Трибина на ВМРО – ДПМНЕ : Младите во Македонија - сеуште сум тука, а зошто би заминал ?“

Централната Комисија за труд, социјална политика, демографија и родови прашања на ВМРО-ДПМНЕ одржа трибина на тема  „Младите во Македонија - сеуште сум тука, а зошто би заминал ?“ во Центарот „Јавна соба“.

Според партиското соопштение , на трибината се дискутираше за актуелни прашања во однос на иселувањето коишто ги засегнуваат младите и причините зошто младите си заминуваат од Македонија. Лошата економска ситуација економски и социјалната општествена состојба во држава изразена преку владеењето на криминалот и корупцијата се основниот фактор кој младите ги тера да бараат просперитет надвор од Македонија.

На трибината беше истакнато дека досега од Македонија си имаат заминато околу 650 илјади граѓани во изминативе децении, а тој тренд е особено зголемен последниве години. Во таа бројка најголем е процентот на младите. Претседателот на Комисијата за труд, социјална политика, демографија и родови прашања, на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Лазар Јовевски истакна дека во најголем дел младите луѓе се на маргините на пазарот на трудот, односно се невработени. Повеќе од 40% од вкупната бројка на невработени луѓе се млади.

Соговорниците проф. д-р Лазар Јовевски, адв. м-р Славчо Батковски и потпретседател на синдикатот на АКН, Марко Стефановски, разговараа за факторите и конкретните причини за заминување на младите, со цел да се спречи поразителниот тренд и да се испитаат можностите враќање на младите луѓе назад во Македонија, како и можните реални проекти за младите да станат реален фактор и двигател на сите општествени процеси коишто следуваат во државата.

Идејата зад концептот на трибината за иселувањето на младите е да се поттикне поширока дебата за ова загрижувачко и актуелно значајно прашање за масовното иселување на младите луѓе од Македонија, како и начини на дејствување за спречување на истото.

Објавена причината за смртта контроверзниот О.Џ. Симпсон

Објавена причината за смртта на поранешниот американски фудбалер и актер: Симпсон имал рак на простата.

Објавена е официјалната причина за смртта на контроверзниот џетсетер О.Џ. Симпсон .

Според TMZ, поранешниот американски фудбалер, кој во 1995 година беше ослободен од обвинението за убиство на сопругата и нејзината пријателка во случај кој предизвика голем интерес кај американската јавност, починал од рак на простата.

Тој прво откри дека се бори со ракот, иако не прецизираше со кој, во мај 2023 година, но посочи дека ја победил болеста. Сепак, тој изгледаше многу изнемоштено на неговите последни јавни појавувања, дури и одеше со бастун во јануари 2024 година.

О.Џ. Симпсон почина на 10 април на 76-годишна возраст.

Поранешниот фудбалер и актер избегна да замине во затвор откако беше прогласен за невин за смртта на неговата поранешна сопруга Никол Браун Симпсон и нејзиниот пријател Роналд Голдман, кои наводно ги избодел со нож во 1994 година во Лос Анџелес.

Симпсон подоцна одлежа девет години во затвор во Невада, откако во 2008 година беше осуден за 12 точки од обвинението за вооружен грабеж и киднапирање на двајца дилери на спортски сувенири под закана со пиштол во хотел во Лас Вегас.

Десетици смртни случаи во САД на луѓе на кои им се давале седативи за време на апсења

Во 15-годишната истрага за практиката на давање седативи на луѓе за време на апсења во САД, и поддржана од експерти за спроведување на законот, покажа дека стратегијата, наменета за намалување на насилството и спасување животи, доведе до многу смртни случаи кои можеле да се избегнат.

Најмалку 94 луѓе умреле од 2012 до 2021 година, откако полицијата им давала седативи обидувајќи се да ги задржи, а околу половина од жртвите биле црнци, според наодите на АП во соработка со Фронтлајн ПБС и Хауард Центарот за истражувачко новинарство, јавија американските медиоуми.

Главната причина за толку многу црни жртви е спорната наводна медицинска состојба наречена „возбуден делириум“. Критичарите велат дека нејзините наводни симптоми, кои вклучуваат „натчовечка сила“ и висока толеранција на болка, се во овнова во расистичките стереотипи за црнците и водат до пристрасни одлуки за тоа кому треба да му се даде седатив.

Беше невозможно да се одреди улогата на седативи во секоја од 94-те смртни случаи бидејќи многу од случаите вклучуваа употреба на потенцијално опасна сила врз луѓе кои биле дрогирани или пијани и затоа што истрагата обично се фокусирала на дејствијата на полицајците, а не на медицинските лица кои им помагаат.

АП пронашла докази за луѓе кои биле насилно држени на стомак од полицијата, многумина со лисици на рацете додека полицајци седеле на нивните грбови, а кои се мачеле да дишат и се обидувале да се ослободат. Повикувајќи на отпор при апсење, болничарите им давале седативи, што дополнително го забавувало нивното дишење.

Срцевиот и респираторниот застој често се случувале во рок од неколку минути.

Најмладите од Дебарско и Река со каланда го возвестија Лазаревото воскресение

 Света Бигорска обител денеска беше израдувана од прекрасното пеење на Лазаревата каланда „Кажи Лазаре“, којашто одекнуваше од устите на најмладите дечиња од реканскиот и дебарскиот регион.

-Овие прекрасни млади души, на чиишто лица сјаеше празничната радост, со чистина во срцата ни го најавија претстојното Пасхално торжество и преку каланда ни проговорија за Лазаревото Воскресение, кое е вовед во светлото и славно Христово Воскресение, рече сестра Ефимија.

Додаде дека дечињата, во придружба на своите родители, најпрво со воодушевување ги пееја каландите во манастирскиот двор, од каде што потоа се упатија кон работната игуменска одаја на нашиот старец епископ г. Партениј, за и нему да му ја пренесат сеопштата радост од Господовото воскреснување на четиридневниот Лазар.

-Таму тие беа срдечно и радосно пречекани од татковското срце и прегратка на дедото, а потоа и дарувани со традиционалните колачи Лазаринки, со велигденски ламбади и со други подароци, посочи сестра Ефимија.

притисни ентер