Чупеска: Поларизацијата во Македонија меѓу другото е ефект и на „трети“ страни

„Во сите операции се забележува присуство на трети т.н. малигни влијанија кои што ги злоупотребуваат чувствата на граѓаните кои што живеат тука за свои цели“

Резултатот од таа поларизација е меѓу другото и ефект и на „трети“ страни. Тоа не е моја анализа, туку анализи кои што доминантно произлегуваат од НАТО членките кои што се пред е врзани за безбедносни прашања затоа што кога ќе наметнете дебата во јавноста која што може да предизвика некаква тензија преку техники и не ретко се случува тие тензии да станат инстумент на политичари и политики овде но, не за наши туку за други туѓи интереси, а такви интереси гледано од геополитичката перпсектива се врзуваат пред се за нашето асоцијарање во ЕУ. Сетете се на случувањата на 27 април, какви и кои се служби беа евидентирани. Во сите операции се забележува присуство на трети т.н. малигни влијанија кои што ги злоупотребуваат чувствата на граѓаните кои што живеат тука со цел да остварат свои интереси, рече Ана Чупеска во Само Вистина.

Џорџ Клуни: Мојот син ја наследи мојата смисла за хумор, горд сум

Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал зборуваа за печатот на црвениот тепих на наградите Алби минатата недела.

Познатиот актер откри дека неговите деца ја наследиле неговата смисла за хумор.

„Александар и Ела го прават“, призна Џорџ, а Амал објасни: „Нашиот син има пристап до многу холивудски реквизити, како лажни бубашваби и глувци, па не можам да ви кажам што наоѓам под моите документи или под мојата перница. "

„Кога Александар ќе се шегува и Џорџ ќе го види тоа, тој само го гледа и му вели: „Горд сум на тебе, синко“,вели Амал. Џорџ вели дека всушност „никогаш не бил погорд“ и додаде: „Сега Александар ќе ми се јави и ќе ми каже: „Има нешто важно што треба да ти кажам, тато“, а јас ќе кажам: „Што?“ а потоа ми ја спушта слушалката“, низ смеа изјави познатиот актер. „Учи од најдобрите“, се пошегува Амал на крајот.

Познато е дека Клуни е секогаш насмеан и расположен во јавноста и подготвен да ги забавува сите околу себе. Фотографиите направени неодамна, на 81. Филмски фестивал во Венеција, се доказ за тоа.

Фотографиите на кои тој и Бред Пит лудо се забавуваат на црвениот тепих исто така ја насмеаа јавноста, а во еден момент, изгледа, дури и танцуваа и ги забавуваа сите присутни, особено фотографите кои беа зад нив.

Извор: Индекс.хр

Се оствари! Електричниот „Volkswagen ID.3“ чини исто колку и „Golf“

Продажната цена на овој компактен електричен автомобил за прв пат ќе се спушти под границата од 30.000 евра.

„Wolfsburger Nachrichten“ јавува дека електричниот „Volkswagen ID.3“ ќе биде значително поевтин.

Продажната цена на овој компактен електричен автомобил за прв пат ќе се спушти под границата од 30.000 евра.

Каталошката цена на основната „ID.3 Pure“ (батерија 52 kWh, домет 320 km) од 1 октомври ќе се намали од сегашните 36.900 на 33.330 евра.

Производителот сепак одобрува дополнителен попуст од 3.570 евра. Автомобилот затоа ќе чини 29.760 евра. Понудата треба да биде активна барем до крајот на годината.

„Нашата цел е да инспирираме што е можно повеќе клиенти да се префрлат на електричен „Volkswagen“. Атрактивните почетни цени играат важна улога во тоа“, рече Мартин Сандер, директорот за продажба на марката, за споменатиот весник.

Така, „ID.3“ ќе чини исто како и пристојно опремен „Golf“.

„Volkswagen ID.3“ беше претставен во 2019 година како електрична алтернатива на бестселерот „VW Golf“. Компанијата долго време не сакаше да се приклучи на „војната за цени (намалување) на електричните автомобили“ што ја започна Тесла и кинеската конкуренција.

Сепак, целите на Европската унија влијаеја врз деловната политика на компанијата. Од следната година, сите производители ќе треба да го намалат отпечатокот на CO2 на нивната флота.

Ако не ги исполнат целите, ќе платат огромни казни. Овој потег на „Volkswagen“ треба да се толкува токму во тој контекст.

Извор: Б92

Божиновски: Дијалог меѓу главните политички фактори за внатрешно кохезивно ткиво

„Францускиот предлог беше прифатен од претходната власт без да ја консултира опозицијата“

Интересите на големите сили се разликуваат и ќе ја поддржуваат струкурата што повеќе им одговара. За жал во Македонија некој создаде предуслови за вмешување на трети страни. Со цел да се избегне влијание на одредени надворешни фактори и да се создаде внатрешно кохезивно ткиво треба да постои дијалог меѓу главните политички фактори. На пример Францускиот предлог беше прифатен од претходната власт без да ја консултира опозицијата, граѓаните беа против. Уште тогаш се постоави прашањето дали со внесување на бугарите во уставот може да ни се гарантира дека ќе нема нови блокади, нема гаранции. Кое е решението? Треба да се преговара. Новата власт предлои измени со одложено дејство. Ние сме изгорени, овде целата ЕУ дојде тука и ветуваше дека со прифаќање на Преспанскиот договор ќе почнеме преговори, а поминаа 5 години и тоа не се случи, рече Владимир Божиновски во Само Вистина.

притисни ентер