Таравари: Траба да се направат критериуми за вработување на 300 специјализанти

Траба да се направат критериуми за вработување на 300 специјализанти до крајот на годината, се бара решение и за средно медицинскиот кадар.

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска има средба со претставници на специјализантите кои ќе бараат одговори од него како ќе се спроведе планот на Владата за нивно вработување. Таравари утрово беше во посета на Детската клиника и притоа изјави дека негов приоритет било да најде решение за специјализантите и оти оваа година од вкупно 647 ќе бидат вработени 300, но за тоа ќе треба да бидат воспоставени критериуми.

-Јас сум многу среќен што успеав првиот месец да изнајдеме решение. По информација на Министерството тоа помина во Влада, од вкупно 647 специјализанти 300 ќе бидат вработени оваа година. Сега треба да поставиме критериуми и потоа да побараме кај има интерес во јавните здравствени установи и 300 други ќе останат за идната година. Во меѓувреме, следната моја заложба ќе биде да видиме и овие коишто подолг период, посебно, среден медицински персонал кои подолг период работат и немаат решение за работа да најдеме и за нив решение за до крајот на годината и тие да бидат редовно вработени, рече Таравари.

Според него, за тие вработувања нема да се чека новиот Буџет. - Нема да се чека новиот буџет. Ќе се обидеме во склоп на овој буџет да успееме да го менаџираме тоа. Меѓутоа, ни треба време да се синхронизираме и со другите министри. Јас сум оптимист дека и оваа работа како и со специјализантите, како и со позитивната листа ќе ја завршиме, рече министерот за здравство.

За лекарите што чекаат шестмесечна задолжителна пракса вели дека се уште не се видел со нив и дека немало барање за средба со нив.

Таравари, одговарајќи на новинарско прашање, кажа дека и денеска не се сретнал со медицинската сестра за која се тврдеше дека повредила бебе на Клиниката. Медицинската сестра не била на работа, но се видел со Комисијата, но не се согласи со тврдењата дека медицинската сестра е „оцрнета“. Од сознанијата што ги има поредата не настанала намерно.

– Ова е трет пат што доаѓам на Клиниката за педијатрија откако се случи тој случај. Прво, дојдов тука па после отидов во домот на детето. Втор пат дојдов, денеска е трет пат и сакав да ја видам повторно, таа не беше присутна на работа. Меѓутоа, добро е што се видов со Комисијата која што беше определена од колективот и од директорот. Земав информации и повторно ќе има обид од мене да се видам и со пациенти коишто се жалат и со медицински работници коишто некогаш можеби се под притисок. Верувајте и на отворена линија кога ќе ми се јават јас одам и ги посетувам пациентите и ќе продолжам, а не јавно допрен глас, секогаш јас вработен во здравството, еден од здравствените работници, знам какви незгодни случаеви може да поминеме, меѓутоа секогаш треба да сфатиме и да разбереме дека во центарот на здравствениот систем и најбитниот елемент на здравствениот систем е пациентот и граѓанинот и секогаш тие треба да имаат приоритет. А дека сме оцрниле не е вистина. Ние отидовме кај нив. Јас и таа вечер кажав дека не би сакал да предрасудува, треба да ја слушнам и другата страна. Јас се надевам дека сестрата кога ќе дојдам четврти пат на педијатрија ќе ја видам или ќе ја сретнам и ќе разговарам и со неа. Меѓутоа, сега имам доволни информации и гледам дека можеби и најверојатно според тоа што го кажуваат и дежурните доктори и болничарката и сестрата која што била заедно во дежурство дека не е намерно и јас посакувам и се надевам дека е така, рече Таравари.

Министерот за здравство Таравари кажа и дека ќе се обиде да најде решение за проблемот со немање лекар во Дојран.

За тоа дали поранешниот економски директор на Клиниката ќе ги врати парите што му биле исплаќани за плати по коефицинет како лекар, директорот на Клиниката Реџеп Мемеди рече дека

за сите правни прашања кои не се случиле во неговиот мандат се занимава правниот застапник, адвокатот и за тоа рече дека новинарите информации може да побараат од правниот застапник. За тоа во

која функција е поранешниот економски директор во неговата канцеларија, кој бил негов братучед, Мемеди рече дека „доаѓаат луѓе на посета, ми честитаат и тука нема никаква функција“.

Тој денеска присуствуваше на промоција на нов дел на невролошки амбуланти на Клиниката за педијатрија.

Во еден ден му извадиле 20 заби и му вградиле 12 импланти- се вратил дома и починал

Жителка на кинескиот град Јонгканг, неодамна поднела жалба до Општинското здравствено биро, а по смртта на нејзиниот татко.

Г-ѓа Шу наведува дека на несреќниот човек во еден ден во локалната стоматолошка клиника му биле извадени 20 заби и вградени 12 импланти. Таа тврди дека тоа ја предизвикало неговата прерана смрт 13 дена подоцна.

Ќерката тврди дека таткото во последните денови од животот претрпел „страшни болки“, пред да доживее срцев удар на 28 август, пренесува Oddity Central.

Таа бара одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата.

Според писмената согласност на пациентот, на мажот му биле извадени природните заби, по што на вилицата му биле дупнати 12 дупки за импланти.

Претставникот на клиниката, каде што била извршена процедурата, објаснува дека бројот на заби кои може да се вадат одеднаш го одредува лекарот, врз основа на општата состојба на пациентот.

Не постои специфична регулатива, а клиниката и лекарот мора да ја имаат предвид толеранцијата на болката на пациентот и ризикот од инфекција.

„Колку повеќе заби отстранувате, толку повеќе пациентот реагира на болка и поголема е веројатноста за постоперативна инфекција“, рече Ксијанг Гуолин, директор на Центарот за орална медицина во Вухан.

Истрагата е во тек, но претставник на Општинското биро за здравство изјави дека „докажувањето на вината може да биде тешко“, со оглед на тоа што смртта настапила 13 дена по постапката.

Ужас во Франција: Маж си ја убил сопругата и двете мали деца, на една и 5- годишна возраст

Во Морман, во Сена-ет-Марн, во областа Ил-д-Франс, е уапсен човек кој рекол дека штотуку го убил „своето семејство“.

Околу 06:00 часот во Мормант, полицаец кој не бил на должност, кој одел на работа, видел маж вооружен со нож како напаѓа друг минувач на улицата, објави ТВ БФМ.

Пешакот е повреден во раката, а другиот во вратот, „и двајцата без значителни последици“, изјави обвинителот Жан Мишел Бурле.

Полицаецот успеал да го стави под контрола и да го уапси.

Потоа рече дека штотуку го убил „своето семејство“, сопругата и двете деца на една и петгодишна возраст.

Осомничениот нема криминално досие, туку „психијатриска историја“, додаде обвинителот.

Тој во моментов е хоспитализиран за да се утврди дали е способен да биде во притвор.Отворена е истрага за убиство со умисла, соопшти обвинителот.

Во Франција во просек се случува фемицид на секои три дена.

Во 2023 година, родителите убиле повеќе од 60 деца, според Voa d-lanfan, здружение кое брои убиства врз основа на случаи објавени во медиумите.

„Операција саксија“ е во тек во Амстердам, жителите во тешка меѓусебна кавга

Властите во холандската престолнина Амстердам ја почнаа „операција саксии“, бидејќи, како што истакнаа, прекумерното поставување саксии околу зградите го загрозува пристапот до објектите.

Жителите со вознемиреност реагираа на плановите на властите во Амстердам да ги отстранат, според нив, непромислено поставените саксии, објави Гардијан.

Во пристапот што локалните медиуми го нарекоа „операција саксии“, централниот кварт на холандската престолнина ги ограничува жителите да постават два саксии со дијаметар од 50 сантиметри, направени од „одржлив“ материјал и поставени на предниот ѕид на зградата.

Ќе се отстранат цели „градини“ со саксии на паркинзи и под дрвја, се вели во меморандумот на градските власти.

На состанокот на градскиот совет во вторникот, претседателката на Централниот извршен комитет на Амстердам, Амели Стренс, рече дека напуштените саксии со цвеќиња се непривлечни, лоши за биолошката разновидност и ги прават објектите помалку достапни за оние кои користат помагала за мобилност и инвалидски колички.

Некои жители на Амстердам се задоволни што градот реагира на загриженоста на луѓето за преполните тротоари, додека други посочуваат дека напуштените или паркирани велосипеди и тераси во баровите зафаќаат голем дел од јавните површини, како и отпадот, наведувајќи дека преголем број туристи го посетуваат градот.

притисни ентер