Ултрасите на ПСЖ нема да го исвиркуваат Мбапе иако тој си заминува од клубот

Најжестоките навивачи на Пари Сен Жермен, нема да го исвиркуваат Килијан Мбапе. Се очекува 25-годишниот фудбалер да му се приклучи на Реал Мадрид како слободен играч на крајот од сезоната. 

ПСЖ и Мбапе заеднички ќе го објават заминувањето веднаш штом напаѓачот потпише договор со Мадрид.

Застапниците на Килијан успеа да воспостави односи со влијателни лидери на париската навивачка група, па нивниот однос кон напаѓачот е прилично мек.

„Collectif Ultra Paris“ (CUP) побара да не се исвиркува Мбапе и да не се реагира на било кој начин на информациите за можно заминување на играчот, барем до официјалното соопштение.

Покрај тоа, навивачите можат да организираат свеченост во чест на напаѓачот на крајот на сезоната.

Мбапе постигна 244 гола за ПСЖ - тој е најдобар стрелец во историјата на клубот. /МИА

Гаши за заканите кон пратениците на ДУИ : Нема место за закани во демократско општество

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, извести дека пратениците на ДУИ добиле електронски пораки со закани од непознат испраќач.

Вознемирен од овие пораки, претседателот Гаши веќе се обратил до колегите од ДУИ и до надлежните институции да го истражат инцидентот.

Претседателот на Собранието најостро осудува секаков облик на закани, обиди за насилство или поттикнување насилство. Пратениците се директно избирани од граѓаните и додека слободата на говор е неприкосновена, таа не смее да ја загрозува слободата на другите. Анонимноста во испраќањето такви пораки или на социјалните мрежи може да му даде на испраќачот чувство на неказнивост, но мора да признаеме дека нашите институции се активни и способни. Претседателот Гаши е уверен дека испраќачот ќе биде идентификуван и соодветно санкциониран.

Во демократско општество нема место за закани ниту за вознемирување во било која форма. Оттука, претседателот Гаши ги повикува и охрабрува сите надлежни институции веднаш да постапат во овој случај. Претседателот Гаши нагласува дека сочувствува и ја споделува вознемиреноста на пратениците и нивните семејства. Во моментот кога институциите ќе достават било каква информација за предметниот случај, медиумите ќе бидат веднаш известени од страна на Кабинетот на претседателот на Собранието, стои во соопштението од кабинетот на собранискиот спикер Гаши.

ДУИ: Сведоци сме на сериозни закани и насилни пораки упатени кон нашите пратеници

Сведоци сме на сериозни закани и насилни пораки упатени кон пратениците на ДУИ, кои не само што се закана за нашите членови, туку и директен напад врз демократските вредности и институции на нашата држава. 

Овие инциденти го покажуваат високото ниво на нетолеранција и омраза што се шири низ нашето општество, и тоа мора да биде осудено од сите.

Сведоци сме на организирана и смислена кампања за клевети и закани против ДУИ, чија цел е да ги прикрие големите неуспеси и грешки на новата влада во првите месеци од нивниот мандат. Со измислени обвинувања и насилни акции, тие се обидуваат да го одвлечат вниманието на јавноста од реалните проблеми и катастрофалните резултати на владејачките политики.

ДУИ стои цврсто зад своите принципи и нема да дозволи овие закани да ја поколебаат нашата посветеност на правдата, мирот и стабилноста на нашата земја. Ги повикуваме надлежните институции да ги истражат овие инциденти и да ги изведат пред лицето на правдата сите кои се одговорни за оваа кампања на терор и заплашување. Демократијата мора да победи над омразата и насилството,велат од ДУИ.

Од МВР информираат дека за заканувачките пораки била известена единицата за економски и компјутерски криминал при свр скопје, како и дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Италијанската премиерка Мелони во официјална посета на Кина

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска пристигна во официјална посета на Кина за да ги промовира економските односи и да разговара за војната во Украина, објавија кинеските државни медиуми.

Најавено е дека Мелони, која останува до среда, во Пекинг треба да разговара со кинескиот претседател Си Џинпинг и премиерот Ли Чијанг за „главните меѓународни прашања, почнувајќи од војната во Украина“, а ќе го посети и Шангај, економската престолнина на Кина.

Минатата година Италија се повлече од меѓународниот договор со Кина „Појас и пат“, бидејќи претходно беше единствената од Групата седум напредни демократии на светот и ЕУ (Г7) што учествуваше во огромната програма на Пекинг за инвестиции во инфраструктурата во Азија и Европа.

Пред да дојде на власт, Џорџа Мелони рече дека е „сериозна грешка“ приклучувањето на програмата.

Ова е прва официјална посета на Мелони на Кина.

притисни ентер