Трајан Ангелоски на годишен состанок на ICC- Светска коморска федерација во Париз

Претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија Трајан Ангелоски присуствува на годишниот состанок на генералниот Совет на ICC -Светска коморска федерација кој се оддржува во седиштето во Париз.

На состанокот се разговара и планира за начинот на одвивањето на стопанските активности во овие нестабилни времиња каде постојат безбедносни,логистички и други предизвици кои го отежнуваат работењето на светската економија

,Како единствен претставник на коморска организација од регионот на Југоисточна Европа во Генералниот совет, кој раководи со Федерацијата, каде членуваат и претставници на коморските организации од САД, Јапонија, Велика Британија, Турција, Индија, Италија, Германија, Франција, Канада, Данска, Бразил, Германија, Австрија, ангажманот во највисокото тело на Светската коморска федерација нуди можности за остварување на поблиски соработки за влез на нови инвестиции во земјата и регионот, изградба на сигурни партнерства за домашните деловни субјекти и вклучување во глобални иницијативи за развој на економијата, истакна Ангелоски.

Светската коморска федерација како единствен глобален форум кој ги обединува стопанските комори од целиот свет, делува на зајакнување на врските меѓу коморите, но го претставува и гласот на бизнис заедницата во најрелевантните светски организации како Организацијата на обединети нации – ООН, Г20, Светската трговска организација, Светската банка, како и Европската банка за обнова и развој.

Генералниот совет максимално работи на бизнисите да тргуваат на меѓународно ниво. Сè што правиме во име на бизнисот води помирна, одржлива и попросперитетна иднина за сите,отворање на нови пазари за нашите компании, привлекување на странски инвестиции, јакнење на нашата економска позиција преку поврзување со другите комори и поддршка на микро, малите и средни компании. Со изборот во највисокото тело на Светската коморска организација покажуваме дека е препознаен нашиот капацитет за придонес кон стратегија за развој и зајакнување на нашата економија како дел од светската економија, истака првиот човек на ССК.

Сојуз на стопански комори на Македонија

СДСМ: Мизрахи да си даде оставка и да свика седница на Анкетната за Онкологија

Срамна и неодговорна е злоупотребата на Анкетната комисија за случајот Онкологија од страна на ДПМНЕ и претседателката на комисијата Рашела Мизрахи.

ДПМНЕ и Мизрахи покажаа дека нивната цел со комисијата воопшто не била вистината, не биле пациентите, немале намера воопшто нешто да преземат, освен политички да ја злоупотребуваат Комисијата за ширење на невистини и манипулација на граѓаните.

Јавноста се сомнева дека намерата на ДПМНЕ е да ја опструира истрагата на надлежните институции и да ја попречува.

Во името на пациентите на Онкологија, во името на вистината и правдата Мизрахи треба да си даде оставка за сите злоупотреби на комисијата и да свика седница на Анкетната комисија за онкологија.

Случајот Онкологија после 30 години го отворија институции во време на СДСМ и без разлика на ваквото однесување на ДПМНЕ, мора да има одговорност за сите инволвирани.

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

Шалтерите во Дирекцијата на „Водовод и канализација“ денеска и утре ќе работат до 14 часот

Шалтерите за наплата на „Водовод и канализација“ во дирекцијата на претпријатието денеска ќе работат од 07:30 до 14 часот, а утре од 09 до 14 часот. Наплатните пунктови во Сарај, Шуто Оризари и Лисиче, нема да работат.

Од претпријатието информираат дека од петок продолжуваат со редовно работно време.

Одлуката, како што посочуваат од ЈП „Водовод и канализација“ е во согласност со заклучоците од 199. седница на Владата поради одржување на 30. Министерски состанок на ОБСЕ.

Халанд најбрзо до 40 гола во Лигата на шампионите

 Фудбалерот на Манчестер сити, Ерилнг Халанд синоќа беше стрелец во победата на неговиот тим против Лајпциг со 3:2 во натпреварот од 5. коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

Норвежанецот на оваа средба го постигна својот 40-ти гол во 35-от натпревар од елитното фудбалско натпреварување.

Халанд е играчот кој најбрзо стигна до 40 гола во Лигата на шампионите. Тој го собори и рекордот на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе и стана најмладиот играч кој постигнал 40 гола во Лигата на шампионите (23 години, 130 дена).

Оваа сезона, 23-годишниот Халанд забележа 20 настапи за Манчестер сити во сите натпреварувања, постигнувајќи 19 гола и четири асистенции.

притисни ентер