Дури четири ,,Златни малини” доби комедијата за Шерлок Холмс во која глумат Вил Фарел и Џон Раили. Филмот ги доби наградите во категорија за најлош филм за минатата година и најлош римејк.
Раили е прогласен за најлош спореден актер во како што рече основачот на наградата, Џон Вилсон , безвезна пародија на класичната британска детективска приказна.
Златната малина , како награда спротивна на Оскарот е востановена 1980 година .
Една од овие награди освои и американскиот претседател Доналд Трамп , како најлош актер за улогите во два документарни филма ,,Смрт на нацијата” на режисерот Динеш Д’Соуза и ,,Фаренхајт 11/9” од Мајкл Мур.
Советничката во Белата куќа Келијан Конвеј е прогласена за најлоша споредна актерка , за улогата во документарецот ,,Фаренхајт 11/9”.
За улогата во комедијата ,,Среќни убиства” , актерката Мелиса Мекарти ја доби ,,Златната малина“ за најлоша главна женска улога.
Филмот ,,Готи” за покојниот њујоршки мафијашки кум Џон Готи не доби ниту една малина , иако имаше шест номинации.