Тен Хаг: Победата над Астон вила многу ни значи

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг како многу важна ја оцени победата на неговиот тим вчеравечер на гости против Астон вила.

Јунајтед славеше со 2:1 во натпревар од 24. коло на Премиер лигата.

- Ова е голема победа за нас. Ја постигнавме нашата цел и ми се допадна начинот на кој го направивме тоа. Посебно би ги истакнал првите 20 минути кога ја контролиравме играта. Натпреварот беше со голем интензитет, па фудбалерите почнаа да се заморуваат кон крајот. До самиот крај не беше јасно - се можеше да заврши во корист на која било екипа, но успеавме да победиме благодарение на нашиот карактер. И мислам дека и замените имаа влијание, истакна Тен Хаг за клупскиот сајт.

Манчестер јунајтед кој во Бирмингем ја запиша четвртата последователна победа во сите натпреварувања се наоѓа на 6. место во Премиер лигата со 41 бод, додека Астон вила е место погоре со 46 бода.

Лидер е Ливерпул со 54 бода пред Манчестер сити и Арсенал кои собраа по 52.

Газа: За четири дена борби околу Кан Јунис раселени 180.000 луѓе

 Повеќе од 180.000 луѓе се раселени за четири дена колку што траат борбите околу Кан Јунис, град во јужниот дел на Појасот Газа, соопштија Обединетите нации по израелската операција за извлекување на телата на заробениците.

„Околу 182.000 Палестинци беа принудени да го напуштат централниот и источниот дел на Кан Јунис од понеделникот бидејќи интензивирањето на непријателствата поттикна нови бранови на внатрешно раселување низ Газа“, соопшти Канцеларијата за хуманитарни прашања во Газа, додавајќи дека „стотици други останале без можност да се преселат некаде во источниот Кан Јунис“.

Израелската војска соопшти дека „елиминирала околу 100 терористи“ во Кан Јунис во последните четири дена.

Таа, исто така, објави дека пронашла тела на петмина Израелци во Кан Јунис, вклучително и двајца војници и двајца резервисти кои беа убиени во нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври и одведени во Појасот Газа.

Повторно пожар на депонијата „Мауцкер“ кај Охрид

 Екипи на Територијалната противпожарна служба од Охрид ноќеска повторно беа излезени на терен и гасеа пожар на депонијата Мауцкер, што се наоѓа на самиот влез во градот.

Пожарот се уште не е целосно изгаснат, а над депонијата се уште може да се забележи чад.

Слична интервенција пожарникарите од Охрид имаа и пред десетина дена, кога исто така гореше отпад на депонијата.

Како што посочуваат од ТТПЕ Охрид, причина за избувнувањето на пожарот е човечки фактор, а гаснењето тешко се одвива оттаму што се работи за опожарен материјал што мошне тешко се гаси со вода, односно потребна е интервенција со механизација за затрупување на опожарените делови од ѓубрето.

Баерн понуди 20 милиони евра за Та

 Баерн Минхен испрати втора понуда до Баер Леверкузен за дефанзивецот Џонатан Та, пренесува „Кикер“.

Според германскиот весник, клубот од Минхен е подготвен да плати 20 милиони евра за 28-годишниот Германец. Може да се платат и дополнителни пет милиони евра во форма на бонуси.

Актуелниот договор на играчот со Леверкузен е на уште една година, а тој не планира да го продолжи договорот со надеж дека ќе замине во Баерн.

Во сезоната 2023/24, Та настапи на 48 натпревари во сите натпреварувања, постигна шест голови и една асистенција.

притисни ентер