СЗО: Откривањето на потеклото на Ковид-19 е морален и научен императив

Откривањето на потеклото на Ковид-19 е морален и научен императив и сите хипотези мора да се истражат, изјави генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус. 

Тој на Твитер напиша дека разбирањето на потеклото на Ковид-19 е научен императив, бидејќи ќе помогне да се спречат нови избувнувања, но и морален императив бидејќи милиони луѓе кои ги загубија животите.

Тедрос ја објави оваа објава по повод одбележувањето на три години откако СЗО првпат го употреби зборот пандемија за глобалната епидемија на Ковид-19.

Во 2021 година, тим предводен од СЗО помина со недели во и околу Вухан, Кина, каде беа пријавени првите случаи на човечка инфекција со коронавирусот. Во заедничкиот извештај се вели дека вирусот најверојатно бил пренесен од лилјаци на луѓе преку друго животно, но дека е потребно дополнително истражување.

Кина, сепак, соопшти дека не се потребни дополнителни посети.

СЗО оттогаш формираше научна советодавна група за опасни патогени, но се уште не се донесени заклучоци за тоа како започна пандемијата, бидејќи се вели дека недостасуваат клучни податоци.

Мик Џегер на концерт во Лујзијана го прозва гувернерот за инклузија- експресно му одговори

Англискиот пејач Мик Џегер (80) накратко зачекори во политиката на американската сојузна држава Луизијана, упатувајќи вербален „удар“ до конзервативниот гувернер на државата.

Англискиот пејач Мик Џегер (80) накратко зачекори во политиката на американската сојузна држава Луизијана, упатувајќи вербален „удар“ до конзервативниот гувернер на државата, додека „Ролинг Стоунс“ настапувале на фестивал во Њу Орлеанс, пренесува АП.

Бендот ја заврши песната „You Can't Always Get What You Want“ за време на настапот во четвртокот вечерта, кога Џегер почна да зборува за инклузија, објави Асошиејтед прес, цитирајќи медиумски извештаи од Њу Орлеанс.

„Сакаме да го вклучиме и него. Дури и ако сака да нѐ врати во каменото доба“, рече Џегер за гувернерот Џеф Ландри.

Лендри (53) е републиканец поддржан од Доналд Трамп, поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат, а откако беше повикан, тој му одговори на Џегер:

„Не можеш секогаш да го добиеш она што го сакаш. Единствената личност која веројатно може да се сети на каменото доба е Мик Џегер. Те сакам пријателе, секогаш си добредојден во Луизијана!“.

Велигденска порака на Арихепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан

Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење...

Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога, се вели во посланието на Архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан.

Костадиновска Стојчевска од Пустец: Хероите како Гоце Делчев се нашиот патоказ кон Европа

Хероите како Гоце Делчев и нивните идеали за слобода и рамноправност се нашиот патоказ кон Европа.

Денеска, на денот на неговата херојска смрт, во Пустец ја откривме бистата на македонскиот револуционер и учител, Гоце Делчев. Таа ќе биде вечен потсетник за значењето на искрената борба во име на високите цели за напредна и независна држава.

Заедно со нашите сограѓани Македонци му оддадовме почит на еден од најсветлите ликови во нашата историја, идеолог и борец за слободна македонска држава. На дело покажуваме како заедно, од двете страни на границата, се грижиме за македонската историја и култура, и ги афирмираме македонскиот јазик и идентитет.

Зборовите на Гоце Делчев и неговата визија дека го разбира светот како поле за културен натпревар меѓу народите никогаш нема да исчезнат од нашата колективна меморија и од нашето настојување да создадеме сигурна, просперитетна и заедничка иднина.

Ние никогаш не сме се откажале ниту ќе се откажеме од делото и визијата на македонските револуционери, на оние кои биле на вистинската страна на историјата и денес наша обврска е да останеме на нивната страна.

Да живее споменот на Гоце Делчев!, објави на ФБ министерката за култура, Бисера Костадиновска- Стојчевска.

притисни ентер