ТАРТ КОЛАЧИ ВО ФОРМА НА СРЦЕ

Рецепт на Кристина Ангеловска Димовска.

Потребни состојки: 250 гр. брашно тип 400, 1 јајце, 100 гр. шеќер, 120 гр. путер, ½ лажичка пециво, ½ лажичка ванила, малку црвена прехранбена боја и ванила крем по потреба.

Постапка:

Во подлабок сад со брашно се додаваат: шеќер, пециво, ванила и омекнат путер.

Се замесува тесто, се додава 1 јајце и се продолжува со месењето.

Доколку има потреба се додава малку млеко.

Откако ќе се добие хомогена смеса се става во стреч фолија, а потоа во фрижидер да отстои околу 30 минути.

Тестото се дели на два дела, едниот останува бел а другиот е обоен црвен со прехранбена боја.

Од белото тесто се расукува кора со дебелина од 5 мм. до 1 см.

Од кората со помош на калап се добиваат „срциња“.

Истата постапка се повторува и со тестото со црвена боја.

Колачите се редат на плех со хартија за печење и се печат во загреана рерна околу 15 минути на 150 степени.

Откако колачите ќе се испечат и изладат се филуваат со ванила крем.

Зеленски во обраќањето по повод Велигден, ги повика Украинците да се обединат во молитвите

„Да се ​​молиме еден за друг. Кога сите се зближивме еден до друг, престанавме да бидеме туѓи еден на друг“, рече Зеленски во обраќање на социјалната мрежа Телеграм.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска во обраќањето по повод Велигден, ги повика своите сонародници да се обединат во молитвите и да се молат еден за друг и за војниците на линијата на фронтот, велејќи дека Бог - кој го има „украинското знаме на рамениците“ - ќе направи животот да ја победи смртта.

„Да се ​​молиме еден за друг. Кога сите се зближивме еден до друг, престанавме да бидеме туѓи еден на друг“, рече Зеленски во обраќање на социјалната мрежа Телеграм.

Стоејќи пред црквата „Света Софија“ во Киев, Зеленски истакна дека неговата земја веќе 802 дена се бори за победа против Русија.

Силјановска Давкова: За христијаните нема поголем празник од Велигден

Нема за христијаните поголем празник, изјави денеска кандидатката за претседател на државата, Гордана Силјановска Давкова, честитајќи го Велигден пред Соборниот храм во Скопје.

- Како се чувствувам? Како и секој од вас. Што би рекол епископот, како возљубена родољупка. Црквата е домот. Патот ни го покажува Христос. Тоа е патот на љубов, на добрина, на почит, мислам дека треба да го следиме. Јас сум решила тоа да го правам и ќе продолжам, рече таа.

Според Силјановска Давкова, собирањето е најважниот чин во христијанството, а Црквата е не само главата и телото Христово и нема поубав ден од овој, кога се поздравуваме со „Христос воскресна - навистина воскресе“.

Владејачката партија на претседателот на Того убедливо победи на парламентарните избори

Владејачката партија во Того убедливо победи на парламентарните избори во земјата, освојувајќи 108 од 113 места во Парламентот, јавија светските агенции, повикувајќи се на конечните неофицијални резултати од гласањето во оваа африканска земја.

Според агенциите, огромната супериорност на партијата Сојуз за Републиката на претседателот Фор Гнасингбе дојде откако претходниот парламентарен состав одобри уставна реформа со која се смени формата на државното управување од претседателска на парламентарна.

На тој начин, наведуваат агенциите, Гнасингбе, кој владее 19 години, може да остане на власт, потсетувајќи дека опозициските партии кои ги бојкотираа претходните избори се надеваа на повеќе места во Парламентот.

притисни ентер