Вандали уништиле позната трка- ги превртеле знаците и 400 тркачи завршиле во погрешна насока

Во британскиот град Норфолк се одржа традиционална хуманитарна EPIC Action трка, која ќе остане запаметена по необичен инцидент.

Имено, група „непослушни“ тинејџери ги извртеле знаците на патот и испратиле повеќе од 400 тркачи во погрешна насока.

„Сообраќајот беше блокиран, автомобилите мораа да ги пропуштаат учесниците. За среќа, сѐ помина без последици. Можеше да биде многу посериозно“, изјави организаторот Стивен Хичам.

Тој додава дека група од 15 до 20 вандали ја смениле патеката на трката, обележана со знаци и чунови.

„Тоа беше однапред смислен план“, рече тој.

Трасата на трката EPIC Action е долга пет километри, а знаците биле претвртени некаде на средината, пренесува BBC.

„Тркачите поминаа околу еден километар кога сфатија дека одат во погрешна насока. За среќа, можеа да се вратат и да стигнат до целта“, објасни Хичам.

Проблемот е што резултатите од трката најверојатно ќе бидат поништени.

„Децата не разбираат каква штета можат да предизвикаат. За резултатите ќе треба да се консултираме со атлетското друштво“, заклучил организаторот.

Коалиција „Вреди“: Балансерот е неефикасен концепт бидејќи стана алатка за злоупотреби

Зиадин Села, по налог на Али Ахмети два дена се обидува да го прикри нивниот пораз. Делуваат крајно несериозно најавите дека тие ќе предложат Закон за правична застапеност.

Да ги биваше ќе го решеа ова прашање кога беа власт. Одлуката на Уставен Суд за замрзнување на Балансерот е уште една потврда дека ДУИ наместо да ги ползува функциите во Владата со делегетимираниот СДСМ, за системско решавање на статусот на Албанците, се посвети на грабеж на народните пари и лично богатење.

Секојдневно се потврдува дека се’ што е правено за време на нивниот режим е површно, со популистички мотиви за дневно политички поени.

Уставниот Суд, чиј актуелен состав е изгласан токму со гласовите и влијанието на ДУИ, ја замрзна употребата на Балансерот, што преставува уште еден програмски и кадровски пораз на политиките на ДУИ. Овој факт не може да се сокрие со изговор дека треба во Уставниот Суд да се воведе Бадинтерово мнозинство.

Коалицијата ВЛЕН јасно соопшти дека Балансерот е неефикасен концепт, бидејќи стана алатка за злоупотреби кога почнаа Македонци да се изјаснуваат како Албанци за да се вработат во јавната адинистрација. Затоа, ние изработуваме Закон за правична застапеност, кој на увид на експертската јавност ќе го ставиме користејќи јавни расправи со цел да добиеме ефикасно и одржливо решение кое целосно ќе биде спроведливо во пракса и ќе им овозможи на Албанците да се вработуваат во државните институции врз основа на професионални вештини а не заради партиска припадност. Замрзнувањето на Балансерот нема да спречува вработување на Албанците во органите на државна управа и во овој период на правен вакум, бидејќи тоа е еден од принципите на Охридскиот Рамковен Договор и Уставна категорија.

Коалиција „Вреди“

Промоција на музичко – едукативниот проект ЗОО Азбука

Во скопската Зоолошка градина денеска ќе биде промовиран музичко - едукативниот проект ЗОО Азбука.

Преку новите песни од проектот, најмладите ќе се запознаат со животните, безрбетниците и птиците кои живеат во Зоолошката, ќе се едуцираат и ќе научат нешто повеќе.

Како што информираат од Детски културен центар - Карпош, децата ќе имаат можност да слушнат за културата на однесување во Зоолошката градина, за начинот на исхрана на животните и за нивните живеалишта.

-Веруваме дека сите заедно низ песна, ќе придонесеме да ја подигнеме свеста кај сите посетители на Зоолошката градина. Со автентичното презентирање на новите песни во Зоолошката градина, искрено се надеваме дека повторно ќе предизвикавме радост кај најмладата публика, велат организаторите.

Главен покровител на музичко - едукативниот проект е Град Скопје.

Курт: Веруваме дека ќе има огромен ефект новиот модел на субвенционирање на авио летови

Новиот модел на субвенционирање на авио летови преку субвенционирање на авиокомпаниите ќе има огромен ефект за зголемување на бројот на авиокомпании, но и на дестинации од македонските аеродроми, смета директорот на ТАВ Македонија Неџат Курт. 

-Колку што сум информиран има многу заинтересирани авиокомпании кои аплицирале на повикот, но во моментов не моќе да откријам точно кои. Веруваме дека ќе има огромен ефект за зголемување на бројот како на авиокомпании, така и на нови дестинации безз разлика дали тие нови дестинации ќе бидат од една иста компанија или од повеќе различни, изјави Курт во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Анталија каде ТАВ го реновира аеродромот со кој управува.

Тој нагласи дека пред да биде финализиран јавниот повик претставниците на ТАВ имале редовни состаноци со Комисијата од Министерството за транспорт и врски.

-Има пријавено авиокомпании кои се заинтересирани за дестинации кои претходно беа оперирани од аеродромите, но и за нови. Не би сакал да ги отривам имињата зошто сега се заинтересирани, вие можеби ќе објавите вест, а после можеби повеќе нема да бидат заинтересирани. Ние постојано градиме односи и преговараме со авиокомпаниите со министри, со амбасадори, особено со министрите за надворешни работи кога доаѓаат за отворање на некоја авиолинија која е барана. Имаме и наша програма за субвенции на авиокомпании, но сепак на крајот одлуката за тоа дали ќе се воведе некоја дестинација или не или, пак, дали некоја авиокомпанија ќе почне да оперира од аеродромите останува на самите авиокомпании ко ја носат финалната одлука. Се надевам дека ќе биде подобро. Ќе видиме каков ќе биде ефектот од субвенциите од Владата и како сето тоа ќе се проследи и ќе продолжи понатаму, рече Курт.

Најави дека наскоро ќе го финализираат мастер планот за развојот на македонските аеродроми во наредните 20 до 30 години и дека ќе и го престават на Владата.

-Нашата концесија истекува во 2032 година, но обврска на секој аеродромски оператор е да ја предвиди и планира иднината, односно што е потребно да се направи со аеродромите и со околината и да ги сподели своите согледувања со властите без разлика дали ќе продолжи да управува или ќе си замине. Ние нашиот мастер план ќе го споделиме со Владата и тој не е поврзан со концесијата, рече Курт и додаде дека со мастерпланот сакаат на двата аеродроми да им го зголемат капацитетот и да ги направат поефикасни.

Прашан за текот на истрагата за инцидентот на македонското небо од 7 септември, Курт рече дека ТАВ е одговорен за авионите кога се на аеродромот, а инцидентот се случил при прелет.

-За прелетите над нашата територија одговорна е М НАВ, а ние сме одговорни додека воздухопловите се на земја како аеродромски оператор. Штом ќе полетаат одговорноста е на контролата на летање, посочи Курт.

Главниот извршен директор на ТАВ Серкан Каптан посочи дека ТАВ во моментов оперира со три аеродроми во регионот, - Скопје, Охрид и Загреб и планира да се прошири во Подгорица и Тиват.

-Скопскиот и Охридскиот аеродром во Македонија беше нашата прва инвестиција на Балканот, а во 2014 година почнавме со оперирањето на Загрепскиот аеродром во Хрватска. Непосредно пред пандемијата имаше тендер за давање под концесија на аеродромите во Црна Гора во Подгорица и Тиват и ние сме меѓу трите компании кои беа во потесниот избор. Заради ковидот повикот беше прекинат, а од последната Влада на Црна Гора има најави дека ќе продожи пеоцесот. Очекуваме да заврши до крајот на годинава или на почетокот на 2025 година и се надеваме дека ќе заврши, рече Каптан.

Тој посочи дека авиособраќајот во светот се опоравува по падот предизвикан од пандемијата и дека се очекува годинава целосно да се опорави на светско ниво и да има 9,7 милијарди патници во авиосообраќајот со што ќе с е надмине 2019 година кога имаше 9,2 милијарди патници на светско ниво.

-На долг рок авиосообраќајот ќе продолжи да расте пред се поради растот на средната класа граѓани, но и поради нискобуџетните авикомпании и се очекува во наредните години да се превезуваат и по 20 милијарди патници годишно. Најмногу ќе расте во Азија и на Блискиот исток.

Токму Блискиот Исток, како што кажа, ќе биде во фокусот на ТАВ. ТАВ во моментов управува со 15 аеродроми во 8 држави, а аеродромот во Анталија е најголем и превезува 20 милиони патници годишно. Во моментов се врши реконструкција на аеродромот вредна 2,5 милијарди евра, пари обезбедени од 12 разни банки заради добриот кредитен рејтинг што го имаат.

Директорот на Аеродромот во Анталија, Дениз Варол порача дека сакаат како најголем аеродром на Медитеранот да го пренесат своето знаење на македонските аеродроми со цел да привлечат што повеќе туристи. Најави дека наскоро на Аеродромот во Анталија ќе бидат поставени информативни табли за Скопскиот и Охридскиот аеродром со цел да се привлечат патници и туристи. Од Анталија во моментов има четири чартер летови за Скопскиот аеродром неделно, а целта е тој број да се зголеми. Во последниве неколку години најголем број од туристите што ја посетуваат нашата земја се токму од Турција.

-Маркетингот е најзначаен за развој на аердромите. Поради проблемите со визите Балканот е повторно актуелен за граѓаните од Турција. Анталија има три милиони жители, а со регионот достигнува до пет. Наскоро ќе поставиме панели за рекламирање на аеродромите во Скопје и во Охрид. Се трудиме преку маркетинг да ги привлечеме авиокомпаниите. Би ја промовирале Македонија како одлична дестинација, рече Варол.

притисни ентер