Украина објави снимка од купишта уништени руски тенкови: Пат до пеколот (ВИДЕО)

Украина објави видео на кое се гледаат 42 уништени руски тенкови и оклопни возила во источен Доњецк.

Таму се водат жестоки борби, пишува Newsweek.

Снимката од воздух ја објави украинското Министерство за одбрана. Видеото е снимено од 58 моторизирана бригада. „Патот до пеколот. Десетици руски тенкови и борбени возила се уништени на мал дел од линијата на фронтот во регионот на Доњецк“, соопшти Министерството.

Не е јасно кога точно е направена снимката. „Њузвик“ контактирал и со руското Министерство за одбрана, но немало никаков одговор.

Холандската платформа Орикс, која од самиот почеток ги следи воените загуби, тврди дека Русија изгубила 2.948 тенкови од почетокот на конфликтот. Исто така, Орикс има визуелна потврда за загубата на 797 украински тенкови.

Во Охрид почина деветмесечно бебе: Било донесено во неконтактибилна состојба

Деветмесечно бебе почина во општата болница во Охрид.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски информира дека случајот е пријавен во полиција вчера во 08:10 часот. Бебето претходно со итна медицинска помош било донесено во неконтактибилна состојба, вели Димоски.

Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвиниел телото е дадено на обдукција.

Ова е втора трагедија во Охрид последните неколку дена... Во вторникот во специјализираната болница „Свети Еразмо“ почина и седуммесечно бебе од Вевчани, кое било донесено со хематом на главата и потврдено мозочно крварење, по пад од импровизиран кревет во домот на семејството.

Со кабинетот на претседателката на Македонија ќе раководат Божинов и Момировски

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова за генерален секретар на својот кабинет го именувала Ѓорѓи Божинов, правник кој работел во министерството за земјоделство, а за негов заменик новинарот Горан Момировски.

Од функциите се разрешени генералниот секретар Миле Бошњаковски и неговите заменици Билјана Радева и Тоше Зафиров, кои беа ангажирани во мандатот на доскорешниот претседател стево Пендаровски.

Од кабинетот на претедателката соопштија дека генералниот секретар Ѓорги Божинов е дипломиран правник со речиси тридецениско работно искуство во областа на правото во земјоделскиот сектор, процесите на јавни набавки, програмите за финансиска поддршка, како и примена и хармонизација на легислативата на Европската Унија во овие области.

Момировски пак, е долгогодишен новинар, соработник на Сиљановска во нејзината претседателскa кампањa за изборите во 2019 година.

Фонсека подготвен да стане нов тренер на Милан

Тренерот на Лил, Пауло Фонсека се согласи да го води Милан од следната сезона, објави новинарот Николо Шира на Икс.

Италијанскиот клуб е подготвен да потпише договор со 51-годишниот Португалец до 2026 година.

Конечната одлука ќе биде донесена следната недела.

Фонсека е во Лил од 2022 година. Под негово водство тимот оваа сезона постигна 58 бодови и пред одигрување на последното коло се наоѓа на 3. место во поредокот. /МИА

притисни ентер