Трипуновски: Цевководот на системот Макарија во Росоман е нефункционален

​Денеска сум во посета на општина Росоман по барање на земјоделците се со цел да направам увид на оној проблем кој што ги мачи во моментов, а тоа е испораката водата по земјоделските површини во ова општина

Од она што можам да го видам е дека цевководот на системот Макарија кој што го покрива на делот на општина Росоман речиси до Велес е нефункционален и дека практично каналот е празен. Ова е повеќе од алармантна ситуација затоа што ако знаеме дека сезоната за наводнување треба да почне на 15 април, денеска сме веќе 8 мај и тоа е речиси 30тина дена задоцнување со снабдување на земјоделците со вода за наводнување.

Ова моја посета и ова моја изјава ја користам како апел до директорот на АД „Водостопанство" да даде приоритет на овој систем и на сите системи во Република Македонија затоа што ако ни се случи минатата 2019 година каде што со сигурност можам да кажам дека е една од најлошите години во водостопанството Република Македонија и ќе значи тотален колапс на земјоделците и во овој регион и во цела Република Македонија.

Овде сум затоа што во овој момент овошките кои што се наоѓаат на територија во општина Росоман се во фаза на формирање на својот плод и каде што водата за наводнување им е повеќе од потребна. Мислам дека приоритетите на АД „Водостопанство" во делот на црпење на песокот, речните корита и правење профит на терет на природата треба да биде минато и треба да се фокусираат на работата за која што е формирано акционерското друштво.

Исто така и министерот кој што изминативе денови гледам дека повеќе време сака да поминува време на својот фејсбук профил и да шерува лажни вести отколку да се фати за сериозна работа, меѓутоа доброто е што пред на нас се престојните парламентарни избори каде што СДСМ и нивната гарнитура ќе бидат минато и ќе дојде правата гарнитура која што ќе се грижи во вистинска смисла за земјоделството во Република Македонија.

Цветан Трипуновски – дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Денеска сум во посета на општина Росоман по барање на земјоделците се со цел да направам увид на оној проблем кој што ги...

Posted by Цветан Трипуновски on Friday, May 8, 2020

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите

Коносителката на ИЕ5 и министерка за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, честитајќи го Светскиот ден на слободата на медиумите потсети дека СДСМ во целиот свој мандат поттикнува демократска и слобода атмосфера во општеството.

„Направивме законски измени со кои нападот врз новинар се квалификува како напад на службено лице, заради поголема заштита на луѓето кои ја вршат оваа значајна општествена професија“, вели Костадиновска-Стојчевска.

Таа додава дека наспроти децениската репресија и прогон кон медиумите и новинарите, насилното затворање медиуми и користење на институциите за пресметка со новинарите, СДСМ значително го подобри медиумскиот амбиент и критичкото новинарство.

„Не приведуваме новинари за искажан збор, не тужиме редакции за објавени текстови, не затвораме медиуми кои не критикуваат“, вели Костадиновска-Стојчевска на Светскиот ден на слобода на медиумите кога „Репортери без граници“, во својот извештај забележа прогрес за Северна Македонија.

Според овој извештај, државата годинава има напредок и е рангирана на 36 место на Индексот за слобода на медиумите, што е за две места подобор од 38 место лани. Во 2016 бевме на 118 место.

„СДСМ е демократска партија која на дело покажува како се почитува слободата на медиумите и новинарската мисла. Остануваме лидери во регионот по слободата на новинарското изразување“, вели Костадиновска-Стојчевска, додавајќи дека актуелните времиња носат и нови предизвици за медиумите и медиумските работници, а технолошкиот развој носи и бројни ризици за самата професија.

Според Костадиновска-Стојчевска, слободата на новинарската мисла и подобрување на условите за медиумските работници остануваат приоритет на социјалдемократите кои остануваат силни поддржувачи на професионалното и непречено изразување, се наведува во партиското соопштение.

ФАЗ: Балканот останува без население

Германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ пишува за тешкотиите што во балканските земји ги предизвикува од една страна емиграцијата и падот на наталитетот, а од друга имиграцијата од Азија, за која овие земји не се подготвени.

Авторот на текстот, Мајкл Мартенс, споменува анегдота од конференција на која се разговарало за опасноста од избувнување на војна во Југоисточна Европа, каде еден од учесниците тврди дека нема опасност бидејќи во тие земји има недостиг од војници.

Авторот на текстот не смета дека опасност од војна не постои, тврдејќи дека дури и добро вооружените специјалци можат да направат многу штета, но дека овие земји се уште страдаат од недостаток на војници. Тој како пример ја наведува Србија.

„Србија, на пример, веќе неколку години силно се вооружува со ракети, беспилотни летала и противвоздушни системи од Кина и Русија, кои наскоро треба да бидат дополнети со француски борбени авиони Рафал, тоа е еден дел од сликата дека на Србија, како и другите земји и регионот, ѝ недостигаат војници кои знаат да управуваат со оваа скапа техника, така што српската армија има, всушност, повеќе од 300 тенкови, но најмногу една третина има обучени екипажи. “

Тој како пример го наведува тоа што офицерите често преминуваат во стопанството и што има малку млади луѓе, бидејќи воената служба повеќе не е толку привлечна и затоа што се раѓаат сѐ помалку деца. Дополнително, се наведува дека емиграцијата го влошува проблемот, бидејќи „земјите од регионот не се доволно атрактивни да го задржат своето младо население или да привлечат мигранти“.

Авторот на написот ја споредува ситуацијата во Србија со онаа во Романија или Бугарија, наведувајќи дека во тие земји понекогаш е можно да се забави емиграцијата од големите градови или дури и да се смени трендот, но забележува дека овие земји се членки на Европската унија. .

„Во шесте земји од Западен Балкан, кои сè уште не се членки на Европската унија и немаат еднаков пристап до нејзиниот пазар, ситуацијата не изгледа толку добро“, пишува FAZ, наведувајќи дека за многу млади луѓе во тие земји , се чини дека емиграцијата сепак е најдобрата опција.

Намалувањето на бројот на жители влијае и на однесувањето на западните инвеститори, забележува ФАЗ, објаснувајќи дека нема доволно работна сила за големи проекти во трудоинтензивните индустрии. „Еден западен концерн, кој сака да изгради голема фабрика во една балканска земја, пред почетокот на работата се согласи две третини од вработените да бидат увезени од Филипините.“

Се зборува дека политичарите во тој регион доцна ја сфатиле сериозноста на демографската состојба и дека сега се натпреваруваат да донесат странски работници. „Во меѓувреме, градскиот превоз на Белград вработува возачи на автобуси од Индија или Шри Ланка, бидејќи нема локални заинтересирани лица. Најсиромашната земја во Европа, Косово, донесе работници од Бангладеш со авиони за големи проекти.

Оваа нова реалност ќе ги стави општествата во балканскиот регион пред тешки предизвици, предупредува ФАЗ, бидејќи имигрантите од Азија и Африка ќе имаат деца, ќе купуваат недвижнини, ќе ги негуваат своите традиции и религии и ќе го променат изгледот на градовите во југоисточниот дел на Европа, нешто на што не се навикнати во тој регион.

„Потенцијалот за конфликт е очигледен. Балканот, точно е, е мултиетнички со векови. Но, да се признае дека областа е имигрантски регион или дека мора да стане таков, за да се одржи економски, е тешко за оние со моќ да прифатат“, заклучува Frankfurter Allgemeine Zeitung.

Филипче: Овозможивме слободни и независни медиуми и сме први во регионот

Позитивните политики и пристап на СДСМ кон медиумите, се потврдија со тоа што Македонија е најдобро рангирана земја во регионот по слобода на медиуи, истакна д-р Венко Филипче  носител на листа во Изборната единица 4 од СДСМ и Коалицијата.

,,Македонија во 2024 година го постигна сопствениот рекорд во последните 15 години во Индексот на слободата на медиумите според „Репортери без граници“. Годинава се наоѓа на 36-то место и е најдобро рангирана од сите земји во регионот. Ова е потврда за позитивните политики и пристап на СДСМ кон медиумите. Слободни медиуми се слика на секое демократско општество",смета Филипче.

Тој посочи дека граѓаните не треба да дозволат да ја изгубиме демократијата и слободата.

,,Без слобода, без независни медиуми, без професионални новинари ќе го изгубиме и развојот и напредокот на државата. Уште многу треба да се направи за подобрување на општата медиумска ситуација во земјата, но курсот кој го поставивме е правилен"вели д-р Филипче.

Носителот на листата во Изборната единица 4 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Филипче истакна дека во следниот мандат СДСМ мора да се фокусира на повисок животен стандард на новинарските и медиумските работници.

,,Тоа директно ќе влијае на објективност во известувањето, во служба на граѓаните, а не во политичките и бизнис елити"-рече Филипче, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер