Тојота е принудена да повлече атрактивен модел од Европа (ФОТО)

Станува збор за Toyota GR86, а со тоа и неговиот брат близнак од Subaru, моделот BRZ.

И спротивно на очекувањата, причината за повлекувањето на моделот од европскиот пазар не се стандардите за емисија, па дури ни некој фактор поврзан со еколошки аспект. Верувале или не, главната причина е безбедноста по природата.

Тоа се Општите безбедносни регулативи (GSR2) или Општите безбедносни регулативи 2, со кои овој автомобил не се усогласува и покрај неговиот релативно неодамнешен редизајн. Во Toyota решија да се задржат на идејата дека моделот нема да се нуди во Европа повеќе од две години, што значи дека залихите наскоро ќе бидат распродадени.

Како што дознава Motor1, Toyota не размислува за прилагодување на автомобилот на споменатата GSR2 регулатива, а на истото мислење е и партнерот на Toyota, Subaru. Моделот BRZ ќе биде повлечен од понудата на европско тло откако ќе се распродадат залихите. Едноставно, ваквите обемни модификации на автомобилот не би биле профитабилни за двата партнери, а земајќи го предвид скромниот пазарен потенцијал на ваков спортски модел.

Претходно, Toyota во сопственото списание нагласи дека модификациите ќе имаат негативно влијание врз „динамичниот карактер на возилото“, но и дека автомобилот „ќе изгуби голем дел од она што го прави познат, почитуван и сакан од сите“.

Интересно звучи веста дека Mazda MX-5 Miata ќе остане во понудата. Иако беше претставен уште во 2014 година, Miata имаше два значајни редизајн и ги има сите предуслови да остане на пазарот.

Alpine A110, од ​​друга страна, не ги исполнува безбедносните прописи, но ќе остане на пазарот до крајот на својот животен век во 2026 година. Единствен услов е годишната продажба да не надминува 1500 примероци, кога станува збор за продажба во Европа.

На GSR2 му пресуди друг модел, имено првата генерација на Porsche Macan. Бензинскиот модел ќе биде повлечен од европскиот пазар по стапувањето во сила на новата регулатива, поточно од јули годинава.

Првата фаза од оваа регулатива стапи на сила на 6 јули 2022 година, кога ЕУ го укина издавањето сертификати за автомобили кои не ги исполнуваат стандардите. Поточно, GSR2 вклучува повеќе од 100 различни стандарди, од кои 20 до 25 се целосно нови.

Една од новитетите е т.н црна кутија која станува задолжителна од јули годинава. Работи со систем eo кој ќе ги сними сите параметри пет секунди пред несреќата и 0,3 секунди по судирот, вклучувајќи податоци за брзината, сопирањето, положбата и статусот на безбедносните системи.

Бројни други системи ќе станат задолжителни до 2029 година, а покрај побезбедните автомобили, извесно е дека новите автомобили во Европа ќе станат уште поскапи.

Како до празнична трпеза без да се оптовари домашниот буџет?

Како наближуваат велигденските и првомајските празни, така растат и цените на овошјето и зеленчук, јагнешкото месо.  

Канал 5 напарви обиколка на еден скопски пазар, но и во дел од месарите, каде засега единствено велат поскпаено е само јагнешкото месо. Поразговаравме и со дел од пазарџиите. Ако до вчера килограм краставица на скопските пазари можеше да се најде и за 50 денари килограм, денеска цената е повисока за 10 денари, од 5 до 10 денари има промени и кај доматот, компирот, салатите. Дел од пазарџиите велат можно е цените да растат и во следните денови.

„Некоја роба има разлика, но не верувам да се качи пред Велгиденот, може да се качи ама нема народ пари. 5 10 денари не е страшно, вчера беше краставицата 50 сега 60 денари. Доматот 100. Немаат граѓаните пари, со минимланна плата не може да искочи на крај со ова. “--изјави, трговец на пазар.

Граѓаните ги прават последните подготовки пред празниците, тие викендов се растрчаа по пазарите да купат по некое овошје и зеленчук, но велат не можат многу да си дозволат бидејќи цените постојано растат. Во зависност од домашниот буџет и цените на производите трпезата годиава ќе биде велат поскромна.

„Се спремаме и за велигден и за мај... Се знае дека се е поскапено, ќе биде малце исто ама посиромашно...“

„За некоја нијасна поскапено е да... “

„Секогаш има, секогаш имало или ќе има. Ако не многу од се помалку и пак ќе има....“

„Има и поскпаување и поевтинување негде има... Послаба ќе биде ама ....“

Досега цената на јагнешкото месо за килограм во дел од месарите и маркетите е зголемена од 150 до 200 денари. Дел од сточарите велат пред велигденските празници цената секогаш била повисока, но ова што сега се случува е нералано. Според нив најголемиот проблем е кај трговците кои ставаат високи маржи, бидејќи велат нивната откупна цена е 220 денари за килограм, па јагнето според нив не би требало да биде поскапо од 500 денари.

Се враќа ли од утре старата цена на осигурителните полиси?

Утре владината комисија при Министерството за финансии за автоодговороност ќе одлучува за новата цена за осигурување на возилата. 

Според неофицијални информации, поскапувањето за 15 % кое го донесе Нациналното биро по барање на осигурителните компаниии - комисијата при ресорното министерство ќе го поништи, со што се очекува да се врати старата цена .

Претходно реагираа и од Агенцијата за супервизија на осигурување од каде посочија дека зголемувањето на цената е неорпавдано.

Од Националното биро за осигурување пак велат дека цената на авто-осигурувањето е непроменета од 2008 година, и според нив, поскапувањето на осигурителните полиси е реално, поради како што велат – повисоките цени на автомобилите и резервните делови.

Одбележана 23-та годишнина од смртта на припадникот на безбедносните сили, Роберт Петковски

Со положување свежо цвеќе пред спомен плочата во Бунарџик, општина Илинден ја одбележа 23-та годишнина од трагичната смрт на Роберт Петковски, кој како припадник на Министерството за одбрана, трагично загина во Вејце, на 28 април 2001 година.

Како што информираат од Општината, свежо цвеќе положиле членовите на семејството на Роберт Петковски, претставници на општина Илинден предводени од градоначалникот, Александар Георгиевски, припадниците на специјалната единица „Волци“, претставници на месната заедница и жители на Бунарџик.

Во чест на трагично загинатиот припадник на безбедносните сили, кој бил член на фудбалскиот клуб „Бунарџик“, а под покровителство на градоначалниот Георгиевски, се одржува традиционален меморијален турнир во фудбал.

Фудбалскиот натпревар се одиграл на ново реконструираното фудбалско игралиште во Бунарџик, кое го носи името „Роберт Петковски“ каде Општина Илинден изврши целосна замена на асфалтниот слој, поставено лед осветлување, заштитна ограда, нови голови, клупи, корпи за отпадоци и партерно уреден простор.

притисни ентер