Тепачка меѓу две групи од Штип и Кочани, здравствена помош побарале осум лица

 Тепачка меѓу две групи од Кочани и Штип се случила утринава околу 3 часот во близина на ноќен клуб во Штип. 

Осумина кои учествувале во физичката пресметка побарале здравствена помош во Клиничка болница-Штип. Петмина од повредените помошта ја побарале веднаш по пресметката, а тројца утринава.

Од Клиничка болница-Штип информираат дека се прегледани од страна на лекари на Oдделенијата за ортопедија и хирургија. Повредените се здобиле со полесни повреди и се пуштени на домашно лекување.

Од СВР-Штип потврдуваат дека работат на расчистување на случајот, кој во моментов се води како тепачка. Информиран е и јавен обвинител, а на распит се повикани неколку лица, за да се расчисти овој случај. За физичката пресметка меѓу двете групи од Кочани и Штип денеска сведочат и трагите од крв, а на полицијата и се познати учесниците во овој инцидент.

Новинар се обиде да се запали во Вашингтон поради „израелскиот геноцид во Газа“

Маж по име Самуел Мена, кој се претставил како новинар, се обидел да изврши самозапалување во близина на Белата куќа во Вашингтон, каде протестирал против израелскиот геноцид во Газа.

На видеата објавени на социјалните мрежи, се гледа дека полицијата го спречила момчето да се запали.

– Јас сум новинар. Ве молам, запрете ги лажните вести, извикал младиот човек за време на обидот да се запали.

Еден од демонстрантите се обидел да го изгасне огнот со вода, но Мена претрпел изгореници на рацете.

Сведоци тврдат дека мажот рекол дека е новинар на Си-Би-Ес и ја обвинил оваа медиумска куќа за ширење лажни вести за Газа.

Ова е четвртиот обид за самозапалување на пропалестинските протести во САД.

Најголемо внимание привлече случајот на 25-годишниот Арон Башнел, кој беше на активна должност во американското воено воздухопловство, кога на 24 февруари се самозапалил пред амбасадата на Израел во Вашингтон.

Башнел го пренесувал неговото самозапалување во живо на социјалните мрежи.

– Повеќе нема да учествувам во геноцидни злосторства – извикал Башнел пред да се полее со бензин и да се запали./MИА

Во БиХ затворени избирачките места, прелиминарните резултати се очекуваат околу полноќ

 Избирачките места во Босна и Херцеговина беа затворени во 19:00 часот, каде што граѓаните гласаа за локалните органи на власта.

Централната изборна комисија на БиХ (ЦИК) најави конференција за медиумите во 21:00 часот, на која ќе соопштат повеќе информации за одѕивот на гласачите.

До 15:00 часот, гласале 34,98 проценти од гласачите, што е на ниво на излезноста од општите избори во 2022 година, но помалку во споредба со претходните локални избори.

Избори не се одржаа во пет општини погодени од поплави - Јабланица, Коњиц, Крешево, Кисељак и Фојница. ЦИК најави дека изборите во овие општини ќе се одржат кога ќе се создадат услови, најмалку за седум, а најмногу за 30 дена.

Граѓаните на БиХ денеска избираа советници во општинските и градските совети, собранието на Дистрикт Брчко, како и начелници или градоначалници. Прелиминарните резултати се очекуваат околу полноќ./МИА

Израелска војска: Убиен командант на Хезболах во Либан

Израелската војска (ИДФ) соопшти дека во воздушен напад е убиен командант на Хезболах во јужното либанско село Кафр Кила, кој се сметал за одговорен за смртоносниот напад со противтенковска ракета во јануари.

„Хачер Али Тавил е одговорен за нападот во кој беа убиени Барак Ајалон (45) и неговата мајка Мири Ајалон (76), кога противтенковска ракета погоди нивната куќа во Кфар Јувал, на северот од Израел“, се додава во соопштението./MИА

притисни ентер