Се разбира, станува збор за Кина, чија автоиндустрија има драстичен напредок за само неколку години, етаблирајќи се како главен играч во имплементацијата на електрични погони во автомобилите. Понудата никогаш не била побогата и поконкурентна, а бројни кинески модели веќе почнаа да ги освојуваат странските пазари, вклучително и европските.
Дури и сега кога западниот свет бележи пад на интересот за електрични возила, продажбата на кинескиот пазар расте. Според најновиот извештај, Кина стана првата земја во светот каде за еден месец се продадени повеќе од еден милион електрични возила. Рекордот е постигнат во август, кога се бележи раст на продажбата од 33 отсто во однос на истиот месец лани. Уште еднаш да напоменеме дека Европа истиот период го заврши со минус од 4 проценти.
Според податоците на Rho Motion, глобалната побарувачка за електрични возила достигна 9,8 милиони електрични возила со раст од 20 проценти во август. Константен раст бележат и САД и Канада, додека Европа е во пад.
Ако се вратиме на Кина, вреди да се каже дека месечната продажба во август достигна 1,92 милиони возила, што е сепак пад од 1,1 отсто во однос на ланскиот август.
Ројтерс нагласува дека на кинескиот пазар се доделува бонус од речиси 2.800 американски долари за сите оние кои ќе го променат својот автомобил со конвенционален погон за нов електричен или plug-in хибрид. Интересно е што поттикот од 2.100 долари ќе им биде даден и на оние клиенти кои го заменуваат својот стар автомобил за нов модел со мотор со помала зафатнина. Резултатот е раст на продажбата на plug-in хибриди и електрични возила од дури 43,2 отсто.