Тројца убиени во напад со нож на фестивал во Германија, специјалци бараат млад маж со брада

Тројца загинати и осум повредени од кои пет потешко – ова е билансот од нападот со нож за време на фестивал во германскиот град Солинген. 

Три лица се убиени, а осум повредени по напад со нож на фестивал во германскиот град Солинген. Причините за нападот се уште не се познати, но според информациите на тамошната полиција, сторителот ги избодел своите жртви целно во вратот, и не ја исклучуваат можноста да станува збор за тероризам. Според нив, напаѓачот го искористил метежот кој се создал за брзо да побегне, а иако се уште трагаат по него, потврдија дека привеле едно лице поради можна поврзаност со нападот.

„Во моментов ситуацијата е таква што за жал имаме тројца починати, 67 годишен маж, 56 годишен маж и 56 годишна жена. Во раните утрински часови имаше апсење на 15 годишно лице, кое во моментов се испитува за некаква поврзаност со нападот.“

„Се уште немаме причина за мотивот, но врз основа на околностите, можеме да претпоставиме дека почетниот сомнеж за терористички мотивиран напад, не може да се исклучи.“

Германскиот канцелар Олаф Шолц пак, порача дека очекува сторителот набрзо да биде фатен и казнет со сета сила на законот. Ваквите акти мора да се казнат остро и за нив нема место во германското општество – истакна Шолц.

„Многу е јасно дека ваквите акти мора да се казнат остро. Ова не смееме никогаш да го прифатиме во нашето општество и мора да направиме се што можеме за да се разјасни и да има одговорност за конкретниот акт, но и да направиме се што можеме за да се осигуриме дека вакво нешто нема да се повтори.“

Дел од сведоците на нападот пак, велат дека во градот се создала огромна паника и побараа заштита од федералната влада. Според нив, до сега во Солинген немало такви или слични напади врз обични граѓани.

„Наеднаш имаше некаква паника, се слушна некаков звук и тогаш почнаа луѓето да трчаат наоколу и тогаш видов луѓе како лежат на земја. / Не се чувствувам сигурен, федералната влада треба да се праша, ако федералната влада не реагира тогаш треба законите да се променат. / Јас сум 73 години, роден во Солинген и не знам за ништо вакво. Сме се удирале едни со други по глава, но со нож или со оружје не знам за такво нешто, а тоа станува се позачестено деновиве и е дури нормално.“

Нападот инаку, се случи додека десетици илјади луѓе во Солинген присуствуваа на одбележувањето на 650-годишнината од основањето на градот. Властите денеска пак, ги откажаа сите најавени настани.

Ужас во Швајцарија: Ја задавил сопругата и телото ѝ го сомлел во блендер, вели дека се бранел

Судот во Швајцарија оваа недела одби да го ослободи од притвор Томас (41), кој ја убил сопругата Кристина Јоксимовиќ (38), а потоа со миксер ѝ ги исецкал деловите од телото.

Федералниот суд во Лозана вчера ја отфрли неговата жалба, наведувајќи дека има „конкретни индиции за ментална болест“.

Во март, обвинетиот му признал на државниот обвинител дека ја убил сопругата и мајка на неговите две деца - наводно затоа што пред тоа го нападнала со нож. Тој претходно тврдеше дека Кристина ја нашол мртва и во паника ја распарчил. Но судско-медицинскиот извештај укажува дека не се работело за самоодбрана, пишува швајцарски Блик.

Експертите утврдиле дека Кристина, која своевремено влегла во финалето на изборот за Мис на Швајцарија, била задавена на 13 февруари. Според Sky News, остатоците од нејзиното тело биле пронајдени во куќа во Бининген, во близина на Базел.

Обдукцијата покажала дека по убиството жртвата била распарчена во пералната со пила, нож и ножици. Убиецот потоа исецкал некои делови од телото со блендер и потоа ги растворил во хемикалии.

Во наодите на истрагата се наведува дека Томас по убиството на сопругата покажал недостаток на емпатија и социопатско однесување и се обидел да го прикрие злосторството. Забележано е и дека пред убиството ја задавил сопругата, како што стои во пресудата. Инаку, Кристина ја освоила титулата Мис на северозападна Швајцарија и била финалистка на Мис на Швајцарија во 2008 година.

Во февруари, пријателите на двојката рекоа дека немало индикации за лош брак: „Тие изгледаа како совршено семејство“. Но, други рекле дека парот бил во криза со месеци. Наводно, пред убиството, полицијата интервенирала при расправија поради насилство.

Страшна несреќа во Мичиген среде бел ден- возачот заврши на покрив, возилото смачкано (ВИДЕО)

Несреќата се случила во градот Сагинау, во американската сојузна држава Мичиген, откако 28-годишен возач изгубил контрола и со камионетот удрил во куќа на раскрсница.

Возилото се запалило, но тоа не е најбизарниот детал. Неименуваниот возач, очигледно замаен, завршил на покрив од семејна куќа.

На социјалните мрежи кружи видео од инцидентот, а јасно е дека возачот лежи неподвижен на покривот. Недолго потоа се освестил, пренесува ABC 12 News.

На местото на настанот пристигнала и противпожарната единица која го изгаснала пожарот, а донесена е и скала за безбедно да го симне човекот од покривот.

Тој е пренесен во болница во критична, но стабилна состојба. Трите лица кои биле во куќата не се повредени.

Полицијата не соопштува детали, вклучително и како се случила несреќата, бидејќи истрагата е во тек.

На Шведска ќе ѝ требаат најмалку 25 години за го реши проблемот на малолетните криминални банди

Шведска, која до пред десетина години важеше за идилична скандинавска земја, сега е на врвот на листата на членки на ЕУ според стапката на криминал извршен со огнено оружје.

Меѓународните банди сега регрутираат деца, пишува Politico.

На Шведска ќе ѝ требаат најмалку десет години за да го реши проблемот со криминалот на малолетничките банди, изјави министерот за правда.

„Проблемите се секако многу сериозни и ќе биде потребно време за успешно да се смени тој тренд, не само што се однесува до децата“, рече Гунар Стромер, министер за правда.

Шведска е потресена од бран на насилство од банди во последниве години, со стапки на криминал со оружје меѓу највисоките во Европската унија. Според официјалните податоци, во 2022 година во Шведска биле убиени 62 лица, а во 2023 година бројот на жртви бил 54.

„За да се осигураме дека децата што растат во Шведска не запаѓаат во криминал, потребна е најмалку една деценија. Тоа е многу реален поглед на временската перспектива“, рече Стромер.

Криминалот на бандите и миграцијата станаа жешки прашања во Шведска, што ја доведе крајната десница до изборен успех. Најголем дел од злосторствата се извршени од меѓународно поврзани банди кои регрутираат деца во своите редови.

Минатиот септември, откако една 25-годишна жена беше убиена во напад на банди, премиерот Улф Кристерсон во ретко телевизиско обраќање вети дека ќе ги „лови бандите“. Претходно оваа година, шведскиот парламент ја овласти полицијата да воспостави таканаречени безбедносни зони, дозволувајќи им да пребарува одредени области без налог или само со причина.

Стромер рече дека владата исто така ги заострува казните за младите престапници.

„Постои постојан ризик од спирала на ново насилство што клокоти под површината“, предупреди тој.

притисни ентер