Павле Трајанов реизбран за претседател на Демократски сојуз

Павле Трајанов денеска на конрес е реизбран за претседател на Демократски сојуз.

На конгресот на кој присуствуваа над 400 делегати и гости, беше избран Централен совет на партијата од 80 члена. Меѓу приоритетите, Трајанов нагласи дека се неопходни коренити уставни измени, односно нов Устав, зашто како што рече, амандманите на актуелниот го блокираат развојот и демократијата.

На седмиот Конгрес на Демократски сојуз на кој присуствувале над 400 делегати и гости бил избран Централен совет на ДС од 80 члена, а за претседател реизбран Павле Трајанов

Како што информираат од ДС, Конгресот усвоил и повик до граѓаните да се вклучат во промените, во кои меѓу другото стои дека се неопходни темелни реформи и кадровска обнова.

- Македонија е заглавена во политичко мочуриште, неопходни се темелни реформи и кадровска обнова доколку сакаме да се придвижат напред сите процеси. На овие избори се одлучува за тоа дали ќе се вградат во системот вредности кои независно од власта ќе гарантираат изградба на пристојна и модерна европска држава, држава на слободни и креативни граѓани, горди на самите себе и на државата на која и припаѓаат и ја градат. Македонија мора да успее, тоа е наша должност и завет пред идните генерации. Да се биде или не, за тоа одлучувате Вие граѓаните! Излезете на гласање и определете ја иднината на Македонија, демократска, слободна, силна и почитувана од сите, соопштуваат од ДС.

На Конгресот, Трајанов нагласил дека на претстојните претседателски и парламентарни избори ќе се одлучува за тоа дали ќе опстоиме како самостојна, суверена и независна држава, дали ќе се случат промени кои значат градење на демократска и европска држава или ќе тонеме во корупција, деструкција и разградување на темелните вредности.

Трајанов зборувал и за приоритетите на Демократскиот сојуз, меѓу кои посебно ги посочил коренити уставни промени, односно нов Устав, донесување на нова стратегија за борба против тешките облици на криминал и високата корупција и донесување на Законот за формирање на независна Агенција за борба против овој вид на криминал, деблокирање на евроинтеграциските процеси преку градење на широк политички и граѓански консензус околу следните работи, реформирање на системот за безбедност, слободна пазарна економија, бесплатно здравство и образование и создавање услови за младите да останат во Македонија.

Тој ги повикал делегатите на конгресот, членовите и симпатизерите на Демократскиот сојуз, како и сите граѓани, да излезат масовно на 8 Мај и да гласаат за претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова, и за кандидатите за пратеници од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

НБРМ: Постепено забрзување на економскиот раст и просечна инфлација од 3,5 отсто

Економски раст од 2,6 % годинава и 3,6 % следната година–Народна банка со надолни корекции за растот на македонската економија во најновиот квартален извештај, наспроти октомврските очекувања, кога се предвидуваше раст од 3 % годинава и 4 % следната.

Ваквите бројки според гувернерката Анита Ангеловска Бежоска се должат на послабите остварувања минатата година и бавното спроведување на инфраструктурните проекти.

Инфлацијата останува на 3,5 проценти, со очекување дека во следните две години таа ќе се сведе на историскиот просек од 2 проценти. Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска, вели иако во моментов нема, во следниот период се очекува и пад на цените на храната.

„Според меѓународните финансиски институции се проектира натамошен пад на цените на храната оваа година, а стабилизирање на нивното ниво наредната година што секако остава простор за одредени надолни корекции кај цените на храната, но како што знаете ценовната политика е детерминирана од повеќе фактори, “-изјави Анита Ангелоска – Бежоска – Гувернерка на НБРМ.

Во однос на најавите на идниот мандатар Христијан Мицкоски, дека државата планира ново задолжување, од странска држава, по принципот Влада со Влада, во вредност од 1 милијарда евра, Бежоска вели во време кога се уште постојат економски ризици мора да се внимава при задолжувањата. Важно е, според Народната банка, фокусот да се стави на соодветни извори за финансирање.

„Клучното во услови кога мешународните финансиски пазари се се уште затегнати, каматните стапки се се уште високи клучно е да се задолжуваме , се разбира прво намената мора да биде оправдана нешто што ќе го зголеми потенцијалот на државата и второ да се фокусираме на извори кои што ќе обезебедат поволни концесионални услови за финансирање на нашата економија, а меѓународните финансиски институции вообичаено обезбедуваат такви услови за финансирање, секако ако има и други такви извори треба да се зеамт во предвид,“- изјави Анита Ангелоска – Бежоска – Гувернерка на НБРМ.

Денарот е стабилен, таков и ќе остане. Од Народната банка посочуваат дека во втората половина од годината постои можност за олабавување на монетарната политика, но тоа ќе зависи повеќе фактори.

УКИМ рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот

УКИМ го делат само 10 места од последното на најдобри 2000 универзитети во светот според последната ранг листа на Центарот за рангирање на светски универзитети .

УКИМ го делат само 10 места од последното на најдобри 2000 универзитети во светот според последната ранг листа на Центарот за рангирање на светски универзитети кои најпрестижниот универзитет во земјава го позиционираа на „опашката“, односно на 1990 место. Државниот универзитет Св. Кирил и Методиј пет години е во слободен пад на листите, спуштајќи се 174 места подоле или само годинава паднал за 26 места. Поразителната состојба е очекувана според професорот и социолог Илија Ацевски кој укажува на децениски проблем на универзитетот кој се повеќе создава некомпетентни кадри...

-УКИМ е универзитет на кој што многу малку се учи, многу малку се истражува, многу малку се применува наука, а тоа значи дека неквалитетните студии на УКИМ се до тој степен доведени, се разбира не на сите групи, да практично велам, УКИМ произведува не квалитетен и некомпетентен кадар, од кој многу малку можат да се снајдат да го работат она за што се образувале,- - Илија Ацевски – Универзитетски професор.

Реформи нема да помогнат, вели ацевски, туку формирање на комисија која ќе оцени колку професорите го подготвиле студентот, бидејќи некои од нив предаваат и повеќе од 20 часа неделно

-Единствениот излез или пат од УКИМ е, едноставно е да се формира една валидна комисија која ќе ги вреднува резултатите од дипломираните студенти. Тоа ќе ги даде за многу брзо време тие резултати, а тоа значи, оние кои што ќе произведуваат неквалитетни кадри треба да им се укаже, да се затворат(катедрите), друго решение за УКИМ не постои. Едноставно, како може професор да има 25 часа неделно, може ли професор да има 25 предмети?- - Илија Ацевски – Универзитетски професор.

Што се однесува до универзитетите во соседството, Србија има четири на ранг листата, од кој Белградскиот е најдобро рангиран на 376 позиција. Бугарија има два рангирани универзитети, додека пак Грција 12. Од Хрватска на листата се најдоа 4 високообразовни инситуции.

Како и изминатите години, годинава на листата немаше место за универзитетите од Црна Гора, БиХ, Албанија и Косово..

Пиететот најдобар светски универзитет годинава го однесе Харвард, а по него следуваат МИТ и Стенфорд исто така од САД, а веднаш зад нив се британските Оксфорд и Кембриџ.

Кој е надлежен за косење на тревата пред владата?

И покрај бројните реакции во јавноста кои траат веќе една недела, сликата во дворот на Владата останува иста. Надлежните и натаму неможат да се организираат кој да ја искоси нараснатата трева.

Иако во јули минатата година Службата за општи и заеднички работи на Владата потпишала рамковна спогодба со приватна фирма за одржување и уредување на зелени површини во Владата, оттаму објаснуваат дека станува збор за простор од 200м2 околу Владиниот двор и за резиденцијални објекти и органи на државната управа. За останатиот простор, генералниот секретар на Владата Методија Димовски, за Канал 5 објаснува дека со години бил одржуван од страна на Ј.П Паркови и зеленило, без претходно склучен договор, бидејки станувало збор за јавна површина.

-Изминатите денови во неколку наврати пробавме да стапиме во контакт со Ј.П „Паркови и зеленило“, но оттаму сеуште немаме одговор зошто не е искосен дворот. Претходните 7 години тревата беше искосена од страна на претпијатието без никаков договор, бидејки дворот од Владата е јавна површина и тоа е нивна обврска. – вели - Методија Димовски - генерален секретар на Владата за Канал 5.

Со оглед на тоа што од Паркови и зеленило најавија дека деновиве ќе се искосат зелените површини низ Скопје, до претрпијатието поставивме прашање дали ќе биде искосен и Владиниот двор, но досега оттаму не добивме одговор.

Лошата слика во Владиниот двор минатата недела беше тема на расправија меѓу техничкиот премиер Талат Џафери и градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска. Тогаш Џафери кажа дека тоа е обврска на Град Скопје и дека Владата нема предвидено средства, на што Арсовска одговори дека Џафери сам треба да го уреди сопствениот двор и дека ако сакаат Паркови и зеленило да го одржуваат, треба претходно да склучат договор со претрпијатието.

притисни ентер