Тедрос: Можна е појава на поопасна варијанта коронавирус од делта

Светот иако веќе седум месеци ја има вакцината заради лошата распредлба само помеѓу богатите земји не успева да справи со пандемијата. 

Ова како клучна порака од говорницата на меѓународниот олимписки комитет одржана во Токио кој заседава пред почетокот на олимпијадата го истакна првиот човек на СЗО –Гебрејсус. Тој во своето застрашувачко предупредување наведе дека само додека гори олипискиот гори проценките се дека животот од корона вирусот ќе го загуабат нови 100 илјади луѓе на светско ниво.

Тој упати порака дека главна цел сега е до крајот на летото да се постигне барем 10% од луѓето во сите земји да примат по една доза, до нова година да бидат 40% а до средината на 2022 година да се дојде до 70% на луѓе што примиле една доза во сите земји. Според него „застрашувачка неправда“,е тоа што дури 75% од од дозите вакцини на глобално ниво се застапени само во 10 земји.

„Колку е пораспространет, толку повеќе варијанти ќе се појават, со потенцијал да станат уште поопасни од варијантата Делта, која прави толку многу штета во моментов. И колку повеќе варијанти има, толку е поголема можноста некои од нив да бидат отпорни и на вакцините, и сите ќе се вратиме на почетокот и да треба да почнеме од нула. Никој не е безбеден ако не се сите безбедни Тедрос Аданом Гебрејсус.

Пандемијата е тест со кој светот уште не се справил додаде тој со надеж дека на глобално ниво следната година треба да се произведат 11 милијарди дози на вакцини со чија правилна рспределба би се ставило крај на пандемијата. Се додека не се омасови вакцинацијата експертите препорачуваат дека само ќе се редат грчките букви на соевите.

Во светот веќе во 124 земји е регистриран делта сојот кој предизвика половина од Австралија повторно да се вратат во целосен карантини и да не излегуваат од своите домови следните 7 дена. Слична е состојбата и во Белгија каде брги се шири делта сојот а во Франција се забележани 150% пораст на заразените само во последната неела како резултат на ширењето на делта сојот. Во Тексас веќе регистрирале дека се појавил кај нив ламбда сојот кој е прв пат регистриран лани во Перу..

ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК да покрене постапка против Битиќи

ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него, им сугерира и број на гласачко ливче.

По објавениот документ од кој се гледа како Битиќи бара од компании да го поддржат затоа што им исплаќал државна помош тој требаше да се повлече од политиката.

Фактот што Битиќи не само што не се повлече, туку и не се извини, говори како СДС и ДУИ ја заробија државата и како 100тина функционери управуваат со државата како да е нивен личен имот.

ДКСК не смее да чека, да отвори случај и да се отвори постапка и пред другите институции.

Злоупотребите на институциите мора да запрат. По 8ми мај ќе се стави крај ма ваквите практики, а таквите како Битиќи ќе се соочат со одговорност.

Време е да ја вратиме државата на народот. Македонија повторно твоја,се наведува во партиското соопштение.

Пендаровски со порака по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака:

„Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество.

Квалитетните, професионални и независни новинари, коишто ја сфаќаат сериозноста и тежината на креирање на јавното мислење, можат да претставуваат силен глас на јавноста.

Затоа мора да продолжиме да вложуваме во воспоставувањето стандарди со кои медиумите ќе можат слободно и независно да работат и да се развиваат. Да градиме атмосфера во која медиумските работници ќе се чувствуваат безбедно и заштитено. Да имаме доблест да ја прифатиме критиката и да ја поддржиме слободата на изразувањето. Само така ќе имаме моќни и силни медиуми и новинари коишто ќе бидат објективни во известувањето и ќе ѝ служат на јавноста, а не на политичките елити и на изворите на финансирање.

На сите медиумски работници им го честитам Светскиот ден на слобода на медиумите.“, соопштуваат од неговиот кабинет.

СДСМ: На 8 ми мај граѓаните масовно да излезат на изборите, се одлучува за иднината на државата

Граѓаните треба масовно да излезат на изборите на 8-ми мај и да гласаат. Се одлучува за иднината на државата.

Прашањето е каква држава сакаме да изградиме?

Дали ќе следи уште една лоша реприза од тоталитарното владеење на Груевски и неговата криминална екипа, или заедно со СДСМ ќе имаме слободна, просперитетна и европска иднина.

Изборот е во рацете на граѓаните но тоа може да има сериозни негативни последици кон иднината на Македонија.

СДСМ ги повикува сите граѓани, да излезат на гласање во среда, да го заокружат бројот 1 и да гласаат ЗА, за европска иднина, за европски стандарди и вредности, за држава во која децата ќе сакаат да останат, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер