиот спорт, на секој клуб, на секој спортист. Затоа во иднина се повлекувам од функцијата Извршен директор на РК Вардар која со љубов, желба и посветеност ја работев.

Убеден сум дека има многу квалитетни луѓе кои ќе го продолжат она што го почнавме и ќе продолжат уште појако. А јас ќе продолжам да бидам на страната на спортот, на сите клубови, на сите спортисти, и ќе се борам да ги добијат најдобрите услови за работа и да бидат горди претставници на својата Македонија.

Останувам отворен за секој дијалог, секој разговор, за се што е во интересен на македонскиот спорт, стои во обраќањето на Ристовски.

Поранешниот македонски репрезентативен голман за извршен директор во Вардар беше поставен во јули минатата година.

Во еден ден му извадиле 20 заби и му вградиле 12 импланти- се вратил дома и починал

Жителка на кинескиот град Јонгканг, неодамна поднела жалба до Општинското здравствено биро, а по смртта на нејзиниот татко.

Г-ѓа Шу наведува дека на несреќниот човек во еден ден во локалната стоматолошка клиника му биле извадени 20 заби и вградени 12 импланти. Таа тврди дека тоа ја предизвикало неговата прерана смрт 13 дена подоцна.

Ќерката тврди дека таткото во последните денови од животот претрпел „страшни болки“, пред да доживее срцев удар на 28 август, пренесува Oddity Central.

Таа бара одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата.

Според писмената согласност на пациентот, на мажот му биле извадени природните заби, по што на вилицата му биле дупнати 12 дупки за импланти.

Претставникот на клиниката, каде што била извршена процедурата, објаснува дека бројот на заби кои може да се вадат одеднаш го одредува лекарот, врз основа на општата состојба на пациентот.

Не постои специфична регулатива, а клиниката и лекарот мора да ја имаат предвид толеранцијата на болката на пациентот и ризикот од инфекција.

„Колку повеќе заби отстранувате, толку повеќе пациентот реагира на болка и поголема е веројатноста за постоперативна инфекција“, рече Ксијанг Гуолин, директор на Центарот за орална медицина во Вухан.

Истрагата е во тек, но претставник на Општинското биро за здравство изјави дека „докажувањето на вината може да биде тешко“, со оглед на тоа што смртта настапила 13 дена по постапката.

Ужас во Франција: Маж си ја убил сопругата и двете мали деца, на една и 5- годишна возраст

Во Морман, во Сена-ет-Марн, во областа Ил-д-Франс, е уапсен човек кој рекол дека штотуку го убил „своето семејство“.

Околу 06:00 часот во Мормант, полицаец кој не бил на должност, кој одел на работа, видел маж вооружен со нож како напаѓа друг минувач на улицата, објави ТВ БФМ.

Пешакот е повреден во раката, а другиот во вратот, „и двајцата без значителни последици“, изјави обвинителот Жан Мишел Бурле.

Полицаецот успеал да го стави под контрола и да го уапси.

Потоа рече дека штотуку го убил „своето семејство“, сопругата и двете деца на една и петгодишна возраст.

Осомничениот нема криминално досие, туку „психијатриска историја“, додаде обвинителот.

Тој во моментов е хоспитализиран за да се утврди дали е способен да биде во притвор.Отворена е истрага за убиство со умисла, соопшти обвинителот.

Во Франција во просек се случува фемицид на секои три дена.

Во 2023 година, родителите убиле повеќе од 60 деца, според Voa d-lanfan, здружение кое брои убиства врз основа на случаи објавени во медиумите.

„Операција саксија“ е во тек во Амстердам, жителите во тешка меѓусебна кавга

Властите во холандската престолнина Амстердам ја почнаа „операција саксии“, бидејќи, како што истакнаа, прекумерното поставување саксии околу зградите го загрозува пристапот до објектите.

Жителите со вознемиреност реагираа на плановите на властите во Амстердам да ги отстранат, според нив, непромислено поставените саксии, објави Гардијан.

Во пристапот што локалните медиуми го нарекоа „операција саксии“, централниот кварт на холандската престолнина ги ограничува жителите да постават два саксии со дијаметар од 50 сантиметри, направени од „одржлив“ материјал и поставени на предниот ѕид на зградата.

Ќе се отстранат цели „градини“ со саксии на паркинзи и под дрвја, се вели во меморандумот на градските власти.

На состанокот на градскиот совет во вторникот, претседателката на Централниот извршен комитет на Амстердам, Амели Стренс, рече дека напуштените саксии со цвеќиња се непривлечни, лоши за биолошката разновидност и ги прават објектите помалку достапни за оние кои користат помагала за мобилност и инвалидски колички.

Некои жители на Амстердам се задоволни што градот реагира на загриженоста на луѓето за преполните тротоари, додека други посочуваат дека напуштените или паркирани велосипеди и тераси во баровите зафаќаат голем дел од јавните површини, како и отпадот, наведувајќи дека преголем број туристи го посетуваат градот.

притисни ентер