Трамп: Доколку победам, ќе го отпуштам обвинителот кој ме истражува

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп денеска изјави дека доколку биде избран за претседател, ќе го отпушти федералниот обвинител кој истражува дали се обидел да го поништи неговиот изборен пораз во 2020 година.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, запрашан во интервју дали ќе се помилува себеси или ќе го отпушти специјалниот обвинител Џек Смит во тој случај, одговори: „Толку е едноставно. Би го отпуштил во рок од две секунди“.

„И не, мислам дека нема да бидам отповикан ако го отпуштам Џек Смит“.

Трамп разговараше со конзервативниот водител на подкаст, Хју Хјуит.

Смит го води кривичното дело во кое Трамп е обвинет за изборна субверзија на изборите во 2020 година, на кои победи демократот Џо Бајден, актуелниот американски претседател.

Младенци се запалија на денот на свадбата, сватовите шокирани (ВИДЕО)

Многумина се обидуваат да ја направат својата венчавка епска и незаборавна, а Гејб Џесоп и неговата избраничка Амбир ја „свртеа играта“.

Решиле да се самозапалат пред свадбената веселба, а видеата повторно и повторно го преплавија интернетот и ги воодушевуваа гледачите.

Гејб и Амбир го кажаа судбоносното „да“ пред неколку години, а имаат богато искуство во филмската индустрија – затоа што се каскадери.

Тие решија јавно да ги покажат своите вештини и направија вистински спектакл. Со овој трик сакале да им оддадат почит на нивните кариери и тоа на овој посебен ден, пренесува Unilad.

Секој чекор бил испланиран, специјалните одела што ги носеле биле подготвени, а соработниците чекале со противпожарни апарати.

Пламенот брзо се проширил по грбот на невестата и младоженецот, додека тие им мавтаа на запрепастените сватови, а како сето тоа заврши, погледнете во видеото.

@caseyputscher #duet with @djrusspowell ♬ He's a Pirate & Jack Sparrow (From "Pirates of the Caribbean") - David Solís

Корисниците на социјалните мрежи реагираа ентузијастички, а на некои не им беше јасно како „преживеа“ косата на младата жена.

„Каков прекрасен почеток на заедничкиот живот“, „Како ќе им објаснат на децата зошто го направиле ова“, „Да живеат уште 100 години“, беа дел од коментарите.

На Германија ѝ се потребни 400 милијарди евра за обнова на дотраената инфраструктура

Дотраената германска инфраструктура може да чини околу 400 милијарди евра инвестиции во наредните години, предупреди денеска економистот и советник на министерот за финансии, Ларс Фелд.

Патната, железничката и енергетската инфраструктура бараат итни инвестиции, покажува новата студија на професор од Универзитетот во Фрајбург и советник на министерот Кристијан Линднер.

„Јавните инвестиции долго време не успеаја да го одржат статус квото“, заклучи Фелд.

Помеѓу 2025 и 2028 година, само на патната инфраструктура ѝ се потребни повеќе од 57 милијарди инвестиции, а 63 милијарди се потребни за железничката мрежа, според студијата нарачана од менаџерот на фондот „Унион инвестмент“.

Потребните инвестиции во енергетски капацитети на копно и на море како дел од зелената транзиција би можеле да достигнат сума од 270 милијарди евра, се наведува во извештајот.

Добивањето капитал би можело да биде отежнато поради стагнацијата на германската економија, а рацете на владата во Берлин се врзани поради строгите фискални регулативи, таканаречените „сопирачки за долг“.

Во 2022 година, стапката на инвестиции во Германија, изразена како учество на јавните инвестиции во бруто домашниот производ (БДП), беше 2,6 проценти и е приближно еден процентен поен пониска од просекот на земјите-членки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Според Фелд, проблемот може да се реши, меѓу другото, со вклучување на приватни инвеститори во проекти како што е формирање на инфраструктурни фондови.

Германската држава има удел во голем број инфраструктурни компании, кои би можеле да добијат дополнителни овластувања за задолжување, предложи советник на министерот за финансии.

Студијата е објавена еден ден откако германскиот министер за економија Роберт Хабек предложи формирање на инвестициски фонд за поддршка на економијата која се бори.

Програмата предвидува враќање на 10 отсто од вредноста на инвестицијата на компаниите преку даночни одбитоци или директно плаќање од државната каса.

Романец ја зазидал сопругата во станот, полицијата го нашла телото по чуден разговор

Романец (47) е осомничен дека ја убил својата партнерка и го заѕидал нејзиното тело во стан во Штутгарт.

Роднините ја пријавиле жената за исчезната на 16 октомври бидејќи со месеци немале чуено за неа, објави Билд.

По пријавата, истражителите го испрашувале нејзиниот партнер, кој на распитот „се збунил“, поради што веднаш му извршиле претрес во станот.

„Кога истражителите го отворија ѕидот, го открија телото во шуплината и го уапсија осомничениот“, изјави портпаролот на полицијата во Штутгарт.

Осомничениот во вторникот е изведен пред судија и му е одреден притвор.

притисни ентер