Ученичка во САД нокаутира наставничка, ја погоди со метален стол (ВИДЕО)

Ученичка од Мичиген удрила професорка со метално столче за време на жестока расправија со друг ученик.

Шокантна снимка од инцидентот покажува средношколка која стои во близина на вратата од училницата додека вика на врсничка, која не се гледа. Тинејџерките постојано се навредуваат додека наставничката стои меѓу нив и се обидува да ја смири ситуацијата.

Во еден момент ученичката ненадејно фрлила стол, удирајќи ја наставничката, која паднала и останала да лежи неподвижна. Наместо да ѝ помогнат, тинејџерките се судриле со тупаници над нејзиното тело.

Неименуваната наставничка итно била пренесена во болница.

- Ученичката ќе одговара во согласност со законот - изјави директорот на училиштето, Кевелин Џонс.

Локалните водачи велат дека видеото од насилството во училиштата, кое е прегледано повеќе од осум милиони пати, е показател за лошиот училишен систем во земјата.

- Видеото одлично ја прикажува тажната состојба на образованието во Мичиген, нема чувство за ред, нема почит кон наставниците, а најлошо од сѐ, нема учење. Недостигот на образование на младите е рецепт за зголемен криминал и невработеност - изјави поранешниот шеф на полицијата во Детроит Џејмс Крег, кој планира да се кандидира како републиканец во претстојната трка за Сенатот.

Локалните медиуми јавуваат дека повредената наставничка е добро и планира да се врати на работа.

Засега не се знае каква дисциплинска мерка ѝ е изречена на ученичката која го фрли столчето и дали е исфрлена од училиштето.

Борел: Потребен е напредок на учесниците во дијалогот за состојбите во Западен Балкан

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, објави дека шефовите на дипломатиите на членките на НАТО на синоќешната средба во Брисел имале важна размена на мислења за состојбите во Западен Балкан.

-Ги информирав шефовите на дипломатиите за актуелната ситуација во однос на дијалогот што се води под покровителство на ЕУ. Потребен е напредок на учесниците во дијалогот, напиша Борел на социјалната мрежа „Х“.

Тој укажа на важноста БиХ да го искористи моментот за одлучувачки напредок на патот кон членството во ЕУ.

Пред почетокот на министерскиот состанок на НАТО во Брисел, чија агенда го вклучува Западен Балкан, Борел рече дека мисијата ЕУЛЕКС на Косово ќе продолжи да соработува со КФОР за обезбедување стабилност и безбедност на северот на Косово, соопшти Европската служба за надворешна политика.

Борел додаде дека стабилноста и просперитетот на земјите од Западен Балкан и нивното усогласување со надворешната политика на Унијата се од витално значење за ЕУ.

Мбапе: Мора да победиме во Дортмунд, бидејќи сакаме да го заземеме првото место во групата

Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе не се откажува од првото место во групата во Лигата на шампионите и покрај „киксот“ со Њукасл во 5. коло.

Парижаните синоќа на домашен терен одиграа 1:1 спасувајќи се од пораз со пенал во осмата минута од судиското надополнување.

- Резултатот е тешко да се прифати, имавме толку многу шанси за гол. Во фудбалот може да се биде подобар, но не и да се победи. Така се случи вечерва. Во Дортмунд треба да победиме бидејќи сакаме да го заземеме првото место во групата. Мојата работа е да постигнувам голови и да им помагам на моите момци. Сепак, можев повеќе да му помогнам на мојот тим бидејќи имав многу шанси. Во Лигата на шампионите треба да постигнете гол кога имате можност. Имавме 9-10 шанси, но не ги реализиравме, з ана крај да се спасиме со пенал, изјави Мбапе за „TNT Sports“.

На едно коло пред крајот во Ф-групата, Борусија Дортмунд е лидер со 10 бода, ПСЖ има седум, Њукасл и Милан собраа по пет бода.

Потрагата по 14 годишната Вања се уште трае, но нема информации каде е девојчето

Потрагата по 14 годишната Вања од Скопје се уште трае, но засега нема никакви информации каде е девојчето.

Полицијата објави нејзина фотографија и опис во билтенот за исчезнати.. МВР ги истражува сите можни мотиви и причини за нејзиното исчезнување.

Фотографии од девојчето се залепени во центарот на градот со надеж дека некој од минувачите ќе се присети на било каква информација.

Последниот сигнал кој бил забележан од нејзиниот телефон бил лоциран на Партизанска спроти Универзалната сала.

Вања во училиште заминала завчера изутрина во 7.20 часот а веќе во 7.35 била недостапна. Според мајката девојчето пред заминување било расположено и не се пожалило на никаков проблем.

притисни ентер