Утрински навики што ќе ви го променат животот од корен (фото)

Дали се будите порано или преспивате пола ден? 

Психолозите тврдат дека не е сеедно какви дневни рутини имаме.

Психолозите сугерираат дека некои утрински навики можат да нè направат посреќни, бидејќи начинот на кој го започнуваме денот влијае на нашето расположение и продуктивност. Еве кои навики да ги вклучите во вашата дневна рутина за да се чувстувате поздраво и поенергично.

Почнете со благодарност

Изразувањето благодарност има големо влијание врз расположението, не само што ќе се чувстуваме добро, туку и го насочува фокусот на она што е добро во вашиот живот.

Наместо да мислите колку сте исцрпени и уморни, денот започнете го со набројување на нештата на кои сте благодарни. Мирисот на утринското кафе е доволна причина да бидете благодарни.

Појадувајте здраво

Здравиот појадок и појадокот на време, го покрева умот, има бројни здравствени придобивки и генерално, не прави посреќни. Според бројни истражувања, прескокнувањето на оброците и консумирањето брза храна честопати ја намалува нашата енергија, и влијае негативно врз нашето расположение. Здравиот појадок го зголемува нивото на енергија, ги намалува ризиците за болести на срцето и дијабетес тип 2.

Вежбање

Факт е дека вежбањето е одлично средство за зголемување на среќата. При вежбање, нашето тело ослободува ендорфин кој го покрева расположението и го намалува стресот. За почеток, доволна е утринска прошетка.

Поврзете се со саканите

Во динамичниот начин на живот, понекогаш забораваме на важноста на добрите односи. Поврзувањето со саканите може да ни го подобри расположението. Брз повик на мајка ви или порака полна со љубов на партнерот може да го исполнат вашето утро со топлина и позитивност. Ваквите врски даваат емоционална поддршка и нè потсетуваат на нашата вредност и цел во животот.

Ограничете ја изложеноста пред екраните

Во дигиталната ера, лесно се навлекуваме на екраните штом ќе се разбудиме. Наутро, сите имаме навика да ја отвориме електронската пошта или да листаме по социјалните мрежи. Тоа може да биде заморно и стресно, особено ако се „бомбардираме“ себеси со некои вознемирувачки информации што сме ги прочитале во печатот. Разбудете се и не користете го телефонот некое време, уживајте во утринската тишина.

На крајот, испланирајте го денот, започнете го утрото со возбудлива песна или танцувајте. Многу подкасти може да ви бидат одличен извор за учење и инспирација. Додека патувате до работа, можете да го слушате вашиот омилен подкаст, или песни што ќе ви го разубават денот. И не заборавајте ја грижата за себе. Грижата за себе не е луксуз, туку потреба, а тоа може да биде туширање, медитација или читање книга. Психолозите препорачуваат дека прво е потребно да се погрижите за себе, така ќе бидете посреќни и поспособни да се справите со новиот ден.

Маж прави акробации со бебе - сите се шокирани: Ти требаат часови по родителство (ВИДЕО)

На социјалните мрежи кружи видео на кое маж, наводно таткото, прави „акробации“ со бебе, држејќи го за нозе и раце.

Бројни корисници на Инстаграм и Твитер жестоко ја критикуваа сцената, а лекарите предупредија на можни последици, пишува Daily Mail.

Во видеото кое трае 35 секунди, го гледаме мажот како го ниша бебето напред-назад, над главата и меѓу нозете, а луѓето истакнаа дека тоа претставува „опасност не само за неговите зглобови, туку и за мозокот“.

Видеото е придружено со порака „врска меѓу татко и дете“, но многу корисници беа вознемирени од сцената, што е јасно од нивните коментари.

Д-р Стјуарт Фишер, лекар по интерна медицина и поранешен педијатар во одделот за итни случаи, исто така реагира:

„Мислам дека е морално и легално да се направи КАТ скен или МРИ, што можеби нема да покаже микроскопски повреди на мозокот.

Експертите предупредуваат дека овој тип на игра потенцијално може да доведе до синдром на потресено бебе, бидејќи мозокот на таа возраст е исклучително подложен на повреди.

Дополнително, кревањето на бебето за раце или нозе, без поддршка за грбот, може да доведе до исчашување на зглобовите.

Останува нејасно колку е старо бебето, но се верува дека има околу една година.

„Ова е ментална болест и каква, дали е важно? Ова може да се смета за кривично дело. Тој не разбира каква скапоцена дарба има. Му треба, во најмала рака, долготрајна инструкција и советување“, заклучи др. Стјуарт Фишер.

Корисниците го критикуваа и однесувањето на човекот, со илјадници коментари на мрежите.

„Ова не може да биде легално.Кутрото дете“, „Ти требаат часови за родителство. Ова е толку ужасно“, гласеа некои од пораките.

Од друга страна, поединци тврдат дека родителите така си играле со нив без да имаат никакви (здравствени) проблеми.

Се огласи на Твитер тренерот на познатиот УФЦ борец Конор Мек Грегор. Тој го сподели видеото и коментира:

„Каква глупост. Дури и да сфатите погрешно еднаш во 1.000 пати, тоа е трауматска повреда плус потрес на мозокот. Колку луѓе ќе го повторат ова за неколку лајкови и ќе го повредат своето дете? Можеби не требаше да споделам. Не правете го ова“, напиша Џон Кафеа.

Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Не се откажуваат, МЗ турка реновирање на операциски сали

Не се откажуваат до последно, повторен обид на министерството за здравство да протурка реновирање на операциски сали и фаворизира одредени фирми

Министерството за здравство повторно ја објавува постапката за јавна набавка на проектирање и изведба на реконструкција и реновирање на операциски сали, нивни пред простории и ходници со машински соби во УКЦ Мајка Тереза - хируршки клиники по принципот „клуч на рака“.

Истата пред само месец и половина Државната комисија за жалби по јавни набавки ја поништи од причина што Министерството за здравство изготвило тендерската документација која не е во согласност со Законот за јавни набавки и истата доведува до дискриминација на економските оператори и ограничување на пазарната конкуренција.

Повторената постапка објавена е на ден 24.04.2024 година, неработен ден прогласен со одлука на Влада поради одржување на прв круг претседателски избори.

Во тендерската документација за економска способност на економските оператори се бара минимум 550.000.000 денари со ДДВ вкупен приход во последните три години за секоја година поединечно.

Ова е целосно неосновано.

Прво, затоа што во финансиските извештаи приходот се искажува без ДДВ (ДДВ-то е обврска на друштвото да го плати спрема државата).

Второ, зошто не е објавена проценетата вредност на набавката за да може да се утврди дали овој услов е согласно Законот за јавни набавки? (Според Законот за јавни набавки - Договорниот орган не смее да бара минималниот годишен приход да изнесува двојно повеќе од проценетата вредност на набавката), објави на фб Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Дафина Стојаноска: Мора да бидеме гласни, за да не станеме невидливи

Дафина Стојаноска синоќа на митинзите во Гостивар и Тетово порача:

Мора да почнеме поинаку да функционираме и да не молчиме пред неправдите. Мора да се обелоденуваат сите криминали и скандали. Мора да бидеме гласни, за да не станеме невидливи. Криминалот е тој кој треба да биде замолчен. Доста е!

На 8-ми мај народот доаѓа по своето, по она што Али и Груби му го одзедоа, по она што Заев, Таче и Стево му го продадоа. На 8 мај нема уценети и поткупени. Никој повеќе не им се плаши, ниту ги сака нивните гнасни пари. Сите до денар ќе му го вратат на народот, како што ќе му ја вратат и државата. Доста долго остана во нивно заложништво. Нема повеќе сила, ниту пара која ќе го сокрие криминалот на ДУИ и СДСМ. Време е за слобода и правда. Време е за нов Претседател на Република Македонија и за нова Влада.

Гласајте за професори а не за криминалци, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер