Тојота во Лас Вегас најави дека ќе гради град на иднината (ВИДЕО)

И додека другите производители на автомобили подготвија голем број на интересни системи за автомобили за CES Саемот во Лас Вегас, Тојота отиде чекор подалеку и најави изградба на град на иднината.

Наречен е Woven City, и ќе биде изграден во подножјето на планината Фуџи во Јапонија. Градот ќе се протега на нешто повеќе од 70 хектари и ќе има целосно затворен екосистем напојуван со водородни ќелии. Истражувачите и нивните семејства ќе живеат во него, развивајќи системи во областа на автоматизацијата, роботиката и вештачката интелигенција воопшто. Сите овие системи ќе бидат тестирани во нивните паметни домови.

Градот е дизајниран од данскиот архитект Бјарк Ингелс, кој беше воодушевен од идејата за целосно поврзана заедница без емисии и со автономна транспортна услуга. Дури и градежните материјали ќе бидат еколошки и ќе бидат базирани на дрво, а на покривите ќе добијат соларни панели. Предвидени се три вида на патишта, едните резервирани за пешаци, а другите за пешаци и лични превозници. Конечно, постои трет вид пат по кој може да возат класични автомобили. Најголемиот дел од транспортот ќе биде автономен со е-палета на возила.

Почетокот на изградбата е планиран за следната година, а на почеток е планирано да прими околу 2000 станари. Тојота сè уште не открива колку ќе чини овој проект за изградба на најмодерниот град на светот.

Мегваер е надвор од терените до крајот на сезоната поради повреда

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер ќе биде надвор од терените поради повреда, објавија од прес-службата на клубот на социјалните мрежи.

Играчот ќе пропушти околу три недели, па повеќе нема да се појавува на теренот на преостанатите натпревари.

Оваа сезона фудбалерот одигра 22 натпревари за Манчестер јунајтед во англиското првенство, на кои постигна два гола и оствари две асистенции.

Вечер од 21 часот Манчестер јунајтед ќе се сретне со Кристал Палас на гостински терен.

Роналдо ја игра својата најпродуктивна сезона на клупско ниво од 2016 година

 Напаѓачот на Саудиска Арабија на Ал Наср, Кристијано Роналдо ја бележи својата најефикасна сезона во последните осум години.

Португалецот сега има 45 гола по натпреварот од 30. коло на фудбалскиот шампионат на Саудиска Арабија. Тој во саботата постигна хет-трик против Ал-Вахда (6:0).

Триесет и деветгодишниот Роналдо Имаше повеќе голови во сезоната 2015/16. Тогаш Португалецот, кој настапуваше за Реал Мадрид, постигна 51 гол.

Кристијано потпиша договор со Ал-Наср во јануари 2023 година. Порталот Трансфермаркт ја проценува пазарната вредност на играчот на 15 милиони евра.

По победата над Ал-Вахда, избраниците на Роналдо се на второто место во поредокот во првенството на Саудиска Арабија. До крајот на шампионатот Ал-Наср треба да одигра уште четири натпревари.

Пожари во Скопје и Битола, 1.588 повици за 24 часа до ЦУК

 Два пожара на отворено се регистрирани изминатото деноноќие. Еден пожар во Скопје, друг во Битола, информираат денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Пожарникарите на Град Скопје од вчера во 14:10 до 15:10 часот гаснеле запалено ѓубре на улицата „Скупи“ во општина Карпош, на површина од 500 метри квадратни. Интервенцијата ја извршиле со едно противпожарно возило и двајца пожарникари.

Битолските пожарникари вчера од 14:11 до 15:15 часот со едно противпожарно возило интервенирале на запалена дива депонија во населбата „Баир“.

- Вкупно 1.588 повици се регистрирани на Единствениот повикувачки број за итни случаи - 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ - 54,85 отсто, а 45,15 проценти - за други потреби на граѓаните, што не биле итни. Кон полицијата биле упатени 61,03 проценти, кон Итната медицинска помош - 35,66 отсто, кон пожарникарите - 1,84 проценти, а кон АМСМ - 0,37 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК, се наведува во денешното соопштение.

притисни ентер